Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно


До сабота ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен претежно јужен ветер, информира УХМР. Топло ќе биде во петок и во сабота, а утре попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во недела ќе настапи поголема промена кога под влијание на влажен …

Утре попладне локален пороен дожд и грмежи, во петок и сабота сончево, во недела повторно нестабилно Read More »

Само 28 отсто од жените се јавуваат на скрининг за гинеколошки карциноми, недостига здравствена култура и во урбаните центри


Во реалноста постојат гинеколошки скрининг програми што одамна се етаблирани на хартија, но опфатот на пациентките со нив е многу мал, односно само 28 отсто од жените се јавиле на превентивните прегледи. Одѕивот е минимален во руралните средини, но и во најурбаните центри недостига здравствена едукација и култура, истакнуваат од Македонската асоцијација на гинеколози и …

Само 28 отсто од жените се јавуваат на скрининг за гинеколошки карциноми, недостига здравствена култура и во урбаните центри Read More »

Проекција на „Кој тоа таму пее“ во Кинотеката и разговор со Слободан Шијан


Култниот филм „Кој тоа таму пее“ на режисерот Слободан Шијан ќе биде прикажан вечерва во 20 часот во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката. Проекцијата е во рамките на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, а со Шијан ќе разговара Александар Прокопиев, писател и уметнички директор на фестивалот. Филмот снимен во 1980 година и кој бажи …

Проекција на „Кој тоа таму пее“ во Кинотеката и разговор со Слободан Шијан Read More »

Кевин Костнер блиску до мирна спогодба по разводот


Лос Анџелес – Мачниот, горок и според многумина – „малициозен“ развод на Кевин Костнер и Кристин Баумгартнер, се чини, е блиску до мирна завршница. Според гласноговорникот на глумецот, двојката се смирила. – Кевин и Кристин Костнер дојдоа до пријателски и заеднички договор за решавање на сите прашања поврзани со нивната разводна постапка, изјави неговиот претставник …

Кевин Костнер блиску до мирна спогодба по разводот Read More »

Мелони: Нема да дозволам Италија да стане „европски бегалски камп“


Рим – Италијанскaтa премиерка Џорџa Мелони изјави во Њујорк дека нема да дозволи Италија да стане „европски бегалски камп“. Мелони, која присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации, рече дека зголемениот прилив на мигранти на островот Лампедуза ја стави Италија под „неодржлив притисок“. Мелони ги отфрли критиките за меморандумот за разбирање што ЕУ го потпиша со …

Мелони: Нема да дозволам Италија да стане „европски бегалски камп“ Read More »

Проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ во Шибеник


Во мултимедијалната сала на Градската библиотека „Јурај Шижгориќ“ во Шибеник вечер ќе се одржи проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ (1967). Главните улоги ги толкуваат Рената Фрајскорн и Стево Жигон, а режијата е на Димитрие Османли. Овој проект е во организација на здружението Хрватско-македонска тангента. На гостите, како што е најавено, ќе им се обратат …

Проекција на македонскиот игран филм „Мементо“ во Шибеник Read More »

Возилата на БРАКО на саем во Бирмингем – закажани голем број презентации во повеќе британски општини


Софистицираните возила за чистење надворешни површини од брендот Грин Машинс, кои се произведуваат во фабриката на БРАКО во Велес беа изложени на Саемот за управување со ресурси и со отпад, кој се одржа во Бирмингем во Велика Британија (Resource & Waste Мanagement Еxpo – RWME).  „Брако и Грин Машинс се традиционално дел од оваа светски позната манифестација. Оваа година ги претставивме …

Возилата на БРАКО на саем во Бирмингем – закажани голем број презентации во повеќе британски општини Read More »

„Добредојде во семејството Риот Роуз“ : Ријана го покажа и вториот, новороден син


Лос Анџелес – Добредојдовте во семејството, бебе Риот Роуз! Првите слики од новото четиричлено семејство на Ријана и A$AP Роки беа објавени на 19 септември, а најмладиот син надвојката веќе го краде шоуто. Фотографиите се направени од познатиот фотограф Мајлс Дигс (исто така познат како DIGGZY), кој славно ја дебитираше со првата бременост на Ријана …

„Добредојде во семејството Риот Роуз“ : Ријана го покажа и вториот, новороден син Read More »

Драго Јанчар: Нашето пишување понекогаш му помага на читателот да ги разбере страста, тагата, радоста и заблудата


Ние му пркосиме на историското време и ја исмеваме човечката комедија или сочувствуваме со човечката трагедија, но истовремено знаеме дека не можеме да промениме нешто суштинско. А сепак, продолжуваме да пишуваме, бидејќи така сака нашата желба за опишување. И понекогаш му помага на некој читател, нема да речам да живее, туку да ги разбере човечката …

Драго Јанчар: Нашето пишување понекогаш му помага на читателот да ги разбере страста, тагата, радоста и заблудата Read More »

Драги


Му направи најголем споменик на Шекспир во Македонија, ама и свој. На неверојатни 1.654 страници, тврд повез, во издание на „Каприкорнус“, а во негов препев излегоа од печат сите 37 драми и 154 сонети на Вилијам Шекспир.  Линк до целиот текст тука

Синдикат на вработените: Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон Филхармонија


„Разочарани сме, но не и изненадени од одлуката за разрешување на директорката и Управниот одбор на нашата институција, Македонска филхармонија. Свесни сме дека причините за разрешувањето коишто Министерството за култура ги наведе во јавноста не ја рефлектираат вистината, а одлуката се должи на тоа што директораката Тина Иванова и членовите на УО застанаа зад сите нас, вработените во Македонска филхармонија кои бевме против штетната и нетранспарентна одлука за вдомување …

Синдикат на вработените: Директори се менуваат, но не треба да се менува односот на државата кон Филхармонија Read More »

„Со љубов за Скопје“- роденденска забава со Александар и Дац на покривот на ГТЦ


Дац и Александар конечно ја исполнуваат големата желба на фановите која потекнува уште од времето на пандемијата, односно да направат една голема забава на која што може да дојдат сите. Повод е роденденот кој го слави нашето музичко дуо, четврта година по ред. Забавата е насловена како “СО ЉУБОВ ЗА СКОПЈЕ” – подарок од Дац …

„Со љубов за Скопје“- роденденска забава со Александар и Дац на покривот на ГТЦ Read More »

Дарија Вербови се враќа со кампања за „Гучи“- накитот никогаш не бил посекси


Лос Анџелес – „Гучи“ штотуку ја претстави својата најнова линија на накит, наречена колекција Marina Chain. За да го прослави лансирањето, италијанската луксузна куќа се здружи со познатиот фотограф Дејвид Симс за кампања инспирирана од морето во која глуми Дарија Вербови. Како прва колекција накит на креативниот директор Сабато Де Сарно за куќата, нејзината трогатеност …

Дарија Вербови се враќа со кампања за „Гучи“- накитот никогаш не бил посекси Read More »

Кети Пери го продаде музичкиот каталог за 225 милиони долари


Лос Анџелес- Во понеделникот, Litmus Music објави дека поп-ѕвездата го продаде својот каталог за 225 милиони долари, според Variety и Billboard. Договорот ги вклучува уделите на Пери во главните снимки и правата за издавање на нејзините пет студиски албуми издадени под Capitol Records:  „One of the Boys“, „Teenage Dream“ и „Prism“,  „Witness“ и „Smile“. Тие …

Кети Пери го продаде музичкиот каталог за 225 милиони долари Read More »

Министерството за култура повторува, сите обврски на Агенцијата за филм ќе бидат сервисирани


Во интерес на транспарентно информирање, Министерството за култура повторува дека кратење на буџетот за филм нема да има.  Со оглед на новото соопштение на Агенцијата за филм, информираме дека, сите обврски кои Агенцијата ги има преземено кон своите корисници, ќе бидат навремено сервисирани, согласно динамиката и месечните планови.

Британскиот „Вог“ со нов уредник: „Таа е Бруклин, а не Менхетен“


Лондон- Кога Едвард Енинфул во средината на јули објави дека ќе се повлече од функцијата главен уредник на британскиот Вог на почетокот на 2024 година, модниот свет почна со нетрпение да го чека новото име што ќе ја заземе таа престижна позиција. Иако Вог тоа го негираше, сосема е јасно дека раздорот што се случи …

Британскиот „Вог“ со нов уредник: „Таа е Бруклин, а не Менхетен“ Read More »

Украдена облека на „Балман“ пред ревијата на Париската модна недела


Париз- Француската модна куќа „Балман“ изгубила десетици парчиња облека што требаше да бидат претставени на Париската модна недела подоцна овој месец, откако камионот со кој биле превезувани бил киднапиран, изјави нејзиниот креативен директор Оливие Рустенг. Тој на Инстаграм напиша дека камионот со 50-ина парчиња од новата колекција на „Балман“ бил украден додека се движел од …

Украдена облека на „Балман“ пред ревијата на Париската модна недела Read More »

Јутјуб ги затвори каналите на Расел Бренд


Лондон – Видеоканалите на Расел Бренд на Јутјуб се суспендирани до следно известување, поради „прекршување на политиката на одговорност“ и заради заштита на корисниците, како што е наведено. „Ако однесувањето на создавачот на содржини вон платформата им наштетува на нашите корисници, вработени или екосистемот, ние преземаме акција. Одлуката се однесува на сите канали што може …

Јутјуб ги затвори каналите на Расел Бренд Read More »

Промоција на „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски


Книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски утревечер ќе биде промовирана во  кафе-книжарницата „Буква“. Промоторка на изданието ќе биде писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезироска, а на промоцијата ќе се обратат и Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски. Како што соопшти Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје, „Кабинет на …

Промоција на „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски Read More »

Црна федора на Мајкл Џексон од 1983. оди на наддавање


Париз – Непосредно пред првпат да го изведе својот познат танц „Мунвок“, Мајкл Џексон ја фрли шапката на сцената… И, 40 години подоцна, таа се најде на аукција во Париз, Франција. Иако е своевидна „ѕвезда“ меѓу околу 200 предмети и рок-сувенири, организаторот Артур Перо од галеријата „Артпеж“ (Artpeges) признава дека цените за предметите на Џексон …

Црна федора на Мајкл Џексон од 1983. оди на наддавање Read More »