Издавачот на Шинед О’Конор му забрани на Трамп да ја користи нејзината музика на митинзите


Лондон-  Имотот на Шинед О’Конор во понеделникот побара од Доналд Трамп да не ја пушта нејзината музика на предизборните митинзи, велејќи дека починатата пејачка го сметала поранешниот претседател за „библиски ѓавол“. Трамп го пушта најголемиот хит на О’Конор, „Nothing Compares 2 U“, на настани додека тој се бори за републиканската претседателска номинација. Во заедничката изјава, […]

На 102 години почина Ајрис Апфел, глобална икона на стилот


  Глобалната икона на стилот Ајрис Апфел почина на 102 години, на имотот во Палм Бич на Флорида, потврди  нејзиниот комерцијален агент Лори Сејл. Со големите, тркалезни, црни очила, светло црвен кармин и кратката бела коса, таа се истакнуваше на секој моден настан на кој присуствуваше. Нејзиниот стил беше предмет на музејски изложби и документарниот […]

„Два опита (Конески и Старделов)“ – промоција на нова монографија од Иван Џепароски


„Два опита (Конески и Старделов)“ од проф. д-р Иван Џепароски е новата книга чија промоција  ќе се одржи на 5 март (вторник) 2024 година во Салата за седници на Филолошкиот и Филозофскиот факултет при УКИМ, во 13 часот. Промотори се проф. д-р Ана Димишковска и проф. д-р Вангел Ноневски, кои се и рецензенти на книгата. […]

Концерт на Федерико Сера за 8 март во организација на „Охридско лето“


По повод 8 март – Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт со светски познатиот тенор Федерико Сера од Италија во придружба на пијанистот Антонио Кампоногара. Концертот што ќе се одржи на овој датум во црквата „Света Софија“ во Охрид со почеток од 19 часот, ќе биде посветен на […]

Балетот „Заспаната убавица“ на музика на Чајковски со две претстави на 7 и 8 март


Двојна изведба на безвременската, волшебна балетска бајка „Заспаната убавица“ преточена во прекрасната музика на Петар Илич Чајковски на 7 и 8 март во 20 часот на  сцената на Националната опера и балет. Диригент на претставите е Бисера Чадловска, кореограф е Виктор Јаременко (Украина), асистент-кореограф е Тетјана Белецка од Украина, сценограф и костимограф е Миодраг Табачки […]

Селфи за Оскар, десет години подоцна


Лос Анџелес– Селфито на Елен Деџенерис за Оскарите беше снимено пред 10 години. Оттогаш на актерите од селфито, кариерата и приватниот живот им тргна надолу.  Ако на вашето сеќавање му треба потсетување: додека беше домаќинка на 86-тото доделување на Оскарите, тогаш сеприсутната телевизиска личност Елен де Џенерис собра мноштво холивудски ѕвезди за да направат селфи […]

Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран


Најстудено изутрина е во Лазарополе, каде во 7:30 часот се измерени -2  степени Целзиусови, а најтопло во Дојран со 10 степени.  Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на Попова Шапка и Маврови Анови се измерени – 1, во Берово, Крива Паланка, Битола и Претор 1 степен, во Тетово, Крушево, Прилеп, Охрид и Дебар […]

Што облекоа супербогатите на свадба кај најбогатиот човек на Индија


Илјада и двеста гости викендов се забавуваа на предсвадбените прослави на синот на најбогатиот Индиец во светот, Мукеш Амбани. Свадбата на неговиот најмлад син, 28-годишниот Анант Амбани и Радика Мерчант (29) е во јули, но тридневната забава одржана во градина од 1.200 хектари, сместена во теренот на рафинеријата за нафта во Јамнагар, во државата Гуџарат, […]

Прв пораз на Трамп, Хејли победи во Вашингтон


Олимпија – Кандидатката за претседателка номинирана од Републиканската партија Ники Хејли победи на партиските прелиминарни избори во сојузната држава Вашингтон, забележувајќи ја првата победа во претседателската кампања оваа година. Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп вчера го доживеа првиот пораз на партиските прелиминарни избори, додека Хејли победи во Вашингтон. Хејли ги […]

Триумф на Реј на Брит авордс – уметник, албум и песна на годината


Британскaтa пејачка Реј ги освои престижните награди BRIT во рекордни шест категории, пренесоа светските агенции. На церемонијата, одржана во лондонската О2 Арена, таа ги доби наградите за најдобра песна, која отиде за „Escapism“ и најдобар британски албум за „My 21st Century Blues“. Таа, исто така, доби награди за најдобар изведувач, најдобар нов изведувач, најдобар ар-ен-би […]

Без вода дел од корисниците од неколку улици во Центар


Дел од корисниците на улиците „Антоние Грубишиќ“, „Пиринска“, „Ленинова“ и  „Коле Неделковски“ во Центар денеска ќе имаат прекинато водоснабдување поради приклучок на цевка од ф 80 мм на ул. „Антоние Грубишиќ“ бр. 8. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато во 8.30 часот и ќе трае до завршување на […]

Променливо облачно, со обилни врнежи и локално невреме


Времето денеска ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, наместа обилни, од 20 до 40 литри на метар квадратен, со пороен карактер и појава на ретки грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со силен ветер од јужен правец од над 70 километри на час. […]

Астрономски календар


Денеска е понеделники, 4 март 2024 година, 64-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 302 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 4 минути, а ќе зајде во 17 часот и 28 минути. Денов трае 11 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Теја Дора со „Рамонда“ ќе ја претставува Србија на Евросонг во Малме (видео)


Белград– Во финалето на српскиот избор за песна на Евровизија победи песната „Рамонда“ во изведба на Теја Дора. Претставничката беше избрана меѓу шеснаесетте натпреварувачи, врз основа на гласовите на жирито и публиката. Таа ќе ја претставува Србија на Евровизија во Малме во мај. Второто место го зазеде Бресквица, која исто така беше еден од фаворитите за победа, а на третото место е Зорја. […]

Гир и европските амбасадори во посета за поддршка на Фондација Метаморфозис


Амбасадорот на Европската Унија во С.Македонија Дејвид Гир, германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер, холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, шведската амбасадорка Ами Ларсон Џаи и заменикот амбасадор на Италија во Република Северна Македонија, Марио Де Роза ја посетиle Фондацијата Метаморфозис, по последните напади и закани врз новинарите од „Вистиномер“, како и останатите вработени и надворешни […]

Ватикан покажал интерес за македонската уметност, вели Костадиновска-Стојчевска


Изложба со македонски икони во Музејот на Ватикан е една од точките за која е постигнат првичен договор помеѓу министерката за култура, Бисера Костадиновска- Стојчевска и заменикот уметничко- научен директор на Музејот, Џандоменико Спинола, на нивниот состанок одржан во Ватикан. Нашата држава одново ќе има прилика на светската јавност да и го претстави културното наследство и вредните […]

28. Моден викенд во Скопје: Спој на италијански и домашен гламур


Амбасадата на Република Италија во Скопје, ИТА- Italian Trade Agency, Ист Гејт Мол и Моден Викенд Скопје ве канат на изложбата во ADI Design Museum на 14 март во Чифте амам и на модниот настан во петок, 15 март во 18:30 часот, во Ист Гејт Мол. За деновите на италијански дизајн во Скопје, Амбасадата на […]

ФФМ го предаде во употреба новиот хибриден терен на Арената „Тодор Проески“


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ги заврши активностите за поставување и одржување на новата тревна подлога на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје и објектот со новиот хибриден терен денеска го предаде на употреба на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП). Како што е соопштено попладнево, ФФМ целосно […]

„Лажни светови“ – Бојана Скендеровски промовира нова песна и спот


 Убава понеделничка дружба по повод промоцијата на новиот музички проект со наслов „Лажни светови“ на Бојана Скендеровски. Премиерното слушање на композицијата зад која како автор застанува еден колега на Бојана (чие име барем до понеделник останува изненадување), но и премиерата на видеозаписот, се закажани во понеделник во ресторанот „Дион“ (Центар)  во 19 часот. „Велат, среќата […]

За викендот стабилно и потопло, од понеделник повторно дожд


За време на викендов времето ќе биде претежно стабилно и потопло. Минималната температура ќе се спушти до минус еден, а максималната дневна ќе достигне 20 степени. Под влијание на нов влажен бран во понеделник попладне и во вторник времето ќе биде облачно, на повеќе места со врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат обилни, со […]