Хераклеа ќе се реконструира, Жбогар ќе одржи прес


Во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис во Битола денеска ќе се одржи прес конференција за одбележување на отпочнувањето на реконструкцијата на Хераклеја Линкестис поддржана од Европската Унија. На настанот ќе се обратат шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Самуел Жбогар, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалничката на Битола Наташа Петровска и директорката на Институтот […]

Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје


East Gate и НЛБ Банка АД Скопје денеска ќе потпишат договор за најголемиот синдициран заем во земјава од 72 милиони евра. Лидер на заемот е НЛБ Банка АД Скопје, а останати банки учесници се НЛБ д.д. Љубљана, Комерцијална банка АД Скопје, Raiffeisen Bank Албанија и Халк банка АД Скопје. Пред присутните ќе се обратат генералниот […]

Конститутивната седница на Собрание во вторник под посебни протоколи


Конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи во вторник на пладне под посебни протоколи поради коронавирусот и во друга собраниска сала – Голема купола. Во исто време, партиите меѓусебе, преговараат за формирање коалиција со која ќе се обезбеди мнозинство од 61 пратеник. Конститутивната седница ќе се одвива според протоколи и критериуми што се […]

Истражување на УНИЦЕФ за ефектите од Ковид-19 врз децата во Македонија


Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје денеска ќе ги презентира  резултатите од истражувањето за социјалните и економските ефекти на Ковид-19 врз децата во Македонија. Анализата беше спроведена во партнерство со Институтот за економски истражувања и политики „Фајнанс Тинк“, со поддршка од УСАИД. На брифингот за медиумите се предвидени обраќања на претставникот на УНИЦЕФ, Патриција ди Џовани […]

Трицифрени бројки на новозаболени и оздравени, Филипче оценува дека ситуацијата е стабилна


Здравствените власти вчера повторно регистрираа трицифрена бројка на новозаболени од Ковид-19 во земјава, но висока е и бројката на оздравени пациенти. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека ситуацијата е стабилна и под контрола. Според информациите од надлежните институции, во изминатите 24 часа од вкупно направени 1971 тестирања дијагностицирани се нови 188 заболени, додека бројот […]

Сончево и многу топло до 40 степени


Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ-9. Утринската температура ќе се движи од 14 до 24 степени, а дневната температура ќе се движи од 30 до 40 степени. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ=9 Утринската […]

Мостра од септември се враќа во киносалите


Италија– Венецискиот филмски фестивал, познат како Мостра, по цели десет години ќе се отвори повторно со италијански филм. Се работи за остварувањето „Лаци“ (Lacci) на Даниела Лучети. Заплетот на филмот ќе ги однесе гледачите назад во италијанскиот град Неапол во осумдесеттите години, а улогите во овој филм ги толкуваат: Алба Рохравахер, Луиџи Ло Касио, Лора […]

Венинова го снима деби филмот „Преекспонирано“ во Скопје и во Охрид


„Проблематична тинејџерка ги истражува темите на осаменост, отуѓеност и лицемерие, нарушувајќи ја рамнотежата на една брачна двојка откако ќе дојде кај нив на гости“. Ова е сижето за новиот долгометражен македонски игран филм насловен „Преекспонирано“ кој ќе почне да се снима кон крајот на неделава, на локации во Скопје и во Охрид. Филмот кој е […]

Еспер: САД повлекуваат 11,900 војници од Германија, ги преместуваат крај Црно Море, Полска и Прибалтикот


САД– Пентагон објави планови според кои ќе остави во Европа половина од 12.000 војници повлечени од Германија. – САД повлекуваат 11.900 војници од Германија, изјави шефот на Пентагон, Марк Еспер. Според него, САД ќе вратат во својата татковина околу 6.400 американски војници од повлечените од Германија, а околу 5.600 ќе бидат стационирани во држави на […]

АХВ: Граѓаните за Бајрам да не купуваат месо од диви пазари, туку од одобрени месарници


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во пресрет на Курбан Бајрам апелира до граѓаните да не купуваат добиток од дивите пазари, туку месо за празникот да набават од одобрените месарници. АХВ потсетува дека движењето на животните треба да се врши исклучиво со поседување сертификат за здравствената состојба на секоја единка, а колењето само во одобрени […]

Deeper underground фестивал во Охрид од 14 до 16 август


Првиот Deeper underground фестивал во Охрид ќе се одржи од 14 до 16 август, најави „Авалон продукција“. Капацитетот е адаптиран по протоколите за само 3.000 посетители од вечер, што е 20 отсто од капацитетот во Касарна каде што ќе се одржува фестивалот. „Задоволство ни е да ви најавиме дека ‘Авалон продукција’ од оваа година патентира […]

Анализа: Германија – нова цел за мешањето на Русија и Кина


Англија – Германија стана клучна цел за интервенција и влијание на кинеското и руско мешање  ставајќи ја најголемата европска економија на „фронт-линијата на новата Студена војна, се наведува во анализа објавена од Скај њуз. Лошите односи меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел го засилија чувството на Берлин за изложување на потенцијални опасности […]

ЕХФ: Македонија со пад од две позиции


Австрија – Машките ракометни клубови од Македонија бележат пад од две места на најновата ранг-листа на ЕХФ, врз основа на која ќе се врши распределбата на места во европските купови за сезоната 2021/22. Клупскиот ракомет во земјава сега се рангира на петтото место. Лидер на листата e Германија, додека на втората позиција сега е Франција. Ваквата […]

Шефицата за здравство на ЕУ загрижена поради порастот на заразени со Ковид-19 во некои земји


Кипар– Шефицата за здравство на ЕУ, Стела Кириакидес изрази загриженост поради порастот на бројот на заразени лица со коронавирус во неколку европски земји, пред се предизвикано од „самоволието“ на јавноста која не ги почитува правилата за лична хигиена. Таа истакна денеска дека и на нејзиниот роден Кипар постои загриженост поради локалното ширење на инфекцијата. Според […]

Меланија Трамп планира да ја реновира Розовата градина. Погледнете ги другите измени што ги направи во Белата куќа


САД- Таа заврши многу со местото. Како и секоја претходна прва дама која сакала да остави свој печат,  Меланија Трамп веќе реновирала во Белата куќа кога гостите ја посетиле лани, за втората државна вечера од претседателството на Трамп во септември. И таа не застана тука. Деновиве, првата дама ги објави плановите за реновирање на градината […]

Нов термин за Тур де Франс 2021 поради Олимпијадата


Франција– Меѓународната унија за велосипедизам (УЦИ) во официјалното соопштение за медиумите информира за новите датуми на Тур де Франс 2021. Терминот е променет поради совпаѓање со натпреварот во велосипедизам на Олимпијадата во Токио. Претходно, Олимписките игри 2020 беа одложени за 2021 година поради пандемијата на коронавирус. Тур де Франс 2021 година, првично закажан од 2 […]

На Хонг Конг му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирусот


Хонг Конг– Градоначалничката на Хонг Конг, Кери Лам ги предупреди граѓаните дека на градот му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирусот и апелираше до сите да останат дома што е можно подолго. Со новите регулативи се забранува собирање на повеќе од две лица, привремено се затвораат угостителски објекти, а носењето маски е задолжително и на отворено. – Се наоѓаме на прагот на […]

Автопортрет на Рембрант продаден за 16 милиони евра


Англија– „Автопортретот со црна капа“ на холандскиот сликар Рембрант ван Ријн, од 1632 година, е продаден за 14,5 милиони фунти (речиси 16 милиони евра) на интернет наддавање на аукциската куќа „Сотби“. За сликата биле заинтересирани шест понудувачи. Аукциската куќа соопшти дека станува збор за нов рекорд за автопортрет на холандскиот сликар. Претходниот рекорд го држеше автопортретот […]

Турскиот Парламент го изгласа законот со кој се заострува контролата врз социјалните мрежи


Турција – Турскиот Парламент денеска го усови законот со кој се предвидува засилена контрола врз социјалните мрежи, што предизвикува загриженост во врска со слободата на изразување. Главните социјални мрежи, како Твитер и Фејсбук, во иднина ќе мора да имаат свој претставник во Турција. Социјалните мрежи, исто така, ќе треба да се придржуваат кон наредбите на турскиот […]

Во 2019 убиени рекорден број активисти за животна средина


Англија – Најмалку 212 активисти за животна средина ширум светот се убиени во 2019 година, додека учествувале во еколошки акции против штетни индустрии и корумпирани вработени, со што минатата година е најсмртоносна за активистите за животна средина, соопшти невладината организација Global Witness. Повеќе од две третини од убиствата се случиле во Латинска Америка. Вистинската бројка на смртни случаи сигурно е поголема, бидејќи некои […]