Џон Бон Џови го продаде домот во Палм Бич за 20 милиони долари, и купи нов за 43 милиони долари


САД- И покрај фактот дека Ковид-19 ги стави музичарите на пауза и концертите во живо, рокерот  ветеран Џон Бон Џови (58) го бива за недвижнини.Во 2018 година, плати 10 милиони американски долари за домот со поглед на океанот во Палм Бич, што го реновираше во сосема нова вила. Сега, тој го продаде имотот за нешто помалку од 20 милиони долари. Но, таа продажба беше само загревање. Истиот ден кога ја продаде вилата, Бон Џови потпиша договор за друга луксузна куќа од 43 милиони долари до самиот океан.

Новоизградената, неодамна продадена вила има пет спални соби, пет полни и три полу-бањи на околу 5.000 квадратни метри. Првично наведен во мај за 22,9 милиони американски долари, домот го изгради компанијата Shapiro Pertnoy со ентериер од страна на Caroline Rafferty. Елегантната вила е за  опуштено крајбрежно чувство со камен-акцентиран ентериер. И како бонус- пространа библиотека со вградени полици.

Домот има и лифт и генератор за струја во време на урагани.

Новиот дом за  прв пат се појави на продажба во јануари со огромна цена од 44,9 милиони американски долари. Опфаќа 10.232 квадратни метри, приморски  престој со седум спални соби и седум целосни бањи . Дизајниран од Томас Кирхоф со ентериери од Дејвид Клинберг, раскошната палата нуди луксузни удобства. Има сала за вежбање, винарска визба, лифт, генератор за струја и климатизирана гаража за три автомобили.

Палм Бич е секогаш атрактивен пазар за недвижнини со славни сопственици. Тука спаѓаат поранешната куќа на семејството Кенеди, која се продаде за неверојатни 70 милиони американски долари и два имоти на славниот милијардер Роу, кој се наоѓа во близина на Мар-а-Лаго на Доналд Трамп, кој секој го продаде за над 100 милиони долари.

Поглед на океанот од новиот дом од 43 милиони долари

Бон Џови со години бил плоден колекционер на скапи домови. Тој сè уште поседува апартман со 4 спални соби и 4,5 бањи во Њујорк, за што плати скоро 19 милиони американски долари во 2017 година, како и палата во Ист Хемптон што го избра во 2004 година за 7,6 милиони американски долари. Неговата раскошна куќа во француски стил во Мидлтаун, Н.Ј., дизајнирана од светски познатиот архитект Роберт А.М. Стерн, беше на продажба во 2017 година и се уште се продава за околу 20 милиони долари.