(Видео) За милион долари: Мадона на Евросонг со „Like a prayer“ и „Future“


Израел– Поп-ѕвездата Мадона утре, на финалето во арената „Експо“ , ќе испее две песни: хитот „Like a prayer“ и новата песна „„Future“. Од дваесетминутниот настап, специјалната гостинка ќе заработи милион долари, кои и ги обезбедува канадско-израелскиот милијардер и филантроп Силван Адамс. Со неговиот приватен авион ѕвездата слета неделава во Тел Авив.

Сценографијата на Мадона пристигна во Израел на товарен авион со 30 тони опрема, вклучувајќи 70 скали и лифт кој ќе биде дел од перформансот. Другите подготовки вклучуваат комплекс од шатори зад сцената за тимот на Мадона и четири целосни проби.

Придружбата на Мадона се состои од раперот Кову, хор од 40 луѓе, 25 танчери и десетици кореографи, постановки, осветлување и видео арт персонал за нејзиниот настап.

Адамс, кој живее во Израел од 2015 година и финансирал неколку големи проекти, вклучувајќи ја и трката на велосипеди „Големиот старт на Џиро д’Италија“, која се одржа во областа во Ерусалим минатата година, рече дека е огромна  чест да биде домаќин на Мадона за настапот на Евровизија.

„Евровизијата што се одржува во Тел Авив го носи најголемиот музички натпревар во светот и возбуден сум што Мадона ќе биде овогодишно заштитно лице на Евровизија и ќе го зголеми рејтингот, интересот и возбудата за она што се надевам дека ќе биде најуспешната Евровизија досега,„ изјави Адамс. „Евровизијата ги спојува земјите, како и културите, толеранцијата и пријателството преку музика, а Израел е совршен дом за домаќин на натпреварот и за унапредување на тие вредности. Верувам дека целиот Израел ми се придружува во моите желби и во посакувањето добредојде на Мадона.”

Мадона досега има трипати настапено во Израел: во 1993-та година, 2009-та, а во текот на летото во 2012-та година.

Како долгогодишен љубител на кабалата, Мадона во неколку наврати била на аџилак во Израел

Претходно, извршниот продуцент на Евровизија, Џон Ола Санд, изјави дека Европската радиодифузна унија (ЕБУ) нема потпишано договор со нејзиниот тим.