Веспа „облечена“ во Диор


Италија- Славниот италијански бренд за скутери „Веспа“ ќе соработува со францускиот луксузен моден бренд Кристијан Диор, во промоцијата на специјално издание на скутерот Веспа 946.

Двете бренда, основани во 1946 година, се икони во соодветната линија.

Но, двата бренда се поврзани не само со основачката година, туку и „со непоколеблива желба да инспирираат нова, светла и креативна визија за светот“.

Скутерот Vespa 946 Christian Dior беше дизајниран како почит на наследството на двете куќи.

„Симбол на рафинираност, овој предмет на желба ја одразува нивната заедничка заложба за извонредност на savoir-faire и виртуозна уметност на детали“, велат од Веспа во својата изјава.

Најновата современа верзија на иконската Веспа 946 – претставена во 2012 година во Милано, беше дизајнирана од Марија Грација Кјури, креативна директорка на женските колекции на Диор.

Скутерот е направен во Италија, придржувајќи се до точните стандарди, посветеност и прецизност на брендот.

Мотивот Dior Oblique – дизајниран од Марк Бохан во 1967 година – е повторен за седиштето на скутерот, кацигата и на багажникот кој може да се фиксира.

Лимитираната серија на скутери ќе биде во продажба на пролет 2021 година во бутиците „Диор“ ширум светот и во продавниците на Piaggio Group.