БиХ: Ново свлечиште во Јабланица, затворен магистралниот пат М-17


Сараево– Во Долна Јабланица, местото кое е најпогодено од поплавите во БиХ, се појави ново свлечиште на магистралниот пат М-17. Патот е делумно оштетен, а возилата го заобиколуваат преку паркинг, јавува „Аваз“. Во истата област, спасувачите продолжуваат со потрагата по преживеани, користејќи тешка механизација за да ги отстранат големите наноси од земја, кал и камења. …

БиХ: Ново свлечиште во Јабланица, затворен магистралниот пат М-17 Read More »

Помладиот брат на Мадона почина од рак на 63 години


Братот на поп-музичката икона Мадона, Кристофер Чиконе, почина од рак на 63-годишна возраст, две недели откако нивната 81-годишна маќеа, Џоан Клер Чиконе, почина од истата болест. Публицистот на Кристофер потврди за ТМЗ дека уметникот, уредувањето на ентериерот и дизајнерот починал во петокот во Мичиген. Иако тој служеше како уметнички директор на светската турнеја на Мадона …

Помладиот брат на Мадона почина од рак на 63 години Read More »

Таравари потврди дека починатото бебе било одбиено за хоспитализација


Министерот за здравство Арбен Таравари денеска потврди дека била одбиена хоспитализација на бебето кое вчера почина на Детската клиника. Тој е запознаен со случајот, но детални информации очекува од Комисијата за стручен надзор која утре ќе ги истражува двете клиники каде што било лекувано бебето. Како што напомена Таравари, кој и да е виновен, ќе …

Таравари потврди дека починатото бебе било одбиено за хоспитализација Read More »

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, доаѓа српскиот премиер Вучевиќ


Во понеделник во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, соопшти МВР. -СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 07.10.2024 (понеделник) поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР …

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, доаѓа српскиот премиер Вучевиќ Read More »

Слушнете ја „Маратон“ која ќе не претставува на јуниорскиот Евросонг во Мадрид


Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски се годинашните македонски претставници на детската Евровизија, која ќе се одржи на 16. ноември во Мадрид, Шпанија. Тие ќе ја изведат песната „Маратон“, чии автори се Лазар Цветковски (музика и аранжман) и Магдалена Цветковска (текст). Видеоспотот беше промовиран викендов на МРТВ и е во целосна продукција на Македонската радио-телевизија, сниман на повеќе локации низ Скопје. Европскиот …

Слушнете ја „Маратон“ која ќе не претставува на јуниорскиот Евросонг во Мадрид Read More »

Бајден подготвува уште поголема помош за Украина пред крајот на мандатот


Вашингтон – Американскиот претседател Џо Бајден разви нов план за Украина пред неговото заминување од функцијата, пишува порталот „Конверсејшн“. Во статијата се наведува дека шефот на Белата куќа сака да остави наследство, а напредокот во поддршката на Украина може да биде неговата „последна победа“ која ќе се памети. „Прво, тој сака да испрати јасна порака дека …

Бајден подготвува уште поголема помош за Украина пред крајот на мандатот Read More »

Тејлор Свифт ја надмина Ријана и стана најбогатата музичарка во светот


  Тејлор Свифт ја надмина Ријана и стана најбогатата музичарка во светот, со нето богатство проценето на огромни 1,6 милијарди долари. Искачувањето на Свифт беше потврдено во сабота, 5-ти октомври, при што Форбс ја ажурираше нејзината нето вредност за да го одрази нејзиното растечко богатство во пресрет на историската турнеја „Ерас“ и континуираната популарност на …

Тејлор Свифт ја надмина Ријана и стана најбогатата музичарка во светот Read More »

Семејството на Тупак Шакур ангажираше адвокат за да провери дали Шон Комбс стои зад убиството


Семејството на Тупак Шакур го ангажираше адвокатот Алекс Спиро за да ги истражи сите потенцијални врски помеѓу Шон Комбс и убиството на Шакур, потврди Ролингстоун. Веста следи по извештаите дека семејството на покојниот рапер од Лос Анџелес ангажирало тим од истражители за да утврдат дали основачот на Bad Boy Entertainment имал некаква вмешаност во неговата …

Семејството на Тупак Шакур ангажираше адвокат за да провери дали Шон Комбс стои зад убиството Read More »

Меџити најави нови еколошки автобуси за Скопје


Проширување на мрежата на централно греење во Скопје и шест нови еколошки автобуси за ЈСП, но и гасификација на целата држава се дел од мерките за справување со аерозагадувањето кои денеска ги најави министерот за животна средина, Изет Меџити. Тој посочи дека проблемот не може да се реши само со една мерка, туку на него …

Меџити најави нови еколошки автобуси за Скопје Read More »

Мицкоски со истиот рефрен: Ние сме за ЕУ, но не под диктат


Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повтори дека земјава е недвосмислено определена да продолжи по евроинтеграцискиот пат. Издвојувањето на Албанија, оцени, не значи и нејзино брзо членство во Унијата, а со ваквите потези ЕУ во континуитет покажува неправедност кон нас. Стравувањата дека ќе станеме заробена држава, рече Мицкоски, се беспредметни и …

Мицкоски со истиот рефрен: Ние сме за ЕУ, но не под диктат Read More »

Мицкоски му дели лекции на Ахмети


Помири се, опозиција си, реформирај ја партијата и исчисти ги криминалците од своите редови, му порача денеска од Охрид премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Како што истакна Мицкоски, Ахмети треба да покаже визионерство преку проекти и идеи, како и да покаже дека ја почитува Македонија. Мицкоски во …

Мицкоски му дели лекции на Ахмети Read More »

Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американските интернет провајдери


Њујорк – Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американски интернет провајдери и собрале информации од системите што американската федерална влада ги користи за прислушување со судски одобренија, пренесе денеска „Волстрит Џурнал“. Компаниите „Verizon Communications“, „AT&T“ и „Lumen Technologies“ се меѓу телекомуникациските фирми чии мрежи биле пробиени при неодамна откриениот хакерски напад, соопшти њујоршкиот весник, повикувајќи …

Кинески хакери упаднале во супербрзите мрежи на американските интернет провајдери Read More »

Гоф ја победи Мухова во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг


Пекинг – Американската тенисерка Кори Гоф попладнево ја победи Каролина Мухова од Чешка со резултат 6:1, 6:3 во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг. Мечот траеше 1 час и 17 минути.  Мухова сервираше двапати, направи три двојни грешки и реализира една брејк-топка од четири заработени. Гоф имаше шест аса, пет двојни грешки и пет …

Гоф ја победи Мухова во финалето на ВТА 1000 турнирот во Пекинг Read More »

Влатко Ѓорчев објаснува како го стекнал половина милионски имот а никогаш не се занимавал со ништо освен со политика


Објавувањето на анкетниот лист на Влатко Ѓорчев ( активист на ВМРО од дете, неколку мандати пратеник) сега од премиерот Мицковски назначен за Национален координатор за демографија со плата од 2 илјади евра, ја шокираше јавноста како ова што би рекол неговиот лидер Мицковски „голобрадо момче“ стекнал половина милионски имот, а никогаш освен со политика не …

Влатко Ѓорчев објаснува како го стекнал половина милионски имот а никогаш не се занимавал со ништо освен со политика Read More »

Тепачка меѓу две групи од Штип и Кочани, здравствена помош побарале осум лица


Тепачка меѓу две групи од Кочани и Штип се случила утринава околу 3 часот во близина на ноќен клуб во Штип. Осумина кои учествувале во физичката пресметка побарале здравствена помош во Клиничка болница-Штип. Петмина од повредените помошта ја побарале веднаш по пресметката, а тројца утринава. Од Клиничка болница-Штип информираат дека се прегледани од страна на …

Тепачка меѓу две групи од Штип и Кочани, здравствена помош побарале осум лица Read More »

Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин


Загреб – Градоначалникот на хрватскиот град Карловац, Дамир Мандиќ, денеска изјави дека од поплавите вода влегла во 25 семејни куќи, а многу дворови и деловни објекти претрпеле штета. Најтешка е состојбата во Бродарици и Борлин, како и на левиот брег на реката Купа. Иако штетата е значајна, Мандиќ рече дека не се очекува прогласување на …

Поплави во Хрватска: Тешка состојба во Карловац, Бродарици и Борлин Read More »

Џорџина на Роналдо пак е Guess Girl – блеска од сексапил и гламур


  Guess ја искористи аргентинската манекенка и телевизиска личност Џорџина Родригез како заштитно лице на својата глобална празнична кампања во 2024 година. Празничната колекција, достапна во октомври, содржи низа обувки, вклучувајќи и високи потпетици и чизми. Родригез, кој го претставуваше Guess во неколку претходни кампањи, позираше на  долгогодишниот фотограф на Guess, Нима Бенати во различни …

Џорџина на Роналдо пак е Guess Girl – блеска од сексапил и гламур Read More »

Интензивно работиме на решавањето на проблемот со загадувањето, вели Меџити


Во приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање е токму загадувањето и работиме со нашите партнери, кои даваат грантови, помош, искуства и знаења. Работиме интензивно на тоа. Мислам дека со проширувањето на централното греење и да се развие на ниво на градот и урбаните средини, и во иднина со гасификација на државата и …

Интензивно работиме на решавањето на проблемот со загадувањето, вели Меџити Read More »