Макрон го потврди убиството на шест Французи во Нигер


Франција – Кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон потврди дека француски граѓани се убиени во напад во Нигер, западна Африка.

Во соопштението се наведува дека Макрон телефонски разговарал со нигерискиот претседател Махамад Исуфу.

Напаѓачи на мотоцикли вчера убиле шестмина француски државјани и нивниот нигериски водич и возач во национален парк во Нигер, соопшти висок официјален претставник и безбедносен извор.