Еспер: САД повлекуваат 11,900 војници од Германија, ги преместуваат крај Црно Море, Полска и Прибалтикот

САД– Пентагон објави планови според кои ќе остави во Европа половина од 12.000 војници повлечени од Германија.

– САД повлекуваат 11.900 војници од Германија, изјави шефот на Пентагон, Марк Еспер. Според него, САД ќе вратат во својата татковина околу 6.400 американски војници од повлечените од Германија, а околу 5.600 ќе бидат стационирани во држави на НАТО.

– Сегашниот план на европската команда е да се преместат околу 11.900 војници од Германија, со што нивниот број ќе се намали од околу 36,000 на 24.000“, рече Еспер на прес-конференција.

Тој рече дека американските трупи ќе започнат да ја напуштат Германија за само неколку недели, а потоа ќе бидат преместени во Белгија и Италија, покрај плановите на Пентагон да распореди дел од нив поблиску до границите на Русија.

Еспер истакна дека клучна цел на повлекувањето е зајакнување на југоисточниот дел на НАТО во близина на Црното Море.

Тој додаде дека некои сили би можеле да бидат испратени во Полска и балтичките држави доколку Варшава се согласи да потпише договор.