„Европски дијалози“ во Скопје: Изложбата „Солидарноста како иднина“ го отвора четиридневниот форум за европското наследство и иднината на Европа


Со изложбата „Солидарноста како иднина“ во Музејот на современата уметност вечерва во Скопје ќе бидат отворени „Европските дијалози“, четиридневен меѓународен форум посветен на европското наследство, граѓанското општество и иднината на Европската Унија. Настанот е во организација на Францускиот институт во Париз, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија. Преку поставката „Солидарноста […]

Без вода дел од корисниците од две улици во Центар


Без вода денеска од 9 часот ќе останат корисниците од дел од улиците „Владимир Полежиновски“ и „20 Октомври“ во Општина Центар. Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекинот во водоснабдувањето е поради изведување водоводен приклучок со пречник Ф-80 милиметри на улицата „Владимир Полежиновски“ бр. 17 и ќе трае до завршување на работните […]

Промоција на книгата „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“ од академик Таки Фити


Книгата „Неолибералната економска филозофија: Подем, пад, перспективи“ од академик Таки Фити денеска напладне ќе биде промовирана во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Станува збор за студија посветена на неолибералните економски модели кои доминираат во современиот свет, со анализа на факторите што придонеле за нивниот подем, причините за кризата на неолибералниот концепт и можните […]

Илјадници луѓе протестираа во Прага против владата на Бабиш


Прага – Илјадници луѓе вчера излегоа на улиците на Прага на протести против деснопопулистичката влада на милијардерот и премиер Андреј Бабиш, јави ДПА. Протестот го организираше движењето „Милион моменти за демократијата“, кое ја обвини Владата дека не прави доволно за зајакнување на националната безбедност и за борба против дезинформациите. „Не треба да ја потценуваме опасноста […]

Променливо време со ниски утрински температури


Променливо облачно време со сончеви периоди најавуваат синоптичарите. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје слично време со утринска температура до […]

Дамијано Давид од „Манескин“ и Дав Камерон се венчаа во Тоскана


Официјално е: Дав Камерон и Дамијано Давид се во брак. Актерката и фронтменот на групата „Måneskin“ стапија во брак на 24 септември во Монталчино, Тоскана, избирајќи го срцето на долината Вал д’Орча за интимна граѓанска церемонија. Двојката си ги кажа судбоносните „да“ во историската зграда „Палацо Комунале“ во Монталчино, опкружена со декорација од бели хортензии […]

Во Ровињ првпат претставен филмскиот проект за Тоше Проески – приказната што сите ја знаат, филмот што никој не го видел


Еден од најзначајните регионални собири на медиумската, комуникациската и креативната индустрија, Weekend.19 во Ровињ, годинава беше местото каде што за првпат пред публика беше претставен големиот филмски проект за Тоше Проески, зад кој стои ОХО Продукција. Во Старата фабрика за тутун во Ровињ, која од 24 до 27 септември повторно стана средиште на регионалната медиумска, […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 29 септември 2026 година, 272-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 93 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 28 минути, а ќе зајде во 18 часот и 19 минути. Денов трае 11 часа и 50 минути. Месечината, која е во фаза на полна месечина нема да изгрее, […]

„Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век. Погледнете која е на врвот на листата


  „Њујорк тајмс“ објави листа на 100 најдобри телевизиски серии на 21 век. Иако векот не е ни на половина пат, продукцијата, особено во последните 15 години и со појавата на стриминг услугите, понуди исклучително голем број наслови. Критериуми како што се критичките рецензии, гледаноста и културното влијание се земаат предвид при составувањето на таква […]

Тони Михајловски е годинашен лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“


Истакнатиот македонски актер Тони Михајловски е годинашен лауреат на 18. Меѓународен театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“. Признанието му беше врачено денес, на свеченоста одржана во големата сала на Општина Крива Паланка, за неговиот исклучителен актерски талент, повеќедецениска посветеност и траен придонес во македонската култура. Пред почетокот на свеченоста, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, […]

Иранската адвокатка Насрин Сотудеј ја доби наградата за човекови права „Васлав Хавел“ на Советот на Европа


Стразбур – Престижната награда „Вацлав Хавел“ на Советот на Европа денеска и беше доделена на истакнатата иранска адвокатка за човекови права, Насрин Сотудеј, соопшти ова европско тело за човекови права, јави ДПА. „Еден ден, сонцето на слободата ќе засвети и над нашата земја“, изјави Сотудеј во видео-обраќање, бидејќи не можеше лично да присуствува на церемонијата на […]

Лорен Санчез и Меланија Трамп под удар на критики за облеката во Белата куќа


Вашингтон – Изборот на облека на Лорен Санчез за државната вечера на Доналд Трамп предизвика низа коментари на социјалните мрежи. Санчез, сопругата на Џеф Безос, присуствуваше на настан во Белата куќа во чест на кинескиот претседател Си Џинпинг, на кој присуствуваа и истакнати американски бизнис лидери. За таа гала пригода, 56-годишната Санчез носеше црн фустан […]

„Турандот“, „Дамата со камелии“ и „Набуко“ во октомври во НОБ


Турандот“ на Пучини и Вердиевите „Дамата со камелии“ и „Набуко“ се на програмата на Националната опера и балет во октомври.  На 9 октомври од 20 часот ќе биде изведена операта „Турандот“ на Џакомо Пучини, која НОБ ја најави како необична љубовна приказна со драмска напнатост и моќни гласови на солистите и музиката. Емотивната приказна за […]

Тејлор Свифт стана најодликуваната поп-ѕвезда во историјата на „Ем-ти-ви“ видеомузичките награди


Лос Анџелес – Освојувајќи ја наградата за видеоспот на годината, американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт, стана најодликуваната уметница во историјата на „Ем-ти-ви“ видеомузичките награди (MTV Video Music Awards – „ВМА“). Таа, имено, претходно го делеше рекордот со Бијонсе – со 30 „ВМА“ награди. Главната награда на вечерта ја освои за „The Fate of Ophelia“. Исто така, […]

Светлана Мојсов – научник кој стои зад револуционерното откритие за лекување дијабетес


Еминентната, скромна д-р Светлана Мојсов, една од најеминентните хемичарки во светот, лани беше избрана за почесен професор (Professor honoris causa) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Одлуката ја донесе Сенатот на УКИМ, по номинацијата од Природно-математичкиот факултет во Скопје, чиј интегриран дел е Институтот за хемија. Лани, стана, исто така, 19- та добитничка […]

Да ја слушаш „Кукла жива“ на Тамара на винил – тоа е посебен музички ритуал 


Во интимната атмосфера и на врвниот аудио-систем на Аудиокултура, медиумите и музичките професионалци и соработници за првпат денес го го слушнаа новиот визуелен албум на Тамара Тодевска „Кукла жива“ на винил, во издание на „Сони“ и  ја доживееја музиката во едно поинакво издание. Станува збор за тест-плочи кои ќе бидат пуштени во претпродажба неделава. Во […]

„ Бебе“ – Калиопи со нова песна на Ромео Грилл


Калиопи денес ја претстави својата нова песна со наслов „Бебе“, заедно со видео спот за истата. „Бебе“ е дело на авторскиот тим Ромео Грилл (музика, аранжман и продукција) и Калиопи (текст). Песната е веќе достапна на дигиталните платформи.   Видеото за песната го изработи Александар Ристовски – Принц, а истото може да се погледне на официјалниот YouTube канал на Калиопи.

Филхармонија ја отвора новата сезона со 13-годишниот машки сопран Алексис Изар Гордон


Овој четврток, во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ја отвора новата концертна сезона „Филхармонија: On Air“. На концертот насловен „Симфониски бранови“ како солист ќе настапи младиот 13 -годишен машки сопран Алексис Изар Гордон, а диригент е Александар Гордон. На програмата се „Аве Марија“ од Франц Шуберт и Симфонијата бр.4 во ге-дур од Густав Малер. […]

Казалиште „Марин Држиќ“ од Дубровник утре гостува во МНТ со „Види како Локрум мие заби“


Македонскиот народен театар утре ќе биде домаќин на Казалиште „Марин Држиќ“ (КМД) од Дубровник, кое пред скопската публика ќе ја изведе претставата „Види како Локрум мие заби“, работена според драматизација на истоимениот роман на хрватската писателка Ивана Ловриќ-Јовиќ, во режија на Паоло Тишљариќ. МНТ соопшти дека се работи за емотивна и длабоко интимна приказна која […]

„Човекот со четири часовници“ – нова збирка раскази на Александар Прокопиев


Матица македонска“ објави ново издание на „Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев – збирка раскази во која, како што соопшти – духовитоста, личното сеќавање и љубопитноста кон светот создаваат особено читателско задоволство. Збирката, која првпат е објавена во 2003 година, ги приближува расказот, есеистичката мисла и хаикуто. „Матица“ посочува дека „промените на тонот, културните […]