Врховниот суд на САД одобри закон на Трамп


САД – Врховниот суд на САД го одобри барањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп целосно да се спроведе ново правило со кое ќе се намалат барањата за азил на имигранти на американско-мексиканската граница. Според американски медиуми, тоа е клучен елемент на тврдата имиграциска политика на Трамп. Судот утврди дека законот, според кој повеќето баратели на […]

Мета: Доколку добиеме датум на 18 октомври ќе го одликувам Рама


Албанија – Албанскиот претседател Илир Мета на прес конференција одржана доцна попладнево задржувајќи се 18 октомври, како значаен датум за Албанија на патот кон ЕУ рече дека доколку се добие позитивен одговор подготвен е да го одликува премиерот Еди Рама. – Ќе го одликувам Еди Рама само да добие датум за отпочнување преговори со ЕУ на […]

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес ќе треба да избирате што е приоритет и откако ќе постигнете хармонија со надворешниот свет и самите ќе се чувствувате пријатно. Доколку пак се однесувате тврдоглаво, ќе наидете на ист таков отпор: избирајте добро и постигнете ги своите цели без некој значителен напор. Бидете едноставни и таков ќе стане и животот. БИК: Се […]

Прибе: Независни политичари услов за владеење на правото


Сите земји од Западен Балкан се соочуваат со стандардите за владеењето на правото. Понекогаш се потребни промени во законодавството, а за тоа треба независни политичари кои ќе направат соодветни реформи, рече правниот експерт од Европската комисија Рајнхард Прибе денеска говорејќи на меѓународната научна конференција „Доброто владеење и владеењето на правото од перспектива на ЕУ интеграциите“. […]

(Фото) Почит за жртвите од 11 септември: Амбасадорката Брнз даде крв


Во рамки  на одбележувањето на Американскиот Национален ден на служба и сеќавање, а во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справување со последиците од терористичките напади на 11 септември, Амбасадата на САД во земјава, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиона медицина денеска организира крводарителна акција […]

Жалбата на Википедија за нејзина забрана во Турција пред Уставниот суд


Турција– Уставниот суд на Турција денеска ќе ја разгледа жалбата на Википедија за забраната за користење на онлајн енциклопедијата веќе две години во таа држава. Турција го блокира пристапот до Википедија во април 2017 година поради одбивање на веб-страница да отстрани содржина што турската Влада ја смета како дел од кампањата за „оцрнување“ на државата. […]

Од поп-ѕвезда до топ-дизајнерка: Ријана на Модната недела во Њујорк


САД– Поп-ѕвездата Ријана (31) не е актуелна со нов албум туку со нова модна колекција. Во рамки на модната недела во Њујорк, ѕвездата од Барбадос, со спектакуларно шоу  ја претстави новата колекција на нејзиниот бренд Savage x Fenty. Шоуто во Беркли арената во Бруклин го отворила лично Ријана со уште неколку модели кои стоеле во […]

Ниту глас, ниту става: Лоба откри зошто е магнет за мажите


Ја гледаме на сцена или на писта, ни се смее од билборди или градски автобуси, на козметички и модни каталози. Како дама, невеста, модна икона.. Споделува фотографии на социјалните мрежи, има многу следбеници на Инстаграм. Сите сакаат да дознаат за нејзините дружби и патувања. Нејзиниот приватен живот интригира и поради статусот сингл и ја прави […]

ЦГК: Многу политички кадри членови на управни одбори во државните претпријатија


Само една третина од членовите на надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење имаат економско образование и поседуваат знаења и искуство од дејноста на финансиското и сметководственото работење, покажуваат резултатите од истражувањето „Право или политика: Изборот на членови на управните и надзорните одбори во државните претпријатија“ на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), што е објавено […]

Награди на „Остен“ од 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019


Карикатуристот Мојмир Михатов од Хрватска ја доби Гран-при наградата на 51. Светска галерија на карикатури – Скопје 2019, соопшти галеријата „Остен“.  Првата награда му е доделена на Шахрох Хејдари од Франција, а втората на Лук Дешимакер од Белгија. Доделени се пет трети награди – Хуле Ханушиќ од Австрија, Константин Казанчев од Украина, Милета Милорадовиќ од […]

Нора Шакири-Марковиќ наскоро ќе стане мајка


Ексводителката Нора Шакири, вработена во кабинетот на заменик министерот за култура Владимир Лазовски наскоро ќе стане мајка. Таа на Инстаграм профилот објави фотографија со својот сопруг, музичарот Марко Марковиќ, каде ја споделила веста со следачите, а може да се забележи дека веќе е во поодмината бременост. „Не гледајте во друго, ташната е битна“, напиша во […]

Ласло Трочањи: Извршителот на Орбан стана еврокомесар за проширување


Ласло Трочањи, кој како министер за правда на Унгарија од 2014 до 2019 година беше извршител на сите задачи од владата за поткопување на судскиот систем во државата, стана нов еврокомесар за проширување и соседска политика во Европската комисија на Урсула фон дер Лајен. Иако тоа може да изгледа како добар знак за регионот, бидејќи […]

Тони Цетински не е виновен за несреќата во која беше прегазен 62 годишен маж


Хрватска– Хрватската поп-ѕвезда пејач Тони Цетински е ослободен од сите обвиненија за случајот со сообраќајната несреќа од 3 ноември 2017 година во Ровињ во која настрада 62 годишниот Ибрахим Кевљанин. Судијката Тања Канис Пренц низ пресудата порача дека државното обвинителство не успеало да докаже ниту едно од обвиненијата заради што пејачот се ослободува од вина. […]

Симон Трпчески ја отворa новата концертна сезона на Прашката филхармонија


На македонскиот пијанист Симон Трпчески му падна честа вечерва да ја отвори новата концертна сезона на Прашката филхармонија. На свечениот концерт пред пробирливата прашка публика во салата Сметана во Градскиот дом тој ќе го свири Концертот за клавир бр. 5 наречен ,,Империјал” од Лудвиг Ван Бетовен, под диригентство на Емануел Вилауме, познат шефдиригент на Прашката […]

Со законски измени се укинува можност за детски брак во Србија


Србија– Со најновите измени на Законот за семејство во Србија ги укинуваат браковите за деца, а кривични санкции ќе бидат изречени за родители кои ги уредуваат и склучуваат договор за тие бракови, објави „Политика“. Кривични санкции ќе бидат изречени и за возрасни ако започнат да живеат заедно со малолетник, изјави за „Политика“ специјалниот советник на министерот […]

Бизнисмените ќе можат онлајн да ѝ се пожалат на Владата


Владата со апел до компаниите да аплицираат за мерките за поддршка на инвестициите и за субвенционирање на платите, а бизнисмените со апел да се намалат административните пречки што им оневозможуваат да работат. На вчерашната средба во Стопанската комора на Македонија, вицепремиерот Кочо Анѓушев дојде да им ги каже последните мерки за поттикнување на конкурентноста а […]

Лидерски стил: Вратоврската ги раздели Заев и Мицкоски


Премиерот и лидер на СДСМ Заев лежерен без вратоврска, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски сериозен, со сребрена вратоврска. И двајцата во костуми, едниот во тегет боја, со бела кошула, другиот, во сив костум, на сина кошула. Елегантни, синоќа, во Скопје, на преговори за законот за ЈО и за идниот статус на СЈО кои по седум часа, […]

Ана Винтур дели лекции за креативност и лидерство во „Мастерклас“


САД – Можеби сте се запрашале како најмоќната жена во модата, Ана Винтур (69) , успева во сè што ќе науми. Како главен уредник на американското издание на модниот магазин „Вог“ – како и уметнички директор на „Конде Наст“ и советник за глобална содржина – таа го режира и обликува секој елемент на брендот. Сега, […]

Предавање и работилница со унгарската продуцентка Силвија Хушар во Струмица


Проектот „Конфронт драма“ – предавање и работилница со унгарската продуцентка Силвија Хушар ќе се одржи денеска во Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица. „Конфронт драмата“ е наменета за театарската заедница во државава и ансамблот актери, драматурзи, режисери и продуценти на НУ Театар „Антон Панов“ во Струмица. Проектот е дел од програмите на Македонскиот центар на […]

Турски весник објави нови снимки од убиството на Кашоги


Турција – Турскиот весник Сабах пренесува дека последните зборови на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги упатени до неговите убијци биле да не му ја затвораат устата, бидејќи боледува од астма и може да се загуши. Весникот објави нови извадоци од снимката од разговорот на Кашоги и членовите на групата Саудијци кои биле испратени да го убијат. […]