Седум бебиња загинаа во пожар во болница во Њу Делхи, сопственикот на болницата во бегство
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2024/05/20240526090112_big_730x400_72.jpg)
Њу Делхи – Седум бебиња загинаа во голем пожар во болница во источниот дел на Њу Делхи, а пет се спасени и префрлени во друга болница, соопштија денеска локалните власти.
Сопственикот на болницата за бебиња во која избувна пожарот во саботата е во бегство, соопшти полицијата.
Како што пренесе Тајмс оф Индија, пожарот е ставен под контрола, а истрагата за причините за несреќата е во тек.