Мараја Кери го почна одбројувањето до Божик…не со песна, туку со долна облека


Додека се подготвуваме за неизбежниот напад на празнична музика што ѕвони низ секоја продавница, Мараја Кери – непобитната кралица на Божиќ – го започнува своето сезонско владеење како ѕвезда на празничната кампања на Victoria’s Secret во 2023 година. Познато е дека гигантот за долна облека оди на големо со својот кастинг за овие маркетиншки моменти: …

Мараја Кери го почна одбројувањето до Божик…не со песна, туку со долна облека Read More »

Кајли ја славеше со Тимоти наградата за бренд иноватор во 2023


Њујорк– Откако го шокираа светот како двојка со нивното прво појавување во јавноста на светската турнеја на Бијонсе Rennaisance, Кајли Џенер и Тимоти Шаламе заедно присуствуваа на доделувањето на наградите на Вол Стрит Журнал во Њујорк во средата. Тие изгледаа совршент пар во ултра шик минималистички комбинации. Иако двајцата одеа на црвениот тепих одделно, седеа …

Кајли ја славеше со Тимоти наградата за бренд иноватор во 2023 Read More »

Романот „Правта на библиотеките“ на Маџунков објавен на бугарски јазик


Романот „Правта на библиотеките“ на академик Митко Маџунков е објавен на бугарски јазик во издание на „Book All“ (Книги за сите) од Софија. Преводот од македонски на бугарски јазик е на Мариан Петров а ликовно-графичкиот дизајн е на Николај Пашалиски. – Како што стои во најавата на издавачот, романот е дел од познатиот „белградски“ циклус …

Романот „Правта на библиотеките“ на Маџунков објавен на бугарски јазик Read More »

Зошто предлог законот за македонски јазик не се гласа во Собранието ? 


Предлог законот за македонски јазик се уште е во Собрание. Овој закон не е променет уште од 1998 година. Јас постојано апелирам до пратениците и не можам да поверувам дека еден ваков закон наидува на какви било препреки, посочи на денешниот брифинг со новинарите министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа потенцираше дека испратила апел …

Зошто предлог законот за македонски јазик не се гласа во Собранието ?  Read More »

Универзална сала може да падне, предупредува ИЗИС


  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот брифинг со новинарите информираше дека Универзална сала сѐ уште е под Град Скопје, затоа што немаат потпишано договор за примопредавање ниту на ингеренциите за реконструкција, ниту на проектната документација. Како што рече, таа е во опасност дека може да падне со оглед на тоа што долго време …

Универзална сала може да падне, предупредува ИЗИС Read More »

Собранието не го прифати предлогот законот за амнестија да се носи по скратена постапка


  Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието кое денеска одлучуваше за потребата од негово носење во тек на утврдување на дневниот ред на 129. седница. „Против“ гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“.  „Основната цел е алармантна состојба во затворите како што во …

Собранието не го прифати предлогот законот за амнестија да се носи по скратена постапка Read More »

УХМР најавува пообилни врнежи, локални грмежи и повремено силен ветер


Утре времето ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец, над 60 километри на час, информираат од УХМР. Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Врнежите ќе продолжат во ноќните часови и во сабота, кога ќе бидат пообилни, на повеќе места над …

УХМР најавува пообилни врнежи, локални грмежи и повремено силен ветер Read More »

Апел: Да не се чека последен момент за аплицирање на тековниот Конкурс за поддршка на проекти за 2024 година


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по гостувањето во утринската емисија „Македонија наутро“ на Македонската радио-телевизија и денес, на брифинг со медиумите, апелираше до корисниците кои сѐ уште не аплицирале на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, да го сторат тоа, имајќи предвид дека е ова последна недела и …

Апел: Да не се чека последен момент за аплицирање на тековниот Конкурс за поддршка на проекти за 2024 година Read More »

Скопје по трет пат ќе наздравува со виски во „Мериот“


Овој викенд, 3 и 4 ноември, Боттега Евенти го организира 3-тото издание на Skopje Whiskey Fest, во хотел Мериот, со почеток од 18:00-00:00. Ова е досега можеби и најбогатото издание на фестивалот со преку 90 етикети на виски пијалаци од повеќе дестилерии ширум светот, претставени од виски увозниците во земјава, кои посетителите ќе можат да ги дегустираат …

Скопје по трет пат ќе наздравува со виски во „Мериот“ Read More »

Мемоарите на Тина Тарнер „My Love Story“ и на македонски јазик


Мемоарите на поп-ѕвездата Тина Тарнер, под наслов „Мојата љубовна приказна“ („My Love Story“ ),  објавени на македонски јазик во издание на „Арс Ламина“, беа бестселер на „Њујорк Тајмс“. Во нив ќе прочитате за подемите и падовите во животот на неодамна починатата кралица на рокенролот. Оваа книга е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс …

Мемоарите на Тина Тарнер „My Love Story“ и на македонски јазик Read More »

Христо Петрески: Сега е најбитно да се избере ново раководство на ДПМ


Христо Петрески, актуелен претседател на ДПМ во оставка, се јави со соопштение во јавноста. „Новиот Деловник за работа на Изборното собрание на ДПМ беше донесен во мај 2022 година и првпат беше воведена жрепката и јавното броење на гласовите. Тоа беше моја идеја како тогашен претседател на Собранието на ДПМ, а за што се залагаше …

Христо Петрески: Сега е најбитно да се избере ново раководство на ДПМ Read More »

Почна „Скомрахи 2023“: Младите уметници да продолжат да  создаваат  независно од технолошките иновации


Со краткиот филм „Тага“ во режија на Тина Величковиќ и дипломската театарска претстава „Вилицата на Ибен Бајерс“ во режија на Борис Василески, и двете целосно создадени од студентите на Факултетот за драмски уметности, вчера во Драмскиот театар во Скопје започнаа 31. Меѓународни средби на студенти од академии и од факултети за драмски уметности „Скомрахи 2023“. …

Почна „Скомрахи 2023“: Младите уметници да продолжат да  создаваат  независно од технолошките иновации Read More »

(Галерија) Македонската мода ги собра најубавите дами од Скопје – хуманото срце и убавината се споија во „Интермецо“


Синоќа, култното скопско кафуле “Интермецо“ декориран со симболите на Ноќ на вештерките, заличи на на храм на убавината, модата, моќта и хуманото срце на славни, анонимни, богати, општествено освестени и дотерани дами кои ја прифатија поканата за кампањата „Денови за донирање“, со амбиција ова да прерасне во традиционална национална кампања за филантропија што секоја година …

(Галерија) Македонската мода ги собра најубавите дами од Скопје – хуманото срце и убавината се споија во „Интермецо“ Read More »

Дебата за значењето и улогата на јавните финансии во евроинтеграцискиот процес


Националната конвенција за Европска Унија  денеска ќе биде домаќин на Работната група 6 – Антикорупција (Поглавје 5 – Јавни набавки, Поглавје 18 – Статистика и Поглавје 32 – Финансиска контрола), која ќе ја одржи втората сесија на тема „Фискална политика заснована на правила: значењето и улогата на јавните финансии во евроинтегративниот процес на Република Северна …

Дебата за значењето и улогата на јавните финансии во евроинтеграцискиот процес Read More »

Меџити ќе го посети пунктот за вакцинација против сезонски грип во Поликлиника Бит Пазар


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ќе го посети пунктот за вакцинација против сезонски грип во Поликлиника Бит Пазар. Вакцинацијата против сезонски грип почна на 25 октомври. Годинава Министерството за здравство обезбеди 60.000 вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани и здравствените работници. Вакцините за нив се бесплатни. Дополнително центрите за јавно здравје …

Меџити ќе го посети пунктот за вакцинација против сезонски грип во Поликлиника Бит Пазар Read More »

Интерпелацијата на Јовески и предлогот за избор на член на ДИК на пленарна седница


 На денешната 129. собраниска седница, меѓу точките на дневниот ред се Предлогот за интерпелација за работата на државниот обвинител Љубомир Јовески, поднесен од пратеници од опозицијата, како и Предлогот за избор на член на Државната изборна комисија Интерпелацијата на Јовески е ставена како 13-та точка на дневниот ред на седницата.  Предлагачите на интерпелацијата објавена на …

Интерпелацијата на Јовески и предлогот за избор на член на ДИК на пленарна седница Read More »

Предлог-законот за амнестија на собраниска седница, најавени амандмани и од опозицијата и од власта


Предлог-законот за амнестија, предложен по скратена постапка од министерот за правда Кренар Лога, е на дневен ред денешната 129. седница на Собранието на Република Северна Македонија. Предложениот закон е 26-та точка на дневниот ред. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со …

Предлог-законот за амнестија на собраниска седница, најавени амандмани и од опозицијата и од власта Read More »

Променливо облачно со врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец, кој во западните делови од земјата ќе биде умерен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утринската температура ќе биде од 7 до 14 степени, а попладне од 13 …

Променливо облачно со врнежи од дожд Read More »

Пендаровски: Оценка за мојот мандат ќе дадат граѓаните


Претседателот Стево Пендаровски вели дека оценката за неговиот мандат треба да ја дадат граѓаните и затоа покрај партиската поддршка, важна му е и оценката од граѓаните. Во синоќешното интервју за ТВ Шења, како што пренесува Кабинетот на претседателот,  Пендаровски изјавил дека му е потребно да има поддршка од партиите кои застанале зад неговата кандидатура на …

Пендаровски: Оценка за мојот мандат ќе дадат граѓаните Read More »

Промоција на зборникот трудови „Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“


На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“- Скопје, денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на зборникот трудови „Предизвиците на компаративната книжевност во 21 век“ .  Промотор на зборникот ќе биде проф. д-р Славица Србиновска, а извадоци ќе читаат студентите од Катедрата за општа и компаративна книжевност.