Во Индија од Ковид-19 починале 196 лекари, 64.000 нови случаи


Индија– Индиското лекарско здружение соопшти дека од Ковид-19 до сега починале 196 лекари, а во отвореното писмо до премиерот Нарендра Моди, побараа соодветна нега за лекарите и нивните семејства. Министерството за здравство вчера регистрира речиси 64.000 новозаразени со коронавирусот, со што вкупниот број достигна 2.153.010. Најмалку 628.747 пациенти сè уште се на лекување. Во Индија се регистрирани уште 861 […]

Макрон го потврди убиството на шест Французи во Нигер


Франција – Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека француски граѓани се убиени во напад во Нигер, западна Африка. Во соопштението се наведува дека Макрон телефонски разговарал со нигерискиот претседател Махамад Исуфу. Напаѓачи на мотоцикли вчера убиле шестмина француски државјани и нивниот нигериски водич и возач во национален парк во Нигер, соопшти висок официјален претставник и безбедносен извор.

Во училиште во Џорџија девет позитивни ученици и вработени


САД – Коронавирусот е откриен кај деветмина ученици и вработени во средно училиште во американската држава Џорџија, кое е во центарот на вниманието откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од ходници полни со тинејџери без маски. – Во овој момент, знаеме дека има шест ученици и тројца вработени кои биле во училиштето барем извесно време минатата недела, […]

Бољшој ја најави новата сезона и покрај короната: Доминго и Нетребко на сцената


Русија– Голем број од оперските куќи во светот, поради пандемијата со корона вирусот се уште не планираат нови изведби, а московскиот Бољшој театар, и покрај се, ја најави 245 сезона со спектакл на 6 септември. Вердиевиот „Дон Карлос“ ќе ја донесе на оваа сцена една од најголемите ѕвезди на денешницата, сопранот Ана Нетребко, Русинка која […]

Бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 20 милиони


Швајцарија – Бројот на луѓе кои се заразени со вирусот Кковид-10 во светот надмина 20 милиони и сега изнесува 20.026.161, објави интернет страницата ворлдметерс. Од почетокот на епидемијата починале 734.020 луѓе, а речиси 13 милиони оздравеле. Во моментов, активни се 6.391.516 случаи, а од вкупниот број на пациенти, еден процент се во критична состојба. Најлоша е состојбата во […]

Во Сараево од корона почина млада мајка, три дена по породување


БиХ-Во Сaраево почина 37-годишната Белма Шољанин, активистка и мајка на три деца која била заразена со коронавирус. Починала вчера, три дена по породувањето откако родила син, јавија медиумите во БИх, а пренесе index.hr. Била заразена од коронавирус и во 35-та недела од бременоста е примена во оддел за изолација. Родила, па потоа пак отишла во […]

Сите бои на Шар Планина и летната привлечност на Попова Шапка (репортажа)


Ако во зимскиот период белата боја на снегот ја доловува убавината на Попова Шапка и Шар Планина, во лето сите останати бои се таму во разни облици и ја претставуваат привлечноста на овој центар и планина. Месеците јули и август е времето кога на падините околу Попова Шапка речиси сите посетители се во потрага по […]

Масовни отпуштања во Велика Британија поради пандемијата


Англија– Бројот на британски компании кои планираат да го намалат бројот на вработени во јуни бил пет пати поголем отколку во истиот месец минатата година, што ги покажува економските последици од пандемијата на Ковид-19. Би-Би-Си јави дека 1.778 компании ја известиле Владата за нивните планови за укинување на вкупно 139.000 работни места. Минатата година 345 […]

Уште пет дена за договор за нова влада, бизнисот чека нови мерки


Продолжуваат разговорите меѓу политичките партии за формирање ново парламентарно мнозинство и понатаму без официјална потврда за евентуален договор. Тоа треба да биде направено најдоцна до петок кога истекува десетдневниот рок, по кој претседателот на државата треба да го додели мандатот за формирање влада. Изминатиот викенд информации и пораки за разговорите претежно беа испраќани преку соопштенија […]

Најмногу активни ковид случаи во Скопје, Штип и Гостивар, ниту еден во Пехчево


Статистиката на Министерството за здравство покажува дека моментно во државава имаме 3.648 активни случаи. Најмногу и понатаму во главниот град, 1.335, а само во Пехчево нема ниту еден случај. Зад Скопје, според бројноста на активни случаи се Штип со 400, Гостивар 326, Куманово 276, Струга со 195, Тетово 190, Дебар 127….По завчерашнате 200 нови случаи, […]

Деветнаесет години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски бачила


По повод 19 години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила во 2001 година денеска пред нивното спомен одбележје во скопско Волково ќе биде положено цвеќе од делегации од општината и армијата. На 10 август 2001 година, воено товарно возило на Армијата на патот кај месноста Љуботенски бачила нагази на две противтенковски мини. Животот […]

Сончево, попладне со пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи особено на североисток. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степена. УВ-индексот ќе изнесува 8. […]

Џон Бон Џови го продаде домот во Палм Бич за 20 милиони долари, и купи нов за 43 милиони долари


САД- И покрај фактот дека Ковид-19 ги стави музичарите на пауза и концертите во живо, рокерот  ветеран Џон Бон Џови (58) го бива за недвижнини.Во 2018 година, плати 10 милиони американски долари за домот со поглед на океанот во Палм Бич, што го реновираше во сосема нова вила. Сега, тој го продаде имотот за нешто […]

Макрон: Светските сили се должни да му помогнат на либанскиот народ


Франција– Светските сили се должни да му помогнат на либанскиот народ по катастрофалната експлозија што уништи голем дел од Бејрут, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на отворањето на донаторската конференција за Либан. – Треба да дејствуваме брзо и ефикасно, така што оваа помош да оди директно таму каде што е потребна, рече Макрон, додавајќи дека […]

Бебе Реџа ќе се оперира од синуси


Албанија – Светски познатата пејачка Бебе Реџа, поради тешка инфекција на синусите, ќе биде оперирана, пренесуваат албанските медиуми. Веста ја објави Реџа, наведувајќи дека повеќе денови не е во добра здравствена состојба, дека едвај може да дише и има силни главоболки. – Појдов на доктор за инфекцијата на синусите, која не поминува и ми рече дека […]

Сајмон Кауел се повредил додека тестирал електричен велосипед


САД (АП) – Сајмон Кауел (60) го повредил грбот додека го тестирал својот нов електричен велосипед во неговиот дом во Калифорнија. Се очекува Кауел да биде опериран, според портпаролот на шоубизнис магнатот. Кауел паднал од велосипедот додека бил во дворот со семејството во неговата куќа во Малибу. Тој бил однесен во болница и се вели […]

Демонстрантите во Софија повторно поставија шатори 


Бугарија – Откако полицијата ги отстрани шаторите од клучните раскрсници во Софија во петокот наутро, група демонстранти синоќа ги постави повторно и го блокираше сообраќајот на најмалку три места. Овојпат полицијата не ги отстрани шаторите. Главниот инспектор Красимира Стојадинова од управата за внатрешни работи изутринава изјави дека полицијата ќе продолжи да се обидува да ги убеди […]

Нов Зеланд: 100 дена без ниту еден локално пренесен случај на Ковид-19


Нов Зеланд– Нов Зеланд има 100 дена без ниту еден нов случај на локално пренесување на коронавирусот, но властите предупредуваат дека е рано да се релаксираат мерките. Во моментов има 23 позитивни луѓе во таа држава, но тие се откриени на граница и веднаш се ставени во карантин. – Достигнувањето до 100 дена без локален пренос […]

Во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“


Пливачкиот Клуб „Вардар 2018“, со поддршка на Општина Крушево, денеска ќе го организира Првиот крушевски маратон кој го носи името на Тоше Проески. Маратонот ќе се одржи на Крушевското Езеро. Ќе почне во 11 часот, а должината што ќе ја пливаат учесниците е 2,5 километри. Според објавата на пливачкиот клуб „Вардар 2018“, не случајно првиот […]

Нагасаки: 75 години од нападот на САД со атомска бомба


Јаонија – Во јапонскиот град Нагасаки беше одбележана 75-годишнина од американското нуклеарно бомбардирање во Втората светска војна. Градоначалникот на Нагасаки и преживеаните од тој трагичен, катастрофален настан апелираа до светските лидери да се вклучат повеќе за да се забрани нуклеарното оружје ширум светот. Точно во 11.02 часот по локално време, во исто време кога американскиот […]