Во Швајцарија 49 отсто од жителите против одржувањето на Евросонг


Берн – Речиси половина од жителите на Швајцарија имаат негативно мислење за одржувањето на „Евровизија“ в година, покажува анкетата објавена во весникот „Блик“ (Blick).  Испитувањето опфатило околу 25.000 луѓе. Од нив, 49 отсто се јасно или донекаде против одржувањето на музичкиот натпревар, додека 46 отсто се јасно или донекаде за. Околу пет насто сѐ уште …

Во Швајцарија 49 отсто од жителите против одржувањето на Евросонг Read More »

Дел од францускиот печат за изборите во државата


Париз – Дваесетте дена изборна кампања не беа доволни за да се смени трендот забележан на изборите за Европскиот парламент на 9 јуни. Главниот ефект од предвремените парламентарни избори, најавени на изненадување од францускиот претседател Емануел Макрон, беше консолидирање на позициите на трите блока кои доминираат на националната политичка сцена и во идното Национално собрание: …

Дел од францускиот печат за изборите во државата Read More »

Бијело дугме повторно во мода : Цензурираната верзија на „Битанга и принцеза“ конечно меѓу фановите


Croatia Records, најголемата дискографска куќа во регионот со гордост ја претставува новата, досега нечуена и невидена верзија на албумот „Битанга и принцеза“ на култните „Бијело дугме“. Четириесет и пет години подоцна, четвртиот, најамбициозен, и, според многумина, најдобар албум на иконите на југословенскиот рокенрол – „Бијело дугме“ доаѓа во ново звучно и визуелно руво. За повторно миксање …

Бијело дугме повторно во мода : Цензурираната верзија на „Битанга и принцеза“ конечно меѓу фановите Read More »

Стив Банон треба да одлежи 4 месеци во затвор


Вашингтон – Поранешниот советник и близок соработник на Доналд Трамп, Стив Банон, денеска е повикан да се јави во федералниот затвор во државата Конектикат на отслужување на четиримесечната затворска казна изречена поради непочитување на поканата во истрагата на Конгресот за нападот врз Капитол Хил на 6 јануари 2020 година. Судијата што го води неговиот случај му …

Стив Банон треба да одлежи 4 месеци во затвор Read More »

Мишел ја откажа денешната посета на Подгорица


Брисел – Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја откажа најавената посета на Црна Гора, а планираните разговори ќе ги има со претседателот на Црна Гора Јакоб Милатовиќ во Брисел. „Се договоривме да се сретнеме во Брисел во вторник (2 јули). Важно е Црна Гора да остане фокусирана на европскиот пат“, напиша Мишел на платформата …

Мишел ја откажа денешната посета на Подгорица Read More »

Договорот за слободна трговија Србија – Кина стапува од денеска на сила


Белград – Договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина стапува денеска во сила чија цел е да се овозможи повластен пристап до кинескиот пазар за производи од српско потекло, јавија српските медиуми. Преференцијалниот пристап на производите од српско потекло на пазарот со повеќе од 1,4 милијарди жители ги става компаниите од Србија во многу …

Договорот за слободна трговија Србија – Кина стапува од денеска на сила Read More »

Унгарија од денеска претседава со ЕУ


Брисел – Унгарија  го презема од денеска претседавањето со ЕУ, а еден од седумте приоритети на Будимпешта ќе биде конзистентна и заснована на заслуги политика на проширување со порака дека ЕУ не може да биде целосна без пристапот на Западен Балкан во блокот. Покрај проширувањето, приоритети на унгарското претседателство ќе бидат конкурентноста, одбраната, илегалната миграција, …

Унгарија од денеска претседава со ЕУ Read More »

По 30 минути се чека на „Табановце“ и „Богородица“


По половина час се чека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон соседна Грција, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.  На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.  Поради летните одмори, гужви на овие гранични премини имаше и …

По 30 минути се чека на „Табановце“ и „Богородица“ Read More »

Предавање на Изабел Лорај во Чифте амам


Во рамки на програмата на КРИК 09 – Фестивал за критичка култура, вечерва во 19, 30 чаот, во Чифте амам во Скопје предавање ќе одржи политичката теоретичарка Изабел Лорај. Како што соопштија организаторите на Фестивалот, таа ќе одржи предавање насловено како „Презентистичка демократија: Практика на грижа и квир долг“, во кое ќе се тематизираат сегашните …

Предавање на Изабел Лорај во Чифте амам Read More »

Екстремната десница извојува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција


Париз – Според неофицијалните резултати од парламентарните избори во Франција, екстремно десничарската партија Национален собир е голем победник во првиот изборен круг со 33,5 отсто освоени гласови, што значи дека партијата би можела да обезбеди меѓу 240 и 270 пратениците во новото свикување на Народното собрание во анализата на агенцијата Ифоп. Таа партија, чиј лидер …

Екстремната десница извојува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција Read More »

Последен ден од конкурсот за наградата „Пегаз“


До денеска ќе биде отворен шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман во 2024 година. На конкурсот, распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни или за деца. Како што соопштија …

Последен ден од конкурсот за наградата „Пегаз“ Read More »

Без вода неколку улици во Автокоманда


Поради уличен дефект на 16-та Македонска Бригада бб (парк Шума Гази Баба), денеска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците 16-та Македонска Бригада, Јани Лукровски, Ташко Караџа и Трифун Хаџијанев, во скопската населба Автокоманда. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санација на дефектот. 

Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена


 Сметките на потрошувачите на електрична енергија на регулираниот пазар, односно на домаќинствата и на малите потрошувачи, од денеска до крајот на годинава, за најголем дел од потрошувачите, ќе бидат повисоки за 0,4 отсто. Одлуката за минималното зголемување на цената во четвртокот ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).  Како што посочи претседателот на РКЕ Марко …

Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена Read More »

ЕП 2024: Шпанија убедлива против Грузија, следна пречка Германија


Келн – Шпанија ја победи Грузија со 4:1 во Келн и си закажа натпревар со Германија во четвртфиналето на ЕП 2024. Грузијците изненадувачки поведоа по автоголот на Робин Ле Норманд во 18. минута, но тоа само ги налути Шпанците, кои израмнија пред паузата преку Родриго Ернандез, а во вториот дел додадоа три гола преку Фабијан …

ЕП 2024: Шпанија убедлива против Грузија, следна пречка Германија Read More »

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки


Стопанската комора на Северна Македонија, на иницијатива на претседателот на Комората Бранко Азески,  денеска во Скопје, организира пикник насловен „Бизнис дружење со најуспешните членки“. Целта, како што наведуваат од Стопанската комора, е преку неформално дружење и пријатна атмосфера, да се разменат искуства, дилеми, предизвици со кои се соочуваат компаниите. 

Многу топло со температура до 39 степени, од утре дожд


Времето денеска во земјава ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. …

Многу топло со температура до 39 степени, од утре дожд Read More »

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 1 јули 2024 година, 183-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 183 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 2 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денов трае 15 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина ќе изгрее во …

Астрономски календар Read More »

Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто


  По завршување на гласањето на вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ Централната изборна комисија со задоволство контатира дека имаме кредибилен и демократски процес за избор на претседател на СДСМ, соопшти претседателката на Централната изборна комисија за избор на претседател на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ .   Гласањето и целиот процес се одвиваа непречено и …

Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто Read More »

Магичниот гол на Белингем ја спаси Англија од шокантна елиминација на ЕП


Гелзенкирхен – Англија го одржа својот сон жив бидејќи по неверојатни напори и многу среќа успеа да направи пресврт и да победи со 2:1 против Словачка во осминафиналето на ЕП 2024.  Како и на претходните натпревари на германско тло, тимот на Герет Саутгејт никако не ги оправда големите амбиции со своите настапи на теренот. Англичаните …

Магичниот гол на Белингем ја спаси Англија од шокантна елиминација на ЕП Read More »

Излезни анкети во Франција: Крајната десница во водство, таборот на Макрон трет


Париз – Крајната десница убедливо води во првиот круг од предвремените парламентарни избори во Франција. Либералите на претседателот Емануел Макрон се трети, претекнати од екстремната левица, според неколку излезни анкети цитирани од странските агенции. Екстремно десничарската партија Национален собир и нејзините сојузници освоија околу 34 отсто од гласовите. Втора е екстремно левичарската коалиција Нов народен фронт …

Излезни анкети во Франција: Крајната десница во водство, таборот на Макрон трет Read More »