Македонката Срна Шекерова освои второ место на Miss World New Generation 2026 во Србија


Минатата недела во Фрушке Терме, Војводина, Србија се одржа првото издание на изборот за MISS WORLD NEW GENERATION 2026. Македонија ја претставуваше 20 годишната Срна Шекерова од Скопје, која направи голем успех освојувајќи го второто место, односно титулата Прва придружничка.

Победничка е претставничката на Конго, а титулата Втора придружничка ја освои Русинката.

Нашата Срна освои уште една титула, победи во натпреварот за Мис Талент со извонредна танчерска и вокална изведба.
Ова е нов интернационален избор за убавина, и се одржа за прв пат, а лиценцата за Македонија ја поседува Модното студио Црнокрак, чив член е нивната Срна и преку кое таа настапуваше на изборот.

 

Срна на финалната вечер се претстави во национален фустан изработен од нашата модна креаторка Наташа Карчева.

Фото: Студио Црнокрак