Лина Вертмилер: Зошто „Оскар“ да не се прекрсти во „Ана“?


САД- Италијанската режисерка Лина Вертмилер (91) во својот говор на синоќешното доделување на Гувернеровите награди на Академијата за наука и уметност, повика „Оскарите“ да се преминуваат во „Ана“ награди.

Режисерката, инаку добитничка на годинешниот „почесен оскар“, на сцената беше придружувана од глумиците Изабела Роселини и Софија Лорен.

– Таа би сакала „Оскарот“ да добие женско име. Сака да го вика „Ана“, меѓу другото преведе Роселини од италијански.

Потоа, режисерката ги повика сите присутни жени да извикуваат: „Ние ја сакаме ’Ана‘, женски ’Оскар‘!“

Вертмилер во 1975 стана првата жена номинирана за Оскар за најдобар режисер за филмот „Седум убавици“. А, својата нова „Ана“, таа им ја посвети на сопругот и на својата ќерка.

Џина Дејвис (63) го доби почесниот оскар за хуманитарна работа,  како застапник за родова еднаквост.

Четирикратниот номиниран за Оскар, Дејвид Линч (73), ја доби својата прва статуетка синоќа, по импресивната кариера, и со филмови како  „The Elephant Man“ и „Twin Peaks“ до „Eraserhead“ и „Mulholland Drive“.

Пред доделувањето на филмските награди оскар во 2020 година, потенцијалните добитници присуствуваат на гала вечерта.