По Холивуд, и Боливуд се пресели во Кан


Франција– По Холивуд, и Боливуд се пресели на престижниот црвен килим на Канскиот филмски фестивал. По Кроазета, со драматични тоалети, прошетаа актерките и мис Аишварија Раи, Депика Падуконе, Хина Кан, Пријанка Чопра, Кангана…

Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Ињариту годинава претседава со жирито, кое на 25 мај ќе го прогласи добитникот на „Златната палма“. Во жирито се и актерката Ел Фанинг и Маимоуна Н`Диаје од Буркина Фасо, како и режисерите Аличе Рохвафер, Енки Билал и Робин Кампиљо, Кели Рајхард и Јоргос Лантимос.

„Златната палма“ за животно дело годинава оди во рацете на актерската икона Ален Делон.

Во натпреварувачката програма за „Златна палма“ се тркаат над 20 филма. Шпанскиот велемајстор Педро Алмадовар ќе ја презентира својата нова мелодрама, од Белгија пристигнуваат двојните добитници на „Златна палма“, Жан-Пјер и Лук Дарден. Од Велика Британија пристигнува ветеранот Кен Лоач, од САД Теренс Малик, од Канада режисерското „чудо од дете“ Ксавиер Долан. Во конкуренција се и филмови од Кина и Јужна Кореја, Бразил, како и францускиот режисер Абделатиф Кешиш, кој со највисокото признание се закити во 2013 година.