Заев со Вучиќ на отварање на јужниот крак на Коридорот 10 кон Северна Македонија во Грделичка клисура


Србија– Премиерот Зоран Заев денеска заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе присуствува на свеченото отварање на јужниот крак на Коридорот 10 на делницата низ Грделичката клисура во Србија. Како што е најавено од кабинетот на премиерот, Заев вечер во 20:00 часот ќе се обрати на свечената церемонија по повод отварањето за сообраќај на автопатот […]

Во Италија запленет хашиш во вредност од 50 милиони евра


Италија- Италијанската полиција во близина на островот Маретимо, западно од Сицилија, заплени 5.474 килограми хашиш, чија вредност е проценета на 50 милиони евра. Дрогата била откриена на 12-метарска едрилица, што пловела под турско знаме. Акцијата е спроведена по дојава од француската полиција, која ги информирала италијанските колеги дека едрилицата испловила од алжирското пристаниште Оран. Ова […]

Викендов во Скопје ќе се прска против комарци


Првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне викендов. -Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива денеска и утре, во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе […]

Финале на Евросонг: Тамара осма ќе пее за победа во Тел Авив


Поп-ѕвездата Тамара Тодевска со песната „Proud“ („Горда“) вечер под реден број 8 ќе настапи во финалната вечер на 64. Евровизија, што се одржува во Тел Авив, Израел. Aвтори на песната „Proud“ се Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски, а текстот е на Коста Петров и Сања Поповска. Придружни вокали се Александра Јанева, Антонија Гиговска и […]

Пет нови компании бараат од Царината да станат овластен економски оператор


Пет компании треба да добијат одобрение од Царинската управа за овластен економски оператор. Барањата, се во обработка и немаат согласност да ги објават нивните имиња. Кога овие пет барања ќе бидат одобрени од Царинската управа и ќе станат овластени економски оператори ќе им се придружат на двете компании што веќе имаат добиено одобрение за овластен […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Некои работи треба да се менуваат, но тоа не ве заплашува воопшто, напротив, го пречекувате ова како некој вид на предизвик и со широка насмевка на лицето. Имате мудри совети за себе и своите пријатели и сведоци сте на прекрасни случувања: направете напор да се запознаете подобро, без да се откриете повеќе пред другите. […]

Три даночни оази отстранети од црната листа на ЕУ


Белгија – Министрите за финансии на ЕУ ги отстранија Аруба, Барбадос и Бермудите од црната листа на даночни оази денеска во Брисел, листата сега содржи дванаесет територии. Европската Унија ја креираше црната листа во 2017 година по бројните скандали кои ги обелоденија истражувачките новинари со Лукс Ликс и Документите од Панама, со цел поефикасна борба против […]

По Холивуд, и Боливуд се пресели во Кан


Франција– По Холивуд, и Боливуд се пресели на престижниот црвен килим на Канскиот филмски фестивал. По Кроазета, со драматични тоалети, прошетаа актерките и мис Аишварија Раи, Депика Падуконе, Хина Кан, Пријанка Чопра, Кангана… Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Ињариту годинава претседава со жирито, кое на 25 мај ќе го прогласи добитникот на „Златната палма“. Во жирито […]

Европски национализам во балканско пакување


ЕРОЛ РИЗАОВ Европскиот национализам и егоизам стаса и во Македонија во ново балканско пакување. Не е толку примамлив повеќе оној квазипатриотизам инспириран од првата половина на минатиот век, иако сè уште е жив и се тркала по темните ќорсокаци. Сега се во тренд влијанијата на западноевропските десничарско фашистички застрашувања, кои на Балканот стасуваат на голема врата […]

Патувачкиот автобус на ЕУ ќе посети осум града по повод Денот на Европа


Како дел од кампањата „ЕУ за тебе“, патувачкиот автобус на ЕУ со претставници од Делегацијата на Европска Унија, амбасадори од неколку земји членки на ЕУ, студенти и претставници на медиуми ќе посетат осум града низ земјава, во периодот 20-31 мај 2019. Целта на патувачкиот автобус на ЕУ, организиран од Делегацијата на Европска Унија, е да […]

ВМРО доби нова шанса да се откаже од Груевски


ВМРО-ДПМНЕ сè уште се двоуми како да постапи при повторното гласање за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски поради тоа што повеќе од шест месеци неоправдано е отсутен од работа. Новата шанса што најголемата опозициска партија ја доби да се откаже од наследството на поранешниот премиер ги стави во ситуација да размислува што да […]

(Видео) За милион долари: Мадона на Евросонг со „Like a prayer“ и „Future“


Израел– Поп-ѕвездата Мадона утре, на финалето во арената „Експо“ , ќе испее две песни: хитот „Like a prayer“ и новата песна „„Future“. Од дваесетминутниот настап, специјалната гостинка ќе заработи милион долари, кои и ги обезбедува канадско-израелскиот милијардер и филантроп Силван Адамс. Со неговиот приватен авион ѕвездата слета неделава во Тел Авив. Сценографијата на Мадона пристигна […]

Челзи Менинг поради Асанж повторно в затвор


САД – Поранешната аналитичарка во американската армија Челси Менинг, ќе биде вратена в затвор по налог на федералниот суд поради „попречување на правдата“. Менинг одбила да одговори на прашања за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Претставник на нејзиниот адвокатски тим тоа го изјави по сослушувањето пред судот во Александрија. Судијата Ентони Тренга рече дека Менинг би […]

Нема дискриминација во забраната за запишување невакцинирани деца во школо и градинка


Не е дискриминирачка забраната за запишување и прием на невакцинирани деца со МРП во градинките и училиштата, смета Комисијата за заштита од дискриминација. Поттикната од претставките на граѓаните и јавно искажаните ставови во медиумите, Комисијата донесе Општо мислење според кое барањето потврда дека едно дете е вакцинирано со МРП при запишување во градинка или во школо […]

Градоначалникот на Њујорк најави кандидатура за претседателските избори


САД – Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио најави во видео порака дека ќе се кандидира за претседателските избори во САД. Педесет и осум годишниот член на Демократската партија би можел да има потешкотии да се издвои меѓу бројните демократи, посебно левичарски ориентираните, кои најавија дека ќе се натпреваруваат за партиската номинација за претседателски кандидат на […]

„Матурска парада 2019“ на плоштадот „Македонија“


На плоштадот „Македонија“ денеска на пладне ќе се одржи традиционалната манифестација „Матурска парада 2019“, на која ќе учествуваат околу 1.000 матуранти од Скопје. На „Матурската парада“ традиционално матурантите танцуваат квадрил. Освен во Скопје, парада на матуранти ќе има и во други градови низ земјава. Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во […]

Променливо облачно, со сончеви периоди


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи, локално со засилен ветер и појава на град. Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 14 до 24 степени. Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Попладне со врнежи од дожд. […]

Случај Богоевски: Се бараат наркотестови за сите функционери


Скандалот со пратеникот Павле Богоевски по објавената снимка на која тој тврди дека нарачува масло од канабис за близок болен член од семејството, а не кокаин, ја крена јавноста на нозе. Скопското обвинителство побарало МВР да го утврди идентитет на сопственикот на профилот „Илија Громовник“, каде што беше објавена снимката на пратеникот Павле Богоевски, во […]

За три месеци наплатени 7,7 милиони евра од патарини


Во првиот квартал од годинава Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) наплатило патарини во износ од 7,7 милиони евра, за 6,2 проценти повеќе во однос на првото тримесечје од минатата година, која е рекордна во наплатата на патарините. Лани биле реализирани 94 тендери за јавни набавки, а од почетокот на годинава 52. Од јануари до […]

Рецензија: „Гробишта за миленичиња“


И овој хорор, во режија на Кевин Кулш и Денис Видмир, со Џејсон Кларк, Еми Сајмец и Џон Литков,  како и многу претходни ја користи темата на животот на мртвите. Оригиналноста на овој се состои во тоа дека мртвите можат да видат што живите им правеле зад грб – додека мртвите биле живи. Исто така, […]