Астрономски календар


Денеска е петок, 18 септември 2026 година, 261-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 104 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 17 минути, а ќе зајде во 18 часот и 38 минути. Денов трае 12 часа и 21 минута. Месечината, која е во фаза на прва четвртина ќе изгрее во […]

Федра – Антропологија на една желба“: Дино Мустафиќ во Драмски ги судира Расин и Сара Кејн во една театарска вечер


Драмски театар Скопје на 19 септември, во 20 часот, премиерно ќе го изведе диптихот „Федра – Антропологија на една желба“, во режија на Дино Мустафиќ, театарски проект што во една вечер ги соочува „Федра“ на Жан Расин и „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн. Две драми што ги делат векови, јазик и поетика се среќаваат […]

Во тек е третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади


Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 декември 2026 година. Конкурсот, кој е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, беше отворен на 11 март, веднаш по соопштувањето на вториот добитник на признанието – „Чудна случка […]

МАНУ со „Континуитети“ ја претстави македонската врвна ликовна уметност пред црногорската јавност


 Во Црногорската академија на науките и уметностите во Подгорица, на 15 септември 2026 беше отворена изложбата „Континуитети“, со која Македонската академија на науките и уметностите пред црногорската културна јавност претстави избор од значајни остварувања на македонската ликовна уметност. Изложбата, реализирана во соработка меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Црногорската академија на науките и […]

За викендот стабилно и топло време, од вторник пад на температурите


 До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Министрите се менуваат, МНТ чека да блесне


Премиерите во МНТ непречено се одвиват додека трае темелната реконструкција и санација на барокниот објект , вредна над 560 илјади евра (околу 35 милиони денари), со цел да се реши долгогодишниот проблем со прокиснувањето.Тендерот објавен преку Бирото за јавни набавки го доби скопската фирма „Мартин инженеринг“.Проектот почнат во август, опфаќа комплетна санација на проодните тераси […]

Инклузивна промоција на трите сликовници на Денис Јанкуловски – Космонаутко во Europe House Тетово


Во рамките на дополнителната програма на 14. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан од Скопје, вечерва во 19 часот во Europe House Тетово ќе се одржи инклузивна промоција на три сликовници на Денис Јанкуловски – Космонаутко. Станува збор за изданијата на „Прозарт“ од Скопје – „Големиот сон“, „Другарко“ и „Другарка, другарко и две маченца“. На промоцијата […]

Мања Величковска ја доби наградата „Ладислав Баришиќ“ за современо критично пишување за 2026


Наградата „Ладислав Баришиќ“ за современо критичко пишување за 2026 година ја доби Мања Величковска за текстот „Настраните на крајот на светот: Анализа на есхатолошката антиродова имагинација во македонската квир култура“. Величковска во текстот „Настраните на крајот на светот: Анализа на есхатолошката антиродова имагинација во македонската квир култура“, ги анализира механизмите преку кои квир телата, знаењата […]

Мадона се враќа на сцената каде што ја бакна Бритни Спирс по 23 години


Лос Анџелес – Дваесет и три години по нејзиниот незаборавен настап со Бритни Спирс и Кристина Агилера, Мадона се враќа на сцената на MTV Video Music Awards. Поп-ѕвездата ќе ги отвори овогодинешните награди, а тоа ќе биде нејзино прво појавување на сцената на VMA од 2003 година. CBS и MTV потврдија дека Мадона ќе настапи […]

Мајкл Б. Џордан најави пауза од глумата: „Работам нон-стоп“


МАЈКЛ Б. Џордан објави дека планира да направи пауза од глумата следната година. Во интервју за октомвриското издание на списанието „Вог“, чиј насловна страница го краси, 39-годишниот актер откри дека планира привремено да се пензионира во средината на 2027 година и конечно да ја направи паузата за која размислувал повеќе од една деценија. Откако освои […]

Кралот Чарлс одговори на тврдењата на Чарлс Спенсер за принцезата Дијана во ретка изјава


Во необичен потег, кралот Чарлс одговори на тврдењата изнесени во претстојната книга на Чарлс Спенсер. „Дејли мејл“ во средата објави извадок од претстојните мемоари на Спенсер, насловени „Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“ (Swan Song: Diana, My Sister), во кои поранешниот зет на кралот опишува жесток разговор што го водел со Чарлс по смртта на својата […]

Меклмор ќе донира 1 милион долари од турнејата на Ед Ширан за Палестина


Раперот Меклмор објави дека ќе донира 1 милион долари, целиот приход од турнејата на Ед Ширан, на организации кои им помагаат на Палестинците. Одлуката доаѓа откако тој беше отстранет од турнејата поради неговите изјави за поддршка на Палестина. Раперот, исто така, го повика Роберт Крафт, милијардерот сопственик на Њу Ингланд Патриотс од НФЛ, да донира […]

2025 година меѓу најсушните во светот во последните неколку децении


Женева – За реките ширум светот, минатата 2025 година беше една од најсушните во последните неколку децении, соопшти денеска Светската метеоролошка организација (СМО), предупредувајќи дека тоа укажува на намалување на резервите на вода на површината на Земјата и предизвикува загриженост за идното снабдување со вода.  Копнените резерви на вода, вклучително и подземните води, езерата, вегетацијата, […]

САД немаат право на вето врз геополитичките одлуки на ЕУ, вели Франција


Брисел –   САД немаат право на вето врз геополитичките одлуки на ЕУ, изјави францускиот министер за европски прашања Бенжамен Адад. Неговата изјава беше дадена откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги зголеми царините за стоките од ЕУ поради одлуката на блокот да ја покани Канада да стане нивна прва придружна членка. „Ниту […]

Марк Карни денеска се обраќа пред Европскиот парламент


Стразбур – Канадскиот премиер Марк Карни денес ќе се обрати пред Европскиот парламент откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека доделувањето статус на придружна членка на Канада на ЕУ може да биде „непријателски чин“, објавија американските медиуми. Коментарите на Трамп го зголемија значењето на говорот на Карни, кој ќе се следи за знаци дали премиерот ќе […]

Кос за бугарски БНТ: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот устав за да се движи напред кон ЕУ


Еврокомесарката за проширување Марта Кос вели дека Македонија треба да ги направи уставните измени со кои Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, како услов за продолжување на евроинтегративниот процес. Во интервју за бугарскиот БНТ на прашањето како може да влијае врз Скопје да ги направи уставните измени, Кос порача дека верува оти со новата бугарска Влада ќе […]

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3


Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, за разлика од младите во ЕУ кои си заминуваат на 26,3 години. Според податоците на Евростат за 2025 година, најдолго во домот на родителите остануваат младите во Хрватска (31,5 години), Грција и Словачка (и двете по 30,9), како и во Шпанија и […]

Администрацијата на Трамп укинала помош од 177 милијарди долари за граѓаните


Вашингтон –    Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој се врати во Белата куќа, укинала или замрзнала 177 милијарди долари федерални грантови, главно за здравствена заштита, исхрана, заштита на животната средина и помош при катастрофи. Непрофитната организација „States United Democracy Center“ и „Grant Witness“ – група научници, истражувачи и адвокати кои документираат промени […]

Пристапно предавање на доп. член Димитар Трајанов во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите има чест да ве покани на пристапното предавање на доп. член Димитар Трајанов на тема „ГРАДЕЊЕ НАЦИОНАЛНИ КАПАЦИТЕТИ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: ЗНАЕЊЕ, ПОДАТОЦИ, МОДЕЛИ И ДИГИТАЛЕН СУВЕРЕНИТЕТ“. Предавањето ќе се одржи на 23 септември (среда) 2026 година, во 12 часот.

Концерт на Македонска филхармонија во рамки на „Денови на македонската музика“


Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“. На програмата се „Циклус песни“ од Стојан Стојков (2004), „Темпера 3“ од Тома Прошев (1968), увертира „Храдебни“ (1997) од Горан Начевски и Концерт за симфониски оркестар „Ремикс“ (2012) од Гоце Гавриловски. Диригент е Иван Еминовиќ, а […]