Булеварот „Кочо Рацин“ веќе неколку дена без улично осветлување


Скопскиот булевар „Кочо Рацин“, на кој се наоѓа автобуската станица „Југодрво“, веќе неколку денови е во мрак. Уличните светла долж булеварот не работат, а улиците околу булеварот исто така не се осветлени – единственото светло на него доаѓа од становите на соседните згради. Мракот ја загрозува безбедноста на пешаците и велосипедистите кои ги преминуваат пешачките …

Булеварот „Кочо Рацин“ веќе неколку дена без улично осветлување Read More »

Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец


Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец, Мала Преспа, под надѕор на Регионалната дирекција за национална култура од Корча. -Во тек е реставрацијата на црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, каде на виделина излегуваат дел од извонредни византиски фрески. Во исто време се поставува и надворешната врата, …

Со европски пари се реставрира црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град, кај Пустец Read More »

Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин


Брисел – Дванаесет лица се повредени поради силните турбуленции на лет на „Катар ервејс“ од Доха до Даблин. Во соопштението од аеродромот во Даблин се наведува дека авионот слетал безбедно, според планираното, нешто пред 13 часот по локално време. „По слетувањето, ги пречека амбулантно возило, аеродромската полиција и нашата противпожарна и спасувачка служба, поради шест …

Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин Read More »

За вероучител во Турција кој злоставувал ученички се бара затвор до 135 години


Истанбул – Наставник по верска култура и етика во турскиот град Адана е осомничен дека сексуално злоставувал шест ученички, од кои најстарата имала 12 години. Против него е поднесена тужба со која се бара затворска казна до 135 години, јавија турски медиуми. Пет ученички од петто одделение им кажале на родителите дека наставник от Џ. Џ. …

За вероучител во Турција кој злоставувал ученички се бара затвор до 135 години Read More »

Режисерот кој избега од Иран доби 12-минутни овации во Кан


Иранскиот филмски режисер Мохамад Расулоф, кој побегна од затвор и казна од камшик во својата земја, беше награден со специјална награда од жирито на Канскиот филмски фестивал за неговата приказна за судски истражител чиј семеен живот е растргнат за време на антивладините протести. При прифаќањето на наградата во францускиот туристички град, 51-годишниот Расулоф рече дека …

Режисерот кој избега од Иран доби 12-минутни овации во Кан Read More »

Енрике најави нови засилувања по заминување на Мбапе


Париз – Пари Сен Жермен планира да донесе пет-шест нови засилувања во летниот преоден рок во обид да го надомести заминувањето на ѕвездата Килијан Мбапе, најави тренерот на францускиот шампион, Луис Енрике. Шпанецот му беше тренер на Мбапе во последната од седумте години во ПСЖ, период во кој напаѓачот постигна рекордни 256 голови и му помогна …

Енрике најави нови засилувања по заминување на Мбапе Read More »

Драма на лет за Сплит: Maж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина и се заклучил во тоалетот


Вистинската драма се одвивала во неделата наутро на аеродромот Гардермоен во Осло. Непознато лице се обиде насилно да влезе во пилотската кабина на Норвешка Ер, која требаше да полета во 6:50 часот на летот DY1990 за Сплит. Кога не успеала во тоа, лицето се заклучило во тоалетот во задниот дел на авионот. Норвешката полиција подоцна …

Драма на лет за Сплит: Maж се обидел насилно да влезе во пилотската кабина и се заклучил во тоалетот Read More »

Најмалку 12 загинати и 43 повредени во рускиот напад на хипермаркет во Харков


Харков – Најмалку 12 лица загинаа, а 43 се повредени во вчерашниот руски напад на хипермаркет за градежни материјали во украинскиот град Харков, соопшти денеска обвинителството на Украина.  Две руски наведувани бомби вчера попладне го погодија градежниот хипермаркет „Епицентар“, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов на националната телевизија. Ударите предизвикаа голем пожар, со густ, црн чад …

Најмалку 12 загинати и 43 повредени во рускиот напад на хипермаркет во Харков Read More »

Парада на гордоста на 22 јуни под слоганот „Спектакуларно неспослушни“


Под слоганот „Спектакуларно неспослушни“, во паркот „Жена борец“ во Скопје на 22 јуни оваа година ќе се одржи петтата Парада на гордоста. Најавено е дека рутата ќе биде иста како и изминатите години и се очекува да биде обезбедено високо ниво на безбедност. Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска на денешната …

Парада на гордоста на 22 јуни под слоганот „Спектакуларно неспослушни“ Read More »

Ники Минаж уапсена во Амстердам под обвинение за поседување лесни дроги


Американската раперка Ники Минаж го откажа концертот во Манчестер, Англија, во саботата, откако рече дека била приведена од полицијата на аеродромот Шипхол во Амстердам под обвинение за поседување лесни дроги. „И покрај најдобрите напори на Ники да го истражи секој можен начин да продолжи со вечерашниот настап, денешните настани го направија тоа невозможно“, објави тој …

Ники Минаж уапсена во Амстердам под обвинение за поседување лесни дроги Read More »

Објавена „Македонска љубовна лирика“ – 342 песни од македонски поети од сите генерации


Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Македонска љубовна лирика“ приредена од авторите Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Во петте циклуси на книгата, на близу 500 страници објавени се 342 песни од македонски поети од сите генерации. Ова е најобемниот тематски избор од современата македонска поезија објавен досега. Изданието се објавува во годината …

Објавена „Македонска љубовна лирика“ – 342 песни од македонски поети од сите генерации Read More »

СП во хокеј на мраз: Чешка и Швајцарија во борба за златото


Прага – Репрезентациите на Чешка и на Швајцарија ќе се борат за титулата светски првак во хокеј на мраз, откако Чесите ги надиграа Швеѓаните со 7-3 во саботните полуфинални натпревари одиграни во прашката О2 Арена, а Швајцарците победија на пенали со 3-2 против Канаѓаните, кои се бранители на титулата. Финалниот меч во О2 арената е закажан …

СП во хокеј на мраз: Чешка и Швајцарија во борба за златото Read More »

ЦУК: Спасени се четирите лица, залутани по клисурата на Пчиња


 Центарот за управување со кризи информира дека четирите залутани лица, две жени, еден маж и дете (возраст 29, 18, 35, 7 години), се лоцирани и пронајдени. Теренот на локацијата каде биле залутаните, како што посочуваат од ЦУК е исклучително стрмен и опасен за движење, па тие биле извлечени со чамец. -Тие по исклучително стрмниот терен успеале …

ЦУК: Спасени се четирите лица, залутани по клисурата на Пчиња Read More »

Седум бебиња загинаа во пожар во болница во Њу Делхи, сопственикот на болницата во бегство


Њу Делхи – Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти. Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата. Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен …

Седум бебиња загинаа во пожар во болница во Њу Делхи, сопственикот на болницата во бегство Read More »

Макрон ја започнува тридневната посета на Германија


Берлин – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја започнува тридневната посета на Германија, што е прва посета на француски претседател на Берлин во последните 24 години. Макрон ќе се сретне со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, со кого ќе посети неколку региони на Германија и ќе ги нагласи добрите и единствени односи меѓу двете земји, објавено …

Макрон ја започнува тридневната посета на Германија Read More »

Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“


Палма де Мајорка – Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“, извор на приход за шпанскиот балеарски архипелаг, но и еден вид бариера за нормалниот живот на локалното население. Марширајќи зад транспарентот „Мајорка не се продава“, демонстрантите поминаа низ центарот на градот. Организаторите особено ги истакнуваат огромните трошоци за домување …

Неколку илјади Шпанци протестираа во Палма де Мајорка поради „прекумерниот туризам“ Read More »

Станушината – единствената македонска автохтона сорта на грозје се враќа на винската карта


Отпорноста на суша, но и на болести, ја прави погодна за одгледување единствената македонска автохтона сорта на грозје – станушината. Некогаш подзаборавена и неправедно маргинализирана, таа се враќа меѓу лозјата во Тиквешко, најголемиот лозаровинарски регион во државата. За неа, експертите велат дека има уникатен генетски профил.   Говорејќи за историјата и за долгата традиција на …

Станушината – единствената македонска автохтона сорта на грозје се враќа на винската карта Read More »

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион


Дебарско-струшкиот регион синоќа три и пол часа остана без напојување со електрична енергија. Причина е гром кој ја погодил главната трафостаница во Хидроелектраната “Шпиље” кај Дебар. – Главната трафостаница во ХЕ “Шпиље” погодена беше од гром-електрично празнење, при силно невреме.  Екипите веднаш излегоа на терен и со максимално залагање големиот дефект беше саниран. Дебарско-струшкиот регион …

Гром го остави без струја три и пол часа поширокиот дебарско – струшки регион Read More »

Златна палма за комедијата „Анора“ на Шон Бејкер, почесна Златна палма за Џорџ Лукас


Кан – „Анора“, мрачно смешна и трогателна драма за млада егзотична танчерка која се поврзува со син на руски олигарх, во саботата ја освои главната награда на Канскиот филмски фестивал, Златната палма. Филмот на американскиот режисер Шон Бејкер победи 21 други конкурентски филмови , вклучувајќи ги и пријавените на  Френсис Форд Копола и Дејвид Кроненберг. …

Златна палма за комедијата „Анора“ на Шон Бејкер, почесна Златна палма за Џорџ Лукас Read More »

Поставена биста на Томас Транстромер во седиштето на СВП


Во спомен-домот на браќата Миладиновци во Струга, во седиштето на Струшките вечери на поезијата, беше откриена биста на Томас Транстромер, добитникот на Златниот венец во 2003 година. Националната установа Струшки вечери на поезијата денеска информира дека автор на делото е академскиот вајар Сокол Цфарку, а е донација од македонскиот иселеник во Шведска, Антонијо Трпeвски и …

Поставена биста на Томас Транстромер во седиштето на СВП Read More »