Моден форум: Да се смени застарената програма во средните текстилни училишта и да се вметнат дигитални алатки


Интересот за средните стручни училишта се зголемува, но се уште е мал бројот на средношколци кои се запишуваат на отсекот текстил. Ова е резултат на застарената, неатрактивна програма, неприлагодена на новото време и трендовите, која продуцира само текстилни работници, но не и дизајнери. Во неа треба да се вметнат дигитални алатки и да се предвидат …

Моден форум: Да се смени застарената програма во средните текстилни училишта и да се вметнат дигитални алатки Read More »

Академијата го осуди инцидентот со Тејана Тејлор: „Ова однесување е неприфатливо“


Лос Анџелес – Академијата за филмски уметности и науки јавно го осуди инцидентот што се случи на доделувањето на Оскарите на 15 март, кога обезбедување ја турна актерката Тејана Тејлор додека се обидуваше да се качи на сцената откако нејзиниот филм „Една битка по друга“ ја освои наградата за најдобар филм. Организацијата зад Оскарите изрази …

Академијата го осуди инцидентот со Тејана Тејлор: „Ова однесување е неприфатливо“ Read More »

Концертот на Јаков Јозиновиќ на 9 април во СЦ „Јане Сандански“ речиси распродаден


Регионалната сензација Јаков Јозиновиќ ја најави својата турнеја за 2026 година „Ја за чуда летим“, во чии рамки тој за првпат ќе настапи во Скопје – на 9 април во Арена „Јане Сандански“! Неодамна Јаков ги објави и своите први два сингла „Поље ружа“ и веќе најслушаниот хит во целиот регион „Ја волим“ кој само …

Концертот на Јаков Јозиновиќ на 9 април во СЦ „Јане Сандански“ речиси распродаден Read More »

Турција и во 2026 останува водечка туристичка дестинација: Година на култура, спорт и врвни настани


Комбинацијата од фасцинантни плажи, културно наследство, развиена туристичка инфраструктура, атрактивни искуства низ цела година, гостопримство и врвна гастрономска понуда, продолжува да ги носи странските туристи во Турција. Од вечниот град, Истанбул, до познатите самовилски оџаци во Кападокија или сончевите брегови на Анталија, земјата и натаму потврдува зошто го носи епитетот врвна туристичка дестинација. Лесно достапна …

Турција и во 2026 останува водечка туристичка дестинација: Година на култура, спорт и врвни настани Read More »

„Кармен“ на Драмски отвора фестивал во Јужна Кореја


Со монодрамата „Кармен“, Драмски театар денеска ја отвора официјалната програма на „Seoul international monodrama festival 2026“ во Јужна Кореја. Фестивалот се одржува од 17 до 26 март во организација на театарот „Samilro Changgo theater“ од Сеул, соопштија од Драмски театар – Скопје. – Овој театар е историски исклучително важен „мал театар“ што се смета за …

„Кармен“ на Драмски отвора фестивал во Јужна Кореја Read More »

Иран во преговори со ФИФА за преместување на натпреварите од СП 2026 година од САД во Мексико


Техеран – Иранската фудбалска федерација побара од Светската фудбалска федерација (ФИФА) да ги премести натпреварите од групната фаза на Светското првенство во 2026 година од САД во Мексико. – Бидејќи Трамп јасно стави до знаење дека не може да ја гарантира безбедноста на иранската репрезентација, дефинитивно нема да патуваме во САД. Во преговори сме со …

Иран во преговори со ФИФА за преместување на натпреварите од СП 2026 година од САД во Мексико Read More »

Амнести Интернешнел: САД го прекршија хуманитарното право во војната со Иран


Вашингтон– САД го прекршија меѓународното хуманитарно право со тоа што не ги презедоа сите можни мерки за да го спречат страдањето на цивилите за време на војната со Иран, се наведува во денеска објавениот извештај на меѓународната невладина организација за човекови права Амнести Интернешнел (АИ). Во извештајот, АИ ги обвини американските сили за напад врз …

Амнести Интернешнел: САД го прекршија хуманитарното право во војната со Иран Read More »

Џејн Фонда со забелешка за Оскарите: „Снимив четири филмови со Редфорд, Барбра еден“


Лос Анџелес – Џејн Фонда на шега коментираше за изборот на Барбра Стрејсенд да му оддаде почит на Роберт Редфорд на Оскарите. Стрејсенд (83) зборуваше за својата колешка на сцената како дел од сегментот „Во спомен“, но Фонда (88), која сними четири филмови со Редфорд, верува дека имала повеќе да каже. Шега-забелешка на забавата по …

Џејн Фонда со забелешка за Оскарите: „Снимив четири филмови со Редфорд, Барбра еден“ Read More »

Реза Пахлави основа Комитет за транзициска правда во Иран


Вашингтон – Реза Пахлави, син на последниот шах на Иран, кој инаку живее во егзил во Соединетите Американски Држави, соопшти дека основал Комитет за транзициска правда предводен од добитничката на Нобеловата награда за мир за 2003 година, Ширин Ебади. „Денес, со гордост и посветеност кон правдата за секој од вас, основав Комитет задолжен за изработка на …

Реза Пахлави основа Комитет за транзициска правда во Иран Read More »

Американската амбасада во Багдад нападната со беспилотни летала


Багдад – Ракети и најмалку пет беспилотни летала денеска биле лансирани врз американската Амбасада во Багдад од областите околу градот, соопштија ирачки безбедносни извори, опишувајќи го нападот како најинтензивен од почетокот на американско-израелската војна со Иран. Британските медиуми објавија дека неименувано лице видело најмалку три беспилотни летала како се движат кон амбасадата и дека системот за …

Американската амбасада во Багдад нападната со беспилотни летала Read More »

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството


Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство  денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште пред Судот беа сослушани двајца сведоци. Сведокот Трајче Димишковски, кој од 2023 до август 2025 година бил дел од …

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството Read More »

Таксистите во Грција започнаа штрајк на неодредено време


Атина – Таксистите во цела Грција, организирани од нивната федерација утрово започнаа штрајк, што ќе трае во следните денови, односно, како што соопштија, сè додека во Парламентот на надлежната комисија се разгледува новиот закон од Министерството за транспорт за кој имаат низа несогласувања, јави дописничката на МИА од Атина. Засега не е точно одредено колку …

Таксистите во Грција започнаа штрајк на неодредено време Read More »

Македонските граѓани се повеќе ги користат услугите на е-влада, но се уште сме далеку под просекот во ЕУ


Во 2025 година, 71,9% од луѓето во ЕУ на возраст од 16 до 74 години користеле веб-страници или апликации на јавни органи, што претставува зголемување од 1,9 процентни поени во споредба со 2024 година, покажуваат податоците на Евростат. Во Македонија 32,32 проценти од граѓаните користеле услуги на е-влада. Најчести услуги на е-влада што ги користеле …

Македонските граѓани се повеќе ги користат услугите на е-влада, но се уште сме далеку под просекот во ЕУ Read More »

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток


Уште еден лет за евакуација на граѓани на релација Дубаи – Скопје се очекува да се реализира денеска. Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати во неделата ги извести сите македонски држајани кои во моментов се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, дека во вторник ќе се реализира уште еден лет. -Имајќи предвид дека се финализираат подготовките …

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток Read More »

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната од 11 до 15 степени. Во Скопје, претпладне облачно, а попладне …

Променливо облачно со повремен дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е вторнии, 17 март 2026 година, 76-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат  289 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 43 минути, а ќе зајде во 17 часот и 42 минути. Денов трае 11 часа и 59 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

„Макпетрол“ сè уште нема добиено официјално известување за намалување на набавната цена од добавувачот


И покрај тоа што во јавноста се појавија информации дека набавната цена на дизелот ќе биде намалена, до „Макпетрол“ од страна на ОКТА до денес не е пристигнато официјално известување врз основа на која што би се промениле договорните услови помеѓу двете компании. Наместо тоа, од страна на добавувачот и понатаму се испраќаат фактури во …

„Макпетрол“ сè уште нема добиено официјално известување за намалување на набавната цена од добавувачот Read More »

„Диор“ лансираше гурмански парфем инспириран од Ријана


Во случај да не сте слушнале: Ријана мириса добро. Многу добро. Откако десетина познати личности го споменаа нејзиниот одличен мирис во интервјуа, беше откриено дека пејачката мириса на гурмански парфем од брендот By Kilian наречен Love, Don’t Be Shy. Потоа, во 2021 година, таа го лансираше својот мирис под нејзиниот бренд Fenty, цветен парфем со …

„Диор“ лансираше гурмански парфем инспириран од Ријана Read More »

„Какви свињи“: Погледнете како изгледаше салата по доделувањето на Оскарите


Лос Анџелес– Гостите на доделувањето на Оскарите беа критикувани откако фотографиите и видеата се проширија на интернет, покажувајќи го театарот Долби покриен со ѓубре по церемонијата. Сцените од подот на салата, на кои се гледаат празни шишиња, обвивки од храна, пликови и друг отпад, предизвикаа негодување кај јавноста. Фотографија објавена на социјалните мрежи ја покажува …

„Какви свињи“: Погледнете како изгледаше салата по доделувањето на Оскарите Read More »

Украина место црвен килим: Еве зошто Шон Пен ги пропушти Оскарите


Лос Анџелес/ Киев – Шон Пен го освои својот трет Оскар синоќа, но наместо црвениот тепих, тој избра патување во разорената од војна Украина. Славниот актер беше награден синоќа за најдобар спореден глумец како воен фанатик во политичкиот трилер на Пол Томас Андерсон „Една битка по друга“, но не се појави на церемонијата во Лос …

Украина место црвен килим: Еве зошто Шон Пен ги пропушти Оскарите Read More »