Три даночни оази отстранети од црната листа на ЕУ
Европската Унија ја креираше црната листа во 2017 година по бројните скандали кои ги обелоденија истражувачките новинари со Лукс Ликс и Документите од Панама, со цел поефикасна борба против даночната евазија во Европа и поголема фискална транспарентност.
Денеска овие три територии се отстрануваат затоа што докажале дека ќе преземат конкретни мерки во борбата против овој феномен.
– Барбадос даде солидни политички заложби за отстранување на системите кои овозможуваат даночна евазија на нивна територија, додека пак Аруба и Бермуди веќе ги исполниле своите заложби, соопштија денеска министрите за финансии на ЕУ.
Аруба е сега целосно отстранета од црната листа, а двете други остануваат привремено на сивата листа.
Останатите територии на црната листа на ЕУ се Самоа, Белизе, Доминикана, Фиџи, Гвам, Маршалски острови, Тринидад и Тобаго, Обединети Арапски Емирати, Вануату и Девствените острови.