Јануш Камински, Семи Капланоглу, Воли Фистер, Тимо Салминен…гости на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола


Годинава имаме импресивна програма со рекорден број филмови и едукативни содржини. Морам да потенцирам дека имаме прекрасни автори и огромна бројка на гости на ова издание. Покрај лауреатите Ден Лаустсен и Џеф Кроненвет, во Битола доаѓаат Јануш Камински, Семи Капланоглу, Воли Фистер, Тимо Салминен и ред истакнати имиња од светската кинематографија, рече на денешната прес […]

„Армани“ започнува ново поглавје – Дарио Витале именуван за нов креативен директор


Милано – Armani започнува ново поглавје со доаѓањето на #DarioVitale во групацијата како креативен директор на Emporio Armani. Дизајнерот исто така ќе раководи со секторот за модни додатоци во Giorgio Armani. Именувањето на Витале доаѓа една година по смртта на основачот и креативен директор на компанијата, Џорџо Армани, кој почина на 91-годишна возраст. Витале е […]

Од робот до четбот: Дискусија на „Букстар 2026“ за ерата што доаѓа


Што се случува со човекот, јазикот и книжевноста во време кога машините не само што извршуваат задачи, туку разговараат со нас, создаваат текстови и сè почесто влегуваат во просторот на литературата што го сметавме за исклучиво човечки? Во разговор со некои од најзначајните современи македонски писатели ќе отвориме прашања за вештачката интелигенција, технологијата и иднината […]

Јавноста не ја виде венчаницата на Тејлор Свифт ама Бред Пит откри детали од „свадбата на годината“


Њујорк – Свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келс беше токму она што го сакаа: приватна, опуштена и без мобилни телефони што би ги одвлекле  вниманието на гостите. Меѓу гостите беше и Бред Пит, кој откри дека атмосферата на прославата била толку добра што во еден момент ја изгубил од вид својата девојка Инес де […]

Откриено името на новородената ќерка на Гага и Полански


Лос Анџелес – Лејди Гага и нејзиниот свршеник Мајкл Полански станаа родители, именувајќи ја својата ќерка Роуз. Веста за името првпат беше објавена во четврток од TMZ, кој го доби изводот од матичната книга на родените на детето. Според документот, целосното име на девојчето е Роуз Бин Полански. Таа е родена на 9 јуни во […]

Хјуман рајтс воч: Пресудите за Тачи и други лидери на ОВК се важен чекор кон правдата


Берлин –   Пресудите за воени злосторства против поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и тројца други водачи на поранешната ОВК, изречени оваа недела претставуваат важен чекор кон утврдување одговорност за жртвите од конфликтот во Косово од 1998-1999 година, објави меѓународната организација Хјуман рајтс воч. Таа организација за заштита на човековите права истакнува дека Специјализираниот совет на […]

Кога се будиш во Турција покрај езеро, а не со поглед на море (фото)


Есенските патувања стануваат сè попопуларни, а септември е особено привлечен за патниците поради пријатното време, помалиот број туристи и променливите бои на природата. Езерата во Турција се одлична можност за потрага по необични искуства надвор од летната сезона. Едно од нив е езерото Сапанџа, сместено во непосредна близина на Истанбул. Привлечната тиркизна вода меѓу ридовите […]

Студентите во Србија го искористија хитот на Северина за кампања, таа веднаш реагираше


Студентите кои учествуваа во блокадата на Факултетот за драмски уметности во Србија објавија ново промотивно видео пред изборите. Тие го искористија еден од најпознатите хитови на Северина за својата кампања, а изборот на песна не беше случаен.     „Бројам до 3“ Нивната „Студентски список – Студентите победуваат“ е трета на изборите, па затоа свиреа […]

Една септемвриска тетратка на Гордана Михаилова Бошнакоска, цел еден свет (фото)


Луцидна и инспиративна промоција со убав свет од сите генерации се одржа синоќа  во КИЦ во Скопје по повод најновата поетска збирка „Септемвриска тетратка “ од поетесата Гордана Михаилова Бошнакоска (1940, Битола), дело во кое личното, книжевното и културното искуство се испреплетуваат  во една необична, жанровски отворена целина. „Септемврика тетратка“, во издание на „Полица“, е […]

Стејт департментот одобри потенцијална продажба на 48 авиони Ф-35 на Саудиска Арабија за 24,3 милијарди долари


Вашингтон – Стејт департментот објави дека ја одобрил потенцијалната продажба на борбени авиони Ф-35 „Лајтнинг II“ од компанијата „Локид Мартин“ на Саудиска Арабија, во вредност од 24,3 милијарди долари. Продажбата што допрва треба да биде одобрена од американскиот Конгрес, предвидува 48 авиони-ловци и 49 мотори на компанијата „Прат енд Витни“, како и резервни делови и друга […]

Венецуела е се поблиску до договор за префрлање над 4 милијарди долари резерви на злато во Њујорк


Лондон –   Венецуелската влада и опозицијата во државата се пред постигнување договор за префрлање на златните резерви на централната банка, во вредност од околу 4 милијарди долари, од Банката на Англија до Федералната резервна банка на Њујорк, објави „Фајненшл тајмс“. Договорот предвидува привремената влада предводена од Делсеа Родригез да добие законска контрола врз златото, но […]

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина


Брисел – Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, синоќа изјави дека Европската Унија ќе продолжи да ја поддржува Украина и дека за тоа телефонски разговарала со украинскиот претседател, Володимир Зеленски. „Русија немилосрдно го гаѓа Киев, обидувајќи се да го оневозможи секојдневниот живот на неговите жители. Стоиме со нив. И со сите Украинци. Утре […]

Пентагон разгледува план за повлекување на речиси една третина од американските сили од Европа


Вашингтон –    Пентагон разгледува план за повлекување авиони, воени бродови, оружје и десетици илјади американски војници од Европа, и покрај предупредувањата од сојузниците на НАТО за растечката закана од руска агресија, јави Ен-Би-Си повикувајќи се на седум сегашни и поранешни западни и американски функционери. Станува збор за можно повлекување на околу една третина од […]

Милев стави крај на кариерата: Имам достојна замена во младите одбојкари


Долгогодишниот македонски репрезентативец Владо Милев стави крај на одбојкарската кариера во која последен пат настапи во националниот дрес во вчерашната победа над Израел од 3-0 на Европското првенство во Софија. „Премногу ѝ дадов и јас на одбојката, но и таа мене. Чувствувам дека е време за крај и телото ми го кажува тоа. Среќен сум […]

Street Food Picnic втор пат во Центар, три дена храна, музика и семејна забава


Паркот на Франкофонија од денеска до 20 септември ќе биде домаќин на второто издание на Street Food Picnic, тридневен настан кој ќе понуди добра храна, музика и содржини за целото семејство.  Како што информира Општина Центар, годинашното издание е посветено на семејното дружење и заедничкото поминување време на отворено. Во опуштена пикник атмосфера, посетителите ќе […]

Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – се воведува сидрена цена


Загреб –    Од 1 октомври, во Хрватска ќе се применува нов референтен датум за таканаречената „сидрена цена“ – 10 септември 2026 година, а трговците и давателите на услуги ќе мора да ја наведат, заедно со тековната цена, и редовната цена што била во сила на тој датум, јавија хрватските медиуми. „Сидрена цена“ е референтна редовна […]

Седмо издание на Скопски градски фестивал, премиери и уметници од шест земји


Од денеска до 26 септември  ќе се одржи седмото издание на Скопскиот градски фестивал, годинава со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе донесе уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, во концертни проекти што ги поврзуваат џезот, класичната музика, современото авторско творештво и […]

Нов Зеланд не преговарал со ЕУ за асоцирано членство


Велингтон – Нов Зеланд не водел никакви преговори со Европската Унија за да стане асоциран член, изјави денеска портпарол на новозеландскиот министер за надворешни работи, Винстон Питерс. „Немало дискусии со ЕУ Нов Зеланд да стане асоциран член“, изјави портпаролот. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да „ги отвори […]

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава минатата недела им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија. Откако побегна од земјава, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше […]

Сончево со локална облачност


 Во земјава денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 8 до 16, а максималните ќе достигнат од 26 до 32 степени. Во Скопје ќе се задржи сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб ветер […]