МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи


Министерството за образование и наука со допис ги известило училиштата дека двете среди (24 април и 8 мај) кога нема да работат поради одржување на изборите, треба да ги одработат во две саботи (18 мај и 1 јуни). МОН во дописот со вчерашен датум им укажало дека треба да се исполни одредбата од законот според …

МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи Read More »

Директорот на ФБИ тврди дека кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД


Вашингтон – Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“. Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични сектори, при што …

Директорот на ФБИ тврди дека кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД Read More »

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата


Ерусалим – Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран. „По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од …

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата Read More »

Велигденски концерт на „Танец“ во НОБ


Ансамблот „Танец“ вечерва во 20 часот во Националната опера и балет ќе го одржи велигденскиот концерт „Велигден е, Ѓурѓовден е“. Изведени ќе бидат видеоприказните „Ѓурѓе ле, Ѓурѓе, млад Ѓурѓе, да кој ти рече да дојдеш? Мене ми рече Велигден“, „Брале се, брале сватови“, „Велигден, море Велигден, в година пак да ни дојдиш“ и „Да исчистиме …

Велигденски концерт на „Танец“ во НОБ Read More »

Промоција на книгата раскази „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет на УКИМ


Книгата „Скарбо“ со сите раскази за возрасни на универзитетска професорка, писателка и критичарка Јадранка Владова (1956-2004)  денеска во 13 часот ќе биде промовирана на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Како што информира издавачката куќа „Арс Ламина“, книгата ги спојува двете подзагубени збирки раскази на  Владова – „Скарбо во мојот двор“ (првично публикувана во 1986 …

Промоција на книгата раскази „Скарбо“ од Јадранка Владова на Филолошкиот факултет на УКИМ Read More »

Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата


 Над три илјади вработени во културните институции од денеска почнуваат со протести поради неисплаќање на платата за месец март. Како што најавија, протестите ќе траат сѐ додека не добијат плата, усогласена со колективните договори. Во меѓувреме, се процесуираат и тужбите за задоцнета исплата. Протестите ќе се одржуваат пред Министерството за култура секој ден од 13 …

Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата Read More »

Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади


Техеран – Иранските државни медиуми утрово објавија за експлозии во центарот на Исфахан  додека американските медиуми цитираа официјални лица кои тврдат дека Израел извршил одмазднички напади врз својот главен ривал. Системите за ПВО над неколку ирански градови беа активирани, објавија државните медиуми, откако државната телевизија соопшти дека експлозии се слушнале во близина на централниот град …

Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади Read More »

„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили


Лос Анџелес – Апликацијата „Гугл мапс“ за „Андроид“ и „Андроид авто“ доби надградба што со помош на вештачката интелигенција, ќе нуди попрецизни насоки како да се дојде до најблискиот полнач за електрични автомобили. Се работи за функции што, според познавачите, ќе овозможат полесна навигација, како и безгрижно и лесно планирање на долги патувања. ВИ-алгоритмот собира кориснички …

„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили Read More »

Променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец


Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени. Во Скопје променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер …

Променливо облачно и посвежо со слаб до умерен ветер од северен правец Read More »

Астрономски календар


Денеска е петок, 19 април 2024 година, 110-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 256 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 47 минута, а ќе зајде во 19 часот и 20 минути. Денов трае 13 часа и 32 минути. Месечината, која е во фаза на прва четвртина нема да изгрее, …

Астрономски календар Read More »

Путин ќе продолжи да маршира низ Eвропа, следен би можел да биде Балканот


Вашингтон – Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајк Џонсон изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „ќе продолжи да маршира низ Европа“ доколку тоа му биде дозволено и додаде дека следна цел може да биде Балканот. „Мислам дека Владимир Путин ќе продолжи да маршира низ Европа ако му се дозволи тоа. Мислам дека Балканот би …

Путин ќе продолжи да маршира низ Eвропа, следен би можел да биде Балканот Read More »

МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите


Министерството за здравство денеска го повтори ставот дека решение за приватните специјализанти кои од понеделникот се во штрајк ќе има по изборите.  – Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив спаѓаат и приватните специјализанти.Во изминатиот период, приватните специјализанти остварија неколку средби со …

МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите Read More »

Холандската престолонаследничка се засолнила во Шпанија поради стравувања од киднапирање


Холандската престолонаследничка принцезата Амалија се засолнила во Шпанија на една година поради стравувањата дека ќе биде киднапирана од банда. 20-годишната наследничка на холандскиот престол студирала во Мадрид, откако била принудена да ги отфрли плановите да живее во студентско сместување во Амстердам, во октомври 2022 година, објави јавниот радиодифузер НОС, цитирајќи кралски извори. Тоа се случило …

Холандската престолонаследничка се засолнила во Шпанија поради стравувања од киднапирање Read More »

Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист гејт мол“


За прв пат во Скопје, Амбасадата на Холандија и „Гоу Грин“, организираат Портокалова велосипедска тура, па посетителите што ќе дојдат, со велосипеди ќе вртат кругови околу трговскиот центар „Ист гејт мол“. Ова се прави по примерот на Orange Bike Ride што се одвива низ целиот свет за време на Денот на кралот на Кралството Холандија. …

Урбани велосипедисти утре ќе вртат кругови околу „Ист гејт мол“ Read More »

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури


Деновиве се случуваат големи температурни осцилации. Влеговме во пролет со летни температури, а сега имаме ниски температури. Чувствителните луѓе реагираат на овие драстични временски разлики бидејќи организмот не може веднаш да се навикне на промените, односно му треба адаптација. Ова за Мета.мк го тврди метеорологот проф. д-р Владо Спиридонов, редовен професор по метеорологија на Институтот …

Температурните разлики се шок за луѓето, летоска можно е да има грмотевични бури Read More »

„Уметноста на моќта“ – Ненси Пелоси напиша мемоари за најтешките моменти во нејзината кариера


Њујорк – Поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, ги заврши своите мемоари за годините во јавниот живот, насловени „Уметноста на моќта“, а книгата ќе биде објавена на 6 август, соопшти денеска издавачката куќа „Сајмон и Шустер“. Се наведува дека во мемоарите Пелоси се осврнува и на 6 јануари 2021 година, кога поддржувачите …

„Уметноста на моќта“ – Ненси Пелоси напиша мемоари за најтешките моменти во нејзината кариера Read More »

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го одзеле сефот со пари


Неколку лица со употреба на сила и погоден предмет вчера влегле во менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки. Како што соопшти МВР, кражбата вчера во СВР Скопје во 10:15 часот ја пријавил сопственикот на менувачницата, М.Д.(42) од Скопје, а се …

Ограбена менувачница во Чаир, крадците го одзеле сефот со пари Read More »

Прво изложување на македонски предисториски предмети во Канада


Продолжува изложбената турнеја низ Северна Америка во која се вклучени и предисториски предмети од Македонија. Насловена како „Првите благородници во Европа“, оваа изложба неодамна се отвори во Канадскиот музеј на историјата во Гатино – Отава.  Во неа, заедно со околу 700 други наоди од Балканот, изложени се и артефакти од македонските локалитети Врбјанска Чука, Шуплевец …

Прво изложување на македонски предисториски предмети во Канада Read More »

Во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата, рече Костадиновска-Стојчевска на отворањето на Саемот (фото)


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во арената  „Борис Трајковски“ на отворањето на 36. издание на Саемот на книгата порача дека Министерството за култура, како покровител на овој, како што рече, „празник на книгата“, останува голем пријател и силен поддржувач на ова наше богатство. „На годишните конкурси, од година во година, импресивен е бројот на сè …

Во виртуелниот свет го нема овој опоен мирис на книгата, рече Костадиновска-Стојчевска на отворањето на Саемот (фото) Read More »

Ова се највлијателните фаци од шоубизнисот според „Тајм“


Time100, годишната листа на 100-те највлијателни луѓе во светот на магазинот Тајм, вклучува некои значајни личности од шоу-бизнисот, вклучувајќи ги Тараџи П. Хенсон, Мајкл Џеј Фокс, Фантасија Барино, Алија Бат, Софија Копола, Колман Доминго и Америка Ферера. На списокот се и: Инон Краиз, Дона Ленгли, Дуа Липа, Хајао Мијазаки, Лесли Одом Џуниор, Елиот Пејџ, Дев …

Ова се највлијателните фаци од шоубизнисот според „Тајм“ Read More »