Од робот до четбот: Дискусија на „Букстар 2026“ за ерата што доаѓа


Што се случува со човекот, јазикот и книжевноста во време кога машините не само што извршуваат задачи, туку разговараат со нас, создаваат текстови и сè почесто влегуваат во просторот на литературата што го сметавме за исклучиво човечки?



Во разговор со некои од најзначајните современи македонски писатели ќе отвориме прашања за вештачката интелигенција, технологијата и иднината што веќе започна.



💬✒️Дали „четботовите“ се само нови алатки или навестување на длабока промена во начинот на кој мислиме, пишуваме и комуницираме? И што останува неповторливо човечко во ерата на алгоритмите?



Разговор со авторите Ненад Јолдески, Валентин Нешовски, Соња Станковска, Александар Русјаков и Влада Урошевиќ



Модератор: Фросина Пармаковска



📆28 септември, 18.30 – Лабораториум

https://bookstar.mk/



#Министерствозакултура #komercijalnabanka #laboratorium #антологџии