„Поточиња“ на 13 и 14 април во Филхармонија


На 13 и 14 април во Македонска Филхармонија ПОТОЧИЊА по 21. пат ќе потечат и ќе донесат многу радост и насмевки на детските лица. Се најавуваат нови детски хитови и голема забава, а со игра и песна низ фестивалската приказна децата ќе ги води актерот Мартин Јорданоски во маската на популарниот водител Поки. Билетите се […]

Концертите на Тејлор Свифт ја „скараа“ Југоисточна Азија


Сингапур – Договорот на американската поп-пејачка Тејлор Свифт со организаторите на нејзините концерти во Сингапур, каде што таа ќе има шест настапи во рамките на нејзината светска турнеја, прерасна во политичко прашање во Југоисточна Азија. Имено, Сингапур е единствената земја во овој дел од светот каде што Свифт ќе настапи, а соседните земји тоа го […]

Од Шопов до Андриќ – „Антолог“ со нови наслови од книжевна класика по повод 25 години постоење


Издавачката куќа „Антолог“ соопшти дека во чест на одбележување на 25 години од нивното постоење, целата година ќе биде во знакот на класичните дела од светската и од домашната литература, а во март ќе бидат објавени неколку наслови од епохални автори кои извршија формативно влијание на своите книжевни следбеници. Од „Антолог“ потенцираат дека првата книга […]

Мократа кошула на Дарси од „Гордост и предрасуди“ оди на аукција


Милиони гледачи ширум светот беа воодушевени од Колин Фирт како господин Дарси, излегувајќи од езеро облечен во мокра кошула во адаптацијата на Би-Би-Си на хит филмот „Гордост и предрасуди“ од 1995 година. Сега истата кошула се продава и може да достигне цена од 10.000 фунти. Тоа е еден од повеќе од 60-те костими од филмот […]

Вокалната работилница на Биља Крстиќ – „Бистрик“ овој четврток концертно во Куманово


Биља Крстиќ и десет исклучителни женски вокали овој четврток (07 март 2024 во 19 часот) во Занаетчиски дом во Куманово ќе одржат целовечерен концерт. Концертот е во чест на отворањето на канцеларијата на српскиот културно-информативен центар СПОНА во Куманово. Канцеларијата на СПОНА во Скопје го прослави своето полнолетство на крајот на минатата година. Во пресрет на отворањето на канцеларијата во Куманово, СПОНА организира концерт на […]

Што носат богатите и славните на Mодната недела во Париз ?


Париз- Богатите и славните се истакнуваат со својот стил на Mодната недела во Париз. Последната од Модните недели , која започна на 26 февруари, досега ги прославуваше дизајните на женска облека од брендови како Валентино, Стела Макартни и Диор. Ќе заврши на 5 март. И од почеток до крај, имињата од А-листата присуствуваа во нивните […]

Илон Маск веќе не е најбогатиот човек во светот


Вашингтон – Џеф Безос повторно ја презеде титулата најбогат човек во светот. Сопственикот на Амазон го престигна шефот на Тесла и Спејс Икс Илон Маск, според индексот на милијардери на Блумберг. Нетото богатство на Безос е 200 милијарди долари, а на Маск се проценува на околу 198 милијарди долари. Според индексот, Маск изгубил околу 31 […]

Најмногу дожд во Битола 43 литри на квадрат, снег на Попова Шапка и во Крушево


Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Битола 43 литри на метар квадратен, во Крушево 38, Прилеп 35 Прилеп, Гевгелија 33 и во Охрид 26 литри, соопшти УХМР. Снежна покривка од 11 сантиметри има во Лазарополе, на Попова Шапка девет и во Крушево четири сантиметри. Во текот на ноќта се задржа облачно со повремено пообилни […]

Скопје ја сака Каролина – два полни концерти со најубавите хитови


Каролина Гочева – Корубин одржа два полни концерти викендов во скопскиот клуб „Пјур“. Поводот беше 1 март, како еден од нејзините хитови кој се вика „Први март“, а поп-ѕвездата на шега кажа дека овој ден го чувствува како свој празник. „Последниве години, повеќе пораки добивам на први март отколку на мојот роденден“, рече Каролина на […]

Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки


По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, денес, во 18 часот во киносалата на Кинотеката ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки – Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од […]

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека


Забраната за тешки товарни возила на превојот Пресека што беше воведена во текот на ноќта поради обилни снежни врнежи, од утрово во 06:30 часот е укината, соопшти АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Буково, Ѓавато, Пресека и Крушево, послаби врнежи на Попова Шапка, Дебар и […]

Во САД денеска е „Супер вторник“, најважниот ден во трката за претседателските избори


Вашингтон – Во САД денеска е таканаречениот „супер вторник“, што е најважниот ден досега во трката за претседателските избори, кои ќе се одржат во ноември годинава. Денеска гласачите во 15 сојузни држави и една територија надвор од САД ќе избираат кандидати за претседател. Тоа треба да понуди увид во силата и потенцијалните слабости на поранешниот и […]

Во тек неформалните кампањи на претседателските кандидати, ДИК бара преодна одредба во ИЗ за да се гласа и со стари важечки документи


Изборната кампања за претседателските избори официјално започнува на 4 април, но кандидатите, особено, оние кои се сметаат за фаворити од двете најголеми партии одржуваат состаноци со партиските бази и реализираат други активности. Државната изборна комисија, пак, предупредува дека многу граѓани нема да можат да го остварат правото на глас поради немање важечки документи. Претседателот на […]

Промоција на изданието „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ


Во Музејот на македонската борба денеска во 18, 30 часот издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе го промовира изданието „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од авторката Зорка Тодорова-Младеновиќ.  Во промотивниот дел ќе учествуваат универзитетската професорка и модна дизајнерка, Лидија Георгиева, во улога на промотор, уредничката на изданието Бисера Бендевска, како модератор и […]

Март – национален месец за подигање на свеста за рак на дебело црево


Март годинава е национален месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево. Mесец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, е многу битен за информирање на граѓаните, за четвртиот најчест тип на рак во Соединетите Држави и светот. Со над 100.000 нови случаи секоја година и над еден милион вкупно случаи, […]

Комисијата за заразни болести ќе заседава, 123 случаи на голема кашлица во Скопје


Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи состанок на кој ќе се расправа за состојбата со големата кашлица и грипот, како и за евентуални мерки што треба да се преземат.  Од почетокот на годината, заклучно со вчера попладне, вкупно 123 случаи на голема кашлица се регистрирани на територија на Скопје, изјави за МИА доктор Лулзиме […]

Кејт Мидлтон забележана во јавност првпат по операцијата


Лондон– Фотографи ја снимија принцезата од Велс Кејт Мидлтон за првпат откако беше хоспитализирана на почетокот на оваа година, јавија светските медиуми. Принцезата од Велс е видена вчера како се вози во автомобил со нејзината мајка Керол во близина на замокот Виндзор, пишува Ју-Ес Ти-Ем-Зи. Ова е првпат медиумите да ја видат принцезата од декември […]

Негувателки, секретарки и учителки главни „женски“ професии во ЕУ


Брисел – Дури 92,6 отсто од вработените негувателки на деца и помошен наставен персонал во ЕУ во третиот квартал од 2023 година биле жени, покажуваат податоците на Европската статистичка агенција – Евростат.  По ова следуваат секретарите од кои 89,3 проценти биле жени, наставниците во основните училишта и предучилишното образование со 88,2 отсто, медицински и акушерски техничари […]

Облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе намалат


Времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, наместа обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а особено во западните делови на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот. Минималната температура ќе […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 5 март 2024 година, 65-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 301 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 2 минути, а ќе зајде во 17 часот и 29 минути. Денов трае 11 часа и 27 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]