Германскиот министер за земјоделство Оздемир во Скопје, на средба со Николовски и на првиот академски час на ФЗНХ


Германскиот сојузен министер за земјоделство и храна, Џем Оздемир кој е во посета на Северна Македонија, денеска ќе има билатерална средба со својот домаќин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

По средбата која, како што е најавено, ќе се одржи во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Оздемир и Николовски ќе заминат на Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) каде ќе се обратат на првиот академски час. 

Николовски и Оздемир ќе учествуваат и на средбата со деканите и продеканите од Асоцијацијата на факултетите за земјоделските науки од Југоисточна Европа, со која заседава ФЗНХ.