Националната библиотека во Фиренца ги става вратените книги вo 7-дневен карантин


Италија- Националната библиотека на Фиренца, еден од најважните столбови на италијанската култура, чува сè што е објавено во земјата. Таа беше затворена два месеца поради пандемијата на коронавирус. Сега библиотеката повторно се отвора и луѓето брзаат да ги вратат книгите што ги позајмиле пред карантинот.

Сепак, дезинфекцијата на книгите не е лесна, бидејќи хартијата е чувствителен материјал и не смее да дојде во контакт со детергенти.

„Сите материјали и тетратки што ги користат посетителите се чуваат на посебни места од безбедносни причини и се поделени во кутии во зависност од датумот на враќање. Остануваат во кутиите 7 дена“, објаснува за „Еуроњус“ заменик-директорот Ана Лукарели.

За првпат од Втората светска војна, библиотеката е затворена толку долго. Тоа не се случило ниту за време на катастрофалното прелевање на реката Арно.