Почина француската актерка Марина Влади


Париз – Француската актерка Марина Влади, која настапи во повеќе од 80 филмови и освои награда на Филмскиот фестивал во Кан во 1963 година, почина на 88-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство за АФП. Актерката беше една од истакнатите личности на италијанската и француската кинематографија, а кариерата ја започна со филмот „Пред потопот“ (Avant le déluge) […]

Анталија во октомври ќе биде домаќин на 77. Меѓународен астронаутички конгрес


На почетокот на наредниот месец погледите на светската вселенска заедница ќе бидат насочени кон Анталија, каде што од 5 до 9 октомври ќе се одржи 77. Меѓународен астронаутички конгрес (IAC 2026). За првпат во историјата на конгресот, Турција ќе биде домаќин на еден од најголемите и најзначајните светски собири посветени на вселената, на кој во […]

Четири награди за НУ Турски театар Скопје на фестивал во Драч


 Претставата „Слепци“ на НУ Турскиот театар – Скопје освои четири награди на првото издание на Интернационалниот театарски фестивал „Dyrrachium“ во Драч, Албанија. Главната награда на фестивалот – за најдобар ансамбл – му припадна на ансамблот на НУ Турски театар за целокупната актерска изведба во претставата „Слепци”. Претставата ја освои и наградата за најдобра претстава, додека […]

Португалија без Роналдо ја победи Норвешка


Осло – Португалија ја победи Норвешка со 2:1 во второто коло од групната фаза на Лигата на нации. Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Улевал“ во Осло. Жоао Феликс и Гонсало Рамош постигнаа голови за Португалија. Еден гол на Рамош ВАР го поништи поради минимален офсајд. Ерлинг Халанд го постигна единствениот гол за Норвешка. Капитенот […]

Али Синани разрешен од Националната галерија по инспекциски надзор, Нарона Весели назначена за в. д. директорка


Директорот на Националната галерија на Македонија, Али Синани, е разрешен од функцијата откако вонреден инспекциски надзор утврдил повеќе незаконитости и неправилности во работењето на институцијата. . Како дополнителна причина се наведува и нереализирање на дел од годишната програма на Националната галерија за 2026 година. За вршителка на должноста директорка е назначена Нарона Весели, која е […]

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург


 Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург. Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“, соопштија денеска од нејзиниот кабинет. Европскиот самит во Салцбург е годишен собир во организација на Институтот на регионите на […]

„Млади за млади“ – концерт на Леона Кондратенко и Фатима Алиева во Филхармонија


 Во рамки на концертниот циклус „Млади за млади“, Музичка младина на Македонија организира концерт на младите музичарки Леона Кондратенко – виола и Фатима Алиева – пијано, кој ќе се одржи на 28 септември 2026 година, со почеток во 19:30 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија. Концертот е дел од соработката помеѓу Музичка младина на […]

Американската армија целосно се повлече од Ирак


Багдад – Сите американски борбени сили и единици за логистичка поддршка се повлекоа од Ирак, изјави неименуван ирачки извор, а засега нема официјална потврда од САД. Официјалниот рок за повлекување на американските сили истекува на 30 септември, при што се прогласени четири неработни дена во Ирак по повод прославата на Денот на независноста. САД и нивните […]

Евроамбасадорот Рокас во посета на Дебар


Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас денеска ќе ја посети Општина Дебар, а како што појаснуваат од Делегацијата на ЕУ посетата е дел од иницијатива за приближување на ЕУ и процесот на интеграција на земјата до локалните заедници. Посетата на Дебар ќе започне со средби меѓу амбасадорот Рокас, градоначалникот Фисник Мела и членовите […]

Светлана Мојсов ќе одржи предавање во МАНУ


Светски реномираната научничка и истражувачка во областа на биохемијата, Светлана Мојсов денеска напладне ќе одржи предавање во Македонската академија на науките и уметностите. Темата на предавањето е „„GLP-1: Хемијата е од суштинско значење: Од потенцијален пептид до ефикасни лекови за дијабетес и дебелина“, -Македонската академија на науките и уметностите има чест да ве покани на […]

Започнува 12. Фестивал на европската литература „Букстар“ во Скопје


Дванаесеттото издание на Фестивалот на европската литература „Букстар“ започнува денеска и ќе трае до 30 септември во Скопје, под мотото „Чуму слободата?“.  Како што соопштуваат од Антолог, во тридневната програма се најавени средби со странски и македонски автори, книжевни читања, разговори, поткасти и дебати. Годинашното издание ги отвора прашањата за слободата, личната и колективната меморија, […]

Прекинато водоснабдување на дел од булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Аеродром


Поради изведување водоводен приклучок на булевар „Видое Смилевски-Бато“, кај полициската станица, денеска ќе биде прекинато водоснабдувањето за корисниците од овој булевар во Општина Аеродром. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинот ќе трае од 08:00 часот до завршување на работите. – Поради изведување на водоводен приклучок ф-150мм на булевар Видое Смилевски Бато бб, кај […]

Променливо облачно со сончеви периоди


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 28 септември 2026 година, 271-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 94 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 27 минути, а ќе зајде во 18 часот и 21 минута. Денов трае 11 часа и 53 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

Шерон Стоун меѓу наградените моќни жени на „Варајати“


„Варајати“ штотуку ја објави листата на наградени за овогодинешниот настан „Моќта на жените“, презентиран од „Лајфтајм“, и станува збор за навистина моќна група. Прославата ќе се одржи во Беверли Хилс во среда, 23 септември, по објавувањето на бројот „Моќта на жените“ на „Варајати“ на 17 септември, а секоја наградена ќе се појави на насловната страница […]

СЗО: До 2030 година светот ќе се соочи со глобален недостиг на медицински работници


Женева – Светската здравствена организација (СЗО) денеска предупреди дека светот до 2030 година ќе се соочи со недостиг на медицински персонал, со оглед на тоа што една четвртина од лекарите ќе се пензионираат во следните 10 години. „Во многу земји, и населението и здравствените работници стареат истовремено. Ова може дополнително да го влоши проектираниот глобален недостиг […]

Шпанската полиција почна операција за отстранување на мигрантите од плажите на Сеута


Сеута – Шпанската полиција за разбивање демонстрации денеска лансира гумени куршуми во воздух и тепаше луѓе со палки во операција за чистење на плажите во шпанската северноафриканска енклава Сеута од илјадниците мигранти и нивно преместување во привремено сместување. Операцијата за отстранување на мигрантите од плажите почна утрово непосредно пред 7 часот по локално време, а во […]

Доказната постапка за „Државна лотарија“ почнува на 23 септември


 Судењето за „Државна лотарија“ продолжува на 23 септември со доказна постапка, читање докази од страна на Обвинителството, откога во Основниот кривичен суд Скопје првообвинетиот поранешен директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, денеска изјави дека не се чувствува виновен.  Судот на денешното рочиште одлучи доказите да се изведуваат како што предложи Обвинителството, со нивно читање и […]

Почина легендата на Работнички, Томче Филиповски


Поранешниот легендарен фудбалер на скопски Работнички и прв човек на југословенскиот фудбал на крајот од 80-те години од минатиот век, Томче Филиповски, почина на 84-годишна возраст, Со неговото име се врзани бројни успеси на клубот од Дебар Маало за кој Филиповски настапуваше 18 години во кои одигра 633 натпревари и постигна 225 голови. Во сезоната […]

Џемајма Кан по втор пат кажа „да“ додека нејзиниот екс-сопруг гние во затвор во Пакистан


Џемајма Кан ги сподели првите фотографии од нејзината венчавка со ирско-австралискиот финансиер Камерон О’Рајли. Двојката стапи во брак со традиционална црковна церемонија, при што невестата (52) носеше проѕирен фустан во стилот на принцеза, креација на „Оскар де ла Рента“. Дизајнот со мрежеста свилена структура беше верзија на фустан од колекцијата за невести пролет/лето 2024 на […]