„Скопје 2028“ ги повикува граѓаните да ги предложат местата и приказните што го чуваат духот на градот


 Фондацијата „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ објавува два јавни повика – „Мапирање на локации, објекти и простори за програмата „Скопје 2028“ и „Скопски приказни“ – со кои ги повикува граѓаните да придонесат кон откривањето и документирањето на културниот потенцијал и меморијата на градот. Повикот „Мапирање“ е отворен за сите кои го познаваат Скопје […]

Венециска Мостра замириса по новиот парфем на Макс Мара – Флоренс Пју е во „главната улога“


Венеција – Флоренс Пју пристигна на Венецискиот филмски фестивал облечена во Max Mara, а она што не го знаевме во тој момент беше дека тоа го означи почетокот на прославите за лансирањето на Max Mara Le Parfum. Синоќа, куќата собра меѓународна група гости во Венеција за импресивно претставување на мирисот во Orto Giardino del Redentore, […]

Новиот норвешки крал, 53, го направи своето прво историско појавување на балкон по погребот на кралот Харалд 


Осло – Кралот Хакон VIII официјално го направи своето прво појавување на балкон како монарх, сигнализирајќи го почетокот на нова ера за Норвешка. Новиот монарх, 53, мавташе од Кралската палата во Осло по трогателниот погреб на неговиот татко, покојниот крал Харалд, во среда. Тој излезе прв со кралицата Мете-Марит, пред да го следат крунисаната принцеза […]

Од 18 до 26 септември седмо издание на Скопскиот градски фестивал


Од 18 до 26 септември  ќе се одржи седмото издание на Скопскиот градски фестивал, годинава со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот. Организатор на фестивалот е Баги Комуникации. Фестивалот ќе донесе уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, во концертни проекти што ги поврзуваат џезот, […]

По Охрид, и Скопје го виде „Татко“ на Иван Поповски, со бардот на македонското глумиште Бајруш Мјаку 


Драмата „Татко“, од Флоријан Зелер во режија на Иван Поповски, по македонската премиера на „Охридско лето“, синоќа, во Албанскиот театар ја виде и скопската публика. На претставата присуствуваше министерот за култура и туризам Седат Сулејмани, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити и претставници од државниот врв. Бардот на македонското глумиште, Бајруш Мјаку со овој театарски  […]

За викендот дожд, ветер и заладување


 Под влијание на циклонска активност за време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со наврнати над 15 литри на квадратен метар, проследени со грмежи и засилен ветер претежно од северен правец со брзина од над 40 километри на час. Од сабота дневната температура […]

„Ноќ на музеите“ во Охрид в сабота со посета на 12 локации во стариот дел на градот


 Охрид повторно ќе биде во знакот на културата, традицијата и уметноста, со „Ноќта на музеите“ што в сабота вечерта ќе се одржува на 12 локации низ стариот дел на градот. Во рамки на четиричасовната културна програма „Охрид – Град музеј“, посетителите ќе имаат можност да посетат 12 интересни локации и да се запознаат со различни […]

Гркинка на 54 години роди девојче од ембрион замрзнат пред 22 години


Атина – Гркинка сред шестото десетлетие од својот живот роди бебе од ембрион што бил замрзнат 22 години, откако го загубила својот 21-годишен син, кој бил зачнат преку истата постапка за вонтелесно оплодување (ИВФ), соопшти нејзиниот лекар вчера. – За Кристина Рапти-Целепи, ова раѓање денес има особено длабоко емотивно значење“, објави на Фејсбук гинекологот Константинос […]

Владата ја испраќа Маја Кадиевска-Војновиќ за претставник во Светска банка во Вашингтон


  Владата ја испраќа Маја Кадиевска-Војновиќ како свој кадар за помошник во Канцеларијата на извршниот директор и претставник на конституенцата во Светска банка во Вашингтон, дознава „Фактор“. Во суштина македонскиот кадар што оди како советник во Канцеларијата на извршниот директор на Светска банка во Вашингтон се номинира од македонската страна, односно преку државните институции, пред […]

Левица: Мицкоски најде алхемија за буџетот – државни милиони влегуваат во Лотарија, а пред јавноста излегуваат како ‘бесплатно’


Опозициската партија Левица упати жестоки критики до премиерот Христијан Мицкоски и раководството на Државна лотарија, обвинувајќи за фрлање сомнеж врз начинот на кој се финансираше организацијата на прославата за 35 години независност. „После најновите информации објавени за фирмата „Авалон”, можеме да заклучиме дека математиката не му е силна страна на Мицкоски, како што му е […]

„Уна“ со маестралниот Никола Ристановски ве занемува. А толку е жестока од почеток до крај


Силна приказна. Моќна режија. Маестрална актерска игра. Таква е претставата „Уна“ на Звездара театар од Белград кое Скопје одвај ја дочека. Интересот беше преголем за една изведба, па во МНТ се играше две вечери во преполни сали. Оваа претстава ја крена и завесата на 34. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ во […]

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија


На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу […]

Зверев избори полуфинале на УС опен


Њујорк – Германскиот тенисер Александар Зверев ноќеска го победи Холанѓанецот Ботик ван де Зандшулп во четвртфиналето на Отвореното првенство на САД со 6:2, 7:5 и 6:1. Мечот траеше 2 часа и 18 минути.  Дваесет и деветгодишниот Германец сервираше осум аса, направи седум двојни грешки и реализираше шест од девет брејк топки. Неговиот противник сервираше седум аса, […]

Две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележаа почетокот на новата културна сезона во Белград


Македонскиот Културно-информативен центар во Белград информира дека две изложби поддржани од Министерството за култура и туризам, го обележале почетокот на новата културна сезона во овој град.   -Прво беше отворена изложбата „Визии – Глава полна со луѓе“ на големиот македонски уметник Родољуб Анастасов, со која во КИЦ Белград беше одбележана 35-годишнината од независноста на нашата држава. […]

ЛДП: „Нула денари“ е најскапата лага – Владата призна „Рекет на стероиди“


  Изјавата на премиерот дека прославите и скапите концерти низ државата ја чинеле власта „нула денари“ бидејќи биле платени од „општествено одговорни компании“ не е вест за домаќинско работење, туку официјално признание за приватизација на државата. Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира дека кога приватниот капитал тајно ги финансира државните манифестации и владината ПР-пропаганда, тоа не е […]

Од Филхармонија до МНТ: Министерот Сулејмани за еден ден посети шест културни установи


Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, вчера оствари работна посета на шест значајни културни установи: Македонската филхармонија, Македонскиот народен театар, Музејот на Македонија, Музејот на современата уметност, Националниот конзерваторски центар  и Конзерваторскиот центар – Скопје. Посетата е дел од најавената и доследно спроведувана практика на министерот лично да ги посети, една по една, сите културни установи во земјава. Целта е непосредно, на самото место, […]

НЛБ Банка и Сојузот на здруженијата на пензионерите со Меморандум за поблиска соработка и поддршка на пензионерската заедница


НЛБ Банка Скопје и Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ) воспоставуваат поблиска соработка официјализирана преку Меморандум, а со цел заеднички да придонесат кон поголема финансиска сигурност, информираност и едукација, и активен живот на пензионерите во земјата. Меморандумот за соработка го потпишаа Тони Стојановски, претседател на Управниот одбор и Катерина Јанковиќ член на Управниот […]

Ни денар од буџетот не е потрошен за 8 Септември. Компании ја платија прославата, вели Мицкоски


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Штип одговарајќи на новинарско прашање во врска со сумата која е потрошена за организирање на настаните поврзани со одбележувањето на 35 годишнината од независноста на државата, истакна дека Буџетот и граѓаните сето ова ги чинело нула денари и сите активности биле организирани од општественo одговорни компании. „Имам лоша вест […]

Македонката Срна Шекерова освои второ место на Miss World New Generation 2026 во Србија


Минатата недела во Фрушке Терме, Војводина, Србија се одржа првото издание на изборот за MISS WORLD NEW GENERATION 2026. Македонија ја претставуваше 20 годишната Срна Шекерова од Скопје, која направи голем успех освојувајќи го второто место, односно титулата Прва придружничка. Победничка е претставничката на Конго, а титулата Втора придружничка ја освои Русинката. Нашата Срна освои […]

Халк Вело Грин повторно ги обедини спортот, природата и хуманоста во Маврово


Маврово вчера повторно беше во знакот на велосипедизмот, активниот животен стил и дружењето. На 8 септември, Халкбанк по седми пат ја организираше хронометарската велосипедска трка Халк Вело Грин, која и оваа година ги обедини рекреативците, професионалните велосипедисти, децата, младите и љубителите на природата во ден исполнет со спорт и позитивна енергија. Трката, која одамна прерасна […]