Хороскоп: Што велат ѕвездите за викендов


ОВЕН: Некои работи треба да се менуваат, но тоа не ве заплашува воопшто, напротив, го пречекувате ова како некој вид на предизвик и со широка насмевка на лицето. Имате мудри совети за себе и своите пријатели и сведоци сте на прекрасни случувања: направете напор да се запознаете подобро, без да се откриете повеќе пред другите. Успех.

БИК: Со повеќе планети во својот знак, ќе треба да најдете начин практично да се усогласите со другите: добродушни и стабилни, ќе направите сѐ да ги искористите своите таленти. По напорната недела редно време е да земете здив и да ѝ се посветите на љубовта: нежни и слатки моменти, во кои што уживате со бавно темпо. Насмејте се!

БЛИЗНАЦИ: Промашени планови, инвестиции и конечен дебакл: останете смирени и при најтешките моменти. Застанете за кратко и запрашајте се што е она што ве прави неаздоволни, наоѓајќи време да се релаксирате и да бидете благодарни затоа што сѐуште постојат шанси за напредување. Не дозволувајте другите да донесуваат решенија во ваше име.

РАК: Не дозволувајте тврдоглавоста или некој опонент да ве одведат во погрешна насока: можеби сте инаетливи само за да си докажете нешто што одамна го знаете? Некои работи бараат соочување, но тоа не е начин со кој што би ги решиле. Бидете директни, но не и агресивни: на тој начин би го откриле единствено сопствените стравови.

ЛАВ: Крајно време е да се смирите и да им се приближите на другите на релаксиран начин: бидете понеутрални и едноставни. Ништо не е случајно и сѐ се случува по некој божествен тајминг: постои само вистина, а лагата е она што се измислува. Комплетна смиреност и хармонија меѓу вас и саканите. Ако работите нешто, ќе постигнете успех.

ДЕВИЦА: Со чисти мотиви, уживате во убаво друштво и здрави пријателства. Ако некој и ви направи нешто лошо, вратите му со добро и покажете како се исправаат грешките. Емоциите се нагласени, но задржете ја невиноста и љубовта: набрзо ќе успеете да најдете време само за себе. Убави вести, интересни понуди и позитивна енергија. Без претерување!

ВАГА: Неодамна уживавте со пријателите во некој повод за славење и сѐуште се сеќавате на овие моменти: средба со влијателна личност, со страсна и креативна природа. Добро размислете за новите сугестии, бидејќи тие треба да се со долготраен карактер и бараат сериозно посветување. Најдете време да се одморите и да ги обновите силите.

СКОРПИЈА: Ќе треба да внимавате и да не бидете измамени од луѓе од вашата непсоредна околина: некој кој што сака да им побегне на своите должности, а при тоа би можеле да изгубите и значителна сума на пари. Обратете му се на оној со најголем авторитет и консултирајте се како да ги консолидирате проектите. Средба со елегантна и луксузна личност.

СТРЕЛЕЦ: Во фокус доаѓа вашиот друштвен живот: прослава со пријателите, изненадување од страна на саканите и неочекувани средби. Се е можно за време на Полната Месечина: прашајте се добро со кој ќе ја споделите вашата слобода, бидејќи веќе сте уморни, а ве чекаат и нови клиенти. Креативни и оригинални, изобилувате со нови идеи.

ЈАРЕЦ: Ова е период кога што треба да ја наметнете својата сила и воља: пријателите се тука да ви помогнат во вашите проекти и повисоки цели. Сериозни сте во мислењето дека само најсилните опстануваат, но ќе биде будалесто ако се бунтувате без причина: така ќе губите средства и време. Груби искуства со кои што доаѓате до нови реализации.

ВОДОЛИЈА: Задоволни поради успешната недела, ќе најдете начин да славите и да се опуштите: убав период минат во друштво на блиските и пријателите и многу причини за искрена радост. Дозволете си да се почестите нешто и купете некој луксузен предмет, кој што ќе ве потсеќа на вложениот труд. Успевате да ги надминете искушенијата и стравовите.

РИБИ: Љубов и лојалност во интимните врски: среќни и исполнети, уживате во друштво на своите пријатели. Економската ситуација е добра и сѐ што не чинише до сега, се средува самото од себе. Консултација со повозрасна личност, која што има силна интуиција и големо влијание во вашиот живот. Почекајте уште малку за новите инвестиции.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]