Евросонг: Гарванлиев може да пее идната година, ама со друга песна


Доколку МРТ како активна членка на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) пак го номинира баритонот Васил Гарванлиев за македонски претставник следната година на Евросонг, ќе мора да се избере нова песна. Годинешната евровизиска „YOU“, на авторот Невенка Нешкоска, нема да биде отпеана во мај на евровизиската сцена во Ротердам, Холандија, зашто ЕБУ го откажа 65. издание […]

Се сончам и гледам во зајдисонце: Милијардерот Гефен се самоизолира на јахта на Карибите


САД– Милијардерот и моќен човек во шоу-бизнисот Дејвид Гефен оваа недела е на жешко место само за богаташи. Се самоизолира од коронавирусот  на неговата јахта од 590 милиони американски долари Rising Sun, закотвена на Карибите, објави Гардијан. За лусузот и масажата се пофали на Инстаграм. „Зајдисонце минатата ноќ. Изолирани на Гренадините го избегнуваме вирусот. Се […]

Промена


ЛЕЈЛА САБИТ Сега, во екот на коронавирусот, ја гледате кај себе, околу себе или кај другите. Драстична, минимална, човечка, локална или глобална. На лицето, на телото, во карактерот, во стилот, во исхраната, во размислувањето, во однесувањето, во животот и во кариерата. Ви велат дека сте се промениле, вие велите другите се промениле, а всушност, сите […]

Ди Каприо и вдовицата на Џобс донираа 12 милиони долари за помош во храна во екот на корона-кризата


САД- Леонардо Ди Каприо, Лорен Пауел Џобс, Епл и Фондацијата Форд собраа 12 милиони долари за стартот на Американскиот фонд за храна, кој ќе им помогне на Американците во недостиг на храна за време на пандемијата на коронавирус. Со иницијативата ќе координира платформа за прибирање финансиски средства GoFundMe, а приходите ќе одат и во Светска […]

Кралски аларм: Круните во борба против коронавирусот


Шведска- За кралевите и кралиците во Европа, пандемијата на коронавирус почнува да изгледа како воено време. Далеку од рутинските церемонии што ги исполнуваат нивните вообичаени распореди, монарсите на континентот се појавуваат на ТВ во последно време за да ги смират и да им даваат упатства на нивните народи на начин што не се случил од […]

Корона-криза: Кајли Џенер ќе лансира средство за дезинфекција на раце


САД- Кајли Џенер ја проширува нејзината линија за нега на кожата со лансирање со средство за дезинфекција на рацете заради драстичен недостиг на производ во САД во услови на криза на коронавирус. Според Page Six, 22-годишната најмлада милијардерка според Форбс, објави дека ќе произведува и дистрибуира средство за дезинфекција на рацете во болниците во Јужна […]

„Њујорк тајмс“: Му се закануваат на д-р Фаучи


САД- Д-р Ентони Фаучи (79),  владиниот експерт за заразни болести во САД и врвен експерт во оваа област  , ќе добие зголемено лично обезбедување по добивањето закани и несакани пораки, како резултат на неговата водечка улога во борбата против Ковид 19. Д-р Фаучи ги повика Американците да практикуваат социјално дистанцирање и дека најлошото допрва треба […]

Луксуз во корона-криза: Џон Леџенд купи втор пентхаус на Менхетен за 8 милиони долари


САД- Поп-ѕвездата и композитор Џон Леџенд со сопругата, манекенката  Криси Тејген ги зголемија недвижнините со купување на втор пентхаус во  Њујорк. Двојката веќе поседува еден пентхаус во зградата, која ја купиле за 9,02 милиони американски долари во 2018 година, а неодамна потрошија 7,7 милиони долари за нов триплекс, пренесува Real Deal. Нивниот нов дом се […]

Екссопругот на Камила, војвотката од Корнвол, позитивен на коронавирус


Англија– Ендру Паркер-Боулс (80) беше еден од многуте присутни на Фестивалот Челтенхам на почетокот на овој месец, а сега објави дека е позитивен на коронавирус, пренесува „Телеграф“. Годишната манифестација на трки со коњи траеше како што беше закажано помеѓу 10 март и 13 март и покрај стравувањата околу смртоносната болест на респираторниот систем, привлекувајќи над […]

Принцот Алберт од Монако излезе од изолација


Монако- Принцот Алберт од Монако, кој беше позитивен на коронавирусот, излезе од изолација, по препорака на лекарите. „Уште малку кашлам, што е нормално. Немам веќе треска, “ изјави монархот. Контактот со останатите членови од семејството, сопругата и двете деца, и понатаму ќе бидат сведени на минимум. Монако има 11 потврдени случаи на коронавирус со нула […]

Исмаили: Институциите од областа на културата со онлајн програма


Министерот за култура Хусни Исмаили преку видеопорака во која информира за онлајн програмите на националните институции од областа на културата, ја повикува јавноста да ги следи препораките на Владата на Република Северна Македонија во борбата против ширењето на коронавирусот и да остане дома. Министерот Исмаили посочува дел од содржините кои јавноста може да ги проследи […]

УЕФА ги одложи сите натпревари до јуни


Франција– Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) го одложи сите клупски и репрезентативни натпреварувања до јуни. Тоа е одлука од денешниот состанок на кој учествуваа претставници на 55 национални федерации. Меѓу нив спаѓаат квалификациските средби за ЕП 2021 од Лигата на нации, меѓу кои и дуелот на Македонија и Косово, како и квалификациските мечеви во женска конкуренција. Финалните […]

Починатата родилка од Охрид и починатиот маж од Битола немале Ковид – 19


Резултатите на две лица кај кои постмортем е земен брис за тест на Ковид – 19, 66-годишниот маж од Битола и родилката од Охрид, која синоќа почина на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, се негативни на Ковид  – 19, соопшти Министерството за здравство. -Мажот на возраст од 66 години, кој на 30.03 од […]

(Галерија) Снегот и вирусот ја однесоа шегата во Скопје


Место утрово да се пошегуваме со пријателите и комшиите, иако не ни е до шега, времето се пошегува со нас, и на првиот ден од април не изненади со обилни врнежи со снег кои, кои според прогнозата, ќе запрат во утринските часови. На плоштадот во Скопје, наместо парада со маскирани деца, на кои се навикнавме, […]

Снегот не е закана за земјоделството, можни штети кај коскестите овошки ако температурата падне под нула


Врнежите снег што денеска ја зафатија земјава не претставуваат закана за земјоделството зашто температурите сé уште се над нулата. Но, од петок, кога се очекуваат и до минус шест степени во утринските часови и во текот на ноќта, можни се штети кај коскестото овошје, посебно кај бадемот, кајсијата и раните сорти праска и слива. Како […]

Нобеловецот Левин: Забавува епидемијата на вирусот во Италија и Њујорк


Англија – Угледниот научник од Универзитетот во Станфорд и добитник на Нобеловата награда, Мајкл Левин, вели дека забавува епидемијата на коронавирусот во Италија и во Њујорк. Тоа се двете најзагрозени места во светот во кои се наоѓаат 260.000 од вкупно 750.000 потврдени случаи на заразата. Италија стана епиценатрот на заразата откако Кина успеа да ја совлада […]

Парискиот аеродром Орли затворен поради Ковид-19


Франција – Како резултат на епидемијата на коронавирус, аеродромот Орли во Париз вчера вечер ги затвори вратите на неодредено време. Сепак, тој ќе продолжи да прифаќа државни и медицински летови и пренасочувања во итни случаи, јави дописникот на МИА. По првпат во својата историја и неговиот концесионер Групата АДП, аеродромот Орли-Париз ги затвори своите врати на […]

Телохранители на Бред Пит и Мадона ќе ги чуваат Хари и Меган


САД – Хари и Меган од денеска почнуваат со својот нов начин на живот без кралски привилегии, па веќе си избраа и лична заштита. За нивната безбедност се грижеа телохранители од Скотланд јард. Новиот тим, што го избра двојката, го сочинуваат луѓе кои се грижиле за познати јавни личности како Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона […]

Поддршка од НЕОКОМ АД за нормално функционирање на Македонската берза


НЕОКОМ преку својата платформа neoCloud  заедно со Македонска берза им овозможи специјална услуга на брокерите, со која во периодот додека трае кризата со коронавирусот COVID-19, бесплатно ќе може да се приклучат од далечина и да продолжат со редовните активности на берзата, согласно препораките од надлежните институции за непречено тргување во услови на физичко дистанцирање. -На тој […]

Врнежи од снег до утре претпладне, до сабота наутро температурата под нула


Сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер ќе преовладува во текот на утрешниот ден. Претпладнето се уште ќе има повремени врнежи од снег во источните делови. Утринските температури до сабота во поголем дел од земјава ќе се спуштаат под нула, но се очекува на места да се задржи снежната покривка. […]