Кање Вест ја шири модната империја со козметика и парфем


САД- Изгледа дека раперот Кање Вест ги следи стапките на својата успешна жена Ким Кардашијан и се подготвува да започне свој сопствен бренд за убавина во иднина.

43-годишниот моден дизајнер, кој ја промовираше својата прва колекција „ Yeezy” “ во 2015 година, се чини дека сака да ја прошири својата модна империја со најразлични производи на убавина, според Заводот за патенти.

Од козметика како кармин, коректор и маскара, па се до нега на кожата, како лосион, тонер, маски за лице и ексфолијанти. Исто така, линијата би вклучувала и  парфеми , производи за бања и тело и нега на коса, како што се шампон, балсам, гел и боја.

Вест е опкружен со семејство на успешни могули за убавина – сопругата Ким Кардашијан -Вест изјави дека нејзината продажба на KKW Beauty и KKW Fragrance „двојно се зголеми за една година“, а и сестра ѝ Кајли Џенер е успешна на ова поле откако продаде 51% од акциите на нејзините брендови  Kylie Cosmetics and Kylie Skin на конгломератот за убавина Coty за 600 милиони долари во ноември 2019 година.

Претходно оваа година, Форбс го стави на листата на милијардери –неговата модна линија, музички бренд и и недвижен имот се проценети на 1,3 милијарди долари.

Во годишното рангирање на највисоко платените славни лица во светот на списанието објавено во јуни, Форбс го наведе Вест како втор на листата (веднаш зад снаата Кајли) со заработка од 170 милиони долари, од кои голем дел благодарејќи на соработката  на линијата на патики на „Yeezy” со Адидас.