Буџетот за основна дејност на МАНУ помал за 40 отсто, новиот претседател Попов ја претстави годинашната програма


Нема врвна наука без финансии и нема напредно општество со маргинализирање на науката, порача новиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), академик Живко Попов, во експозето откако на крајот на ноември беше избран за прв човек на Академијата за мандатниот период 2024 – 2027 година заедно со нов состав на Претседателството на […]

Исклучителен успех за вината на „Tikveš Châteaux & Domainеs“ на „Мундус Вини 2024“


Винарската визба „Тиквеш“ ја започна сезоната на интернационални вински натпревари за оваа година постигнувајќи исклучителен успех на еден од најпрестижните и најкредибилните светски вински натпревари  – „Mundus Vini 2024“. На пролетното издание на овој натпревар, „Тиквеш“ освои 2 специјални награди, 6 златни и 1 сребрен медал. Виното „Bela Voda white 2022“ ја освои наградата „Best […]

Откажани претставите „Марлена“ со Мирјана Карановиќ во Скопје и во Битола


Двете изведби на претставата „Марлена“ со српската актерка Мирјана Карановиќ во главната улога, кои требаше да се одржат во Битола на 3 март и во Скопје на 4 март, се откажани, објави „Авалон“. „Од технички причини не сме во можност да го одржиме гостувањето на претставата ‘Марлена’ во Домот на културата во Битола и во […]

Бинош во врвна гастрономска приказна: „Страста на Доден Буфан“ го отвара Месецот на Франкофонијата


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, организираат гала филмска вечер, во знак на отворање на Месецот на Франкофонијата, со проекцијата на филмот „Страста на Доден Буфан“. Филмот ќе биде прикажан в петок, 1 март 2024, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат).  Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Дејана Поповска, македонска […]

За 38 милиони долари се продава домот на Фреди Меркјури, за прв пат по неговата смрт


Поранешниот лондонски дом на рок легендата Фреди Меркјури е достапен за купување – односно за оние со кул 30 милиони фунти (38 милиони долари). Garden Lodge во Кенсингтон, западен Лондон, беше дом на фронтменот на Квин цели 11 години и може да се пофали со карактеристики како јапонска дневна соба, бар/библиотека и музички центар. Имотот […]

Без вода дел од Трнодол и Жданец


Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 11:50 часот ќе бидат корисниците од населба Трнодол и улиците „Нерешка“ и „Теодосиј Синаитски“ во населба Жданец, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.

Адел паузира од концертите во Лас Вегас поради болест


Лас Вегас– Адел ги одложи датумите за март на нејзиниот престој во Лас Вегас поради болест. Британската пејачка се извини за во објава на социјалните мрежи, објаснувајќи како не се опоравила целосно откако се разболела на крајот од последната серија од нејзината резиденција Weekends With Adele во Колосеумот во Палатата Цезар. „За жал, морам да […]

„Леб и сол“ и Бреговиќ на иста сцена, баш како некогаш – свирка што не се пропушта


Во далечната 1977 година Леб и сол и Бијело дугме прв пат застанале на иста сцена, и тоа во Скопје, но не и последен, зашто следувале уште неколку заеднички дружби ширум целата поранешна држава. Сега, после речиси 47 години следува реприза, но не како тогаш на Градски стадион, туку во СЦ „Јане Сандански“, и тоа на големиот славенички концерт […]

Како ќе изгледа првата Оскаровска гала вечер во НОБ: Дел од атмосферата на генералната проба (фото)


Скопје вечерва ќе биде во духот на Холивуд со црвен килим, гости во тоалети и смокинзи и „дружба“ со најубавите филмски песни наградени со „Оскар“ кои ќе бидат изведени од врвни поп и оперски пејачи во придружба на оркестарот на Национална опера и балет и Националниот џез оркестар. Во пресрет на 96. доделување на филмските […]

Љубовните писма до Пети Бојд од Џорџ Харисон и Ерик Клептон на аукција


Лондон– Љубовните писма до Пети Бојд од Џорџ Харисон и Ерик Клептон се продаваат во аукциската куќа Кристи, заедно со облека, накит и други сувенири од познатиот модел и муза на музичарите. Бојд, која претходно беше во брак и со Харисон и со гитарската легенда Клептон, продава мноштво предмети од нејзиното време во епицентарот на […]

Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење


Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење. Со оваа денешна одлука на Владата се овозможува зачувување и афирмација на машката василичарка поворка како дел од зимските обреди со маски, која е зачувана и се практикува во автентична и интегрална форма од локалната заедница во Општина Вевчани. Како што е наведено […]

Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки во Кинотека


Кинотека на  Македонија се приклучува кон одбележувањето на 60–годишнината од смртта на Милтон Манаки, со две проекции во вторник, на 5 март. Најпрвин, во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“. Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки […]

МНТ ќе ги донира парите од две претстави за Леонид


Македонскиот народен театар (МНТ) со хуманитарна изведба ќе го одбележи својот 79-ти роденден, а парите од продадените билети ќе бидат наменети за лекување на Леонид Индов. Ќе се изведуваат претставите „Силјан Штркот Шанца“ и „Сите сме птици“. Претставата „Силјан Штркот Шанца“ е инспирирана од истоимената македонска народна приказна од Марко Цепенков. „Ние сме птици“ е […]

Академијата ги објави првите презентери на Оскарите на 10 март, еве кои се


На помалку од две недели до доделувањето на Оскарите во 2024 година, време е да дознаеме што гледачите може да очекуваат да видат за време на најголемата ноќ во Холивуд – вклучително и кој ќе ги дели посакуваните златни статуи. На 26 февруари, Академијата за филмски уметности и науки ја откри првата група презентери за […]

Филмови, концерти, гастрономија – цел март ќе се слави Франкофонијата во Скопје


Со проекција на филмот „Страста на Доден Буфан“ на режисерот Тран Ан Хунг, во петок, 1 март ќе биде отворено годинешното издание на Франкофонија во Скопје. Филмот ќе биде прикажан во кино „Милениум“. Културната програма на Франкофонија во Скопје ќе трае до почетокот на април, а на 4 април и во Битола. Директорот на Францускиот […]

Џорџ Мајкл на колекционерска монета во Британија


Легендарниот британски пејач и текстописец Џорџ Мајкл беше почестен со издавање персонализирана колекционерска монета. Британската кралска ковачница објави дека новата монета, на која пејачот е со очила за сонце со неговиот потпис, му оддава почит на хит-соло-синглот на британската музичка ѕвезда од 1987 година „Faith“. Монетата е дизајнирана од уметникот и скулптор Сандра Дејана. -Од […]

Моника Левински ги мотивира жените да го дадат својот глас со стил, еве како денес изгледа


Активистката и писателка, која од 1995 година го носи прекарот најпознатата љубовница во светот, Моника Левински (50), денес изгледа многу поинаку отколку кога се појави веста дека има афера со американскиот претседател Бил Клинтон. Во меѓувреме, таа целосно го трансформира својот изглед, а многумина се согласуваат дека денес изгледа подобро од кога било. Левински стана […]

„Патување пеш“ на Тамара Котевска на европска турнеја и со светска дистрибуција


Документарниот филм THE WALK (Патување пеш) во режија на Тамара Котевска започнува со европска фестивалска турнеја. Најпрво, филмот ќе има европска премиера на најголемиот фестивал за човекови права FIFDH во Женева, Швајцарија, каде ќе има 2 проекции, а веднаш потоа, ќе се случат рекордни 5 проекции на еден од најголемите фестивали за документарен филм од […]

Марлен Дитрих беше пред своето време, вели Мирјана Карановиќ пред премиерите во Скопје и во Битола 


Гостувањето на легендарната српска актерка Мирјана Карановиќ (67) во улогата на контроверзната фaм фатал Марлен Дитрих во Македонија предизвика огромен интерес во јавноста и културната фела.  Пред премиерата во Скопје на 4 март, во МНТ, претставата “Марлен Дитрих- 5 точки од обвинението“, на Сараевскиот народен театар, на лично барање на една од најголемите југословенски актерки, […]

Зендаја пак облече совршен фустан – воодушеви со футуристичките детали


Во рамките на светската турнеја на филмот „Dune: Part Two“, американската актерка и модна икона Зендаја Колман сервираше неколку навистина спектакуларни изданија за паметење, а за последното во кое се појави на њујоршката премиера ќе се зборува долго.  Ѕвездата на глобално популарната серија „Еуфорија“ фрли се во втор план појавувајќи се во бел фустан со […]