Елизабета прв пат го пропушта Ројал Аскот како кралица (галерија)


Англија – Ништо не можеше да ја спречи кралицата Елизабета Втора од присуството на славните коњски трки Ројал Аскот , за време на нејзиното 68-годишно владеење како монарх во Англија – ниту бременоста, ниту обраќањето во парламентот, па дури и разните болести.

Но, оваа година, 94-годишната кралица нема да присуствува на Ројал Аскот, која започнува денес, поради пандемијата на коронавирус.

Тој е еден од најквалитетните традиционални гала настани во земјата и настан кој го отвара отменото британско спортско лето во кое се вклучени и тенисот на Вимблдон и отворениот шампионат за голф.

За разлика од Вимблдон и Опен, Ројал Аскот не е откажан како резултат на пандемијата на коронавирус, иако гледачите ќе бидат отсутни. Повеќе од 300.000 гости, се очекуваше да присуствуваат на петдневниот гала спортски настан.

Кралицата во последните три месеци се изолира во замокот Виндзор, западно од Лондон, со нејзиниот 99-годишен сопруг, принцот Филип. Но, во ерата на коронавирусот, тоа не е можно, а коњските трки- кралската двојка ќе ги следи на телевизија. После сè, таа има неколку коњи кои ќе се натпреваруваат годинава.Како сопственик, кралицата ќе има пристап до виртуелен прстен на парадата на Ројал Аскот додека ги гледа нејзините коњи од безбедна дистанца на замокот Виндзор. Таа има освоено околу 7 милиони фунти (9 милиони долари) како награда од трки со коњи во изминатите три децении.

Ројал Аскот секоја година е и парада на уникатни шапки. Годинава, ги поканува обожавателите од целиот свет да се вклучат во изборот на најубава шапка- и да споделат селфи на социјалните медиуми.