Евроамбасадорот Жбогар заминува, доаѓа Дејвид Гер


Евроамбасадорот Самуел Жбогар, синоќа по повод неговото заминување од функција одржа прием, на кој присуствуваа високи функционери. Премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил му порача на Жбогар дека неговата поддршка, неговото пријателство, искуство и трпение биле драгоцен стимул и партнер за нивната работа како Влада. – Му благодарам за неговиот неизмерен придонес во зајакнувањето […]

Продолжува соработката меѓу МАНУ и Фондот „Трифун Костовски“


МАНУ се обрати до јавноста за значајниот придонес на семејството Костовски во финансирањето научноистражувачки и уметнички проекти: објавување научни и уметнички изданија и преводи на научни и уметнички дела и откуп на уметнички и други дела од областа на духовното и материјалното културно наследство, историјата и културата на нашата земја, преку Фондот „Трифун Костовски“ при […]

Наградени издавачите и авторите меѓу два саема


Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) утре, во 11 часот, по четврти пат ќе доделува награди за периодот меѓу два саема (мај 2019 – септември 2020) во промо центарот на Саемот на книгата. Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по тридневно разгледување на апликациите и на примероците од книгите доставени од […]

Нови правила за Оскарите, Холивуд реагира


САД– Американската глумица ги критикуваше новите правила за Оскарите, оценувајќи ги како „крајно левичарски“. „Ова е срамота за уметниците насекаде… Можете ли да замислите да му кажувате на Пикасо што требало да има на неговите е**** слики. Вие, луѓе, го изгубивте умот! Контролирање уметници, контролирање на индивидуалната мисла… ОСКАР ОРВЕЛ“, напиша таа на Твитер. За да има право […]

Он лајн средба на Бесими со претставници на ММФ: Целта ни е следните години растот да се дуплира


Кризата предизвикана од Ковид 19 и нејзиното влијание врз македонската економија, преземените пакет-мерки и новиот  што се изготвуваат во соработка со сите чинители во економијата, како и во консултации со Светска банка и ММФ, беа тема на разговор на првата он-лајн официјална средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со Бергјот Бјорнсон Баркбу, шеф на […]

Испораката на вакцини против коронавирус во светот ќе биде историски предизвик, потребни 8.000 авиони


Англија – Испораката на вакцини против коронавирус во светот ќе претставува најголемиот транспортен предизвик во историјата, сметаат претставници на авиоиндустријата, пренесува Би-Би-Си. За да се дистрибуираат вакцините во сите земји ќе бидат потребни 8.000 авиони Боинг 747, соопшти Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Иако вакцината сè уште не е произведена, со исклучок на Русија, ИАТА уште […]

Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 28 милиони


САД – Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина 28 милиони. Вирусот е потврден кај 28.029.608 лица, покажуваат податоците на порталот „Ворлдметерс“. Вкупно 908.050 луѓе починаа од вирусот, а 20.106.316 луѓе се излекувани. САД, Индија и Бразил имаат најголем број заразени, каде што има и најголем број смртни случаи.      2020-09-10 08:42:41, од Пандорка Арсовска-Гацова

Што им прави корона-кризата на Германците?


Германците се горди на тоа како нивната земја се справи со пандемијата, но во исто време секој трети смета дека Владата прави кризата да изгледа поголема отколку што е. Како соодветствува ова? На кој социјален тип припаѓате? Дали сте ​​„отворената личност“ за која космополитизмот и критичкото размислување се на прво место? Или се вбројувате меѓу […]

Новата учебна година во Италија ќе започне во понеделник со максимални безбедносни мерки


Италија – Новата учебна година во Италија ќе започне во понеделник, на 14 септември, со максимални безбедносни мерки и правила за спречување на ширење на вирусот Ковид-19, потврди италијанскиот премиер Џузепе Конте. – Интензивно работевме на повторно отворање на училиштата. Оваа година тоа ќе се одржи на нов и потежок начин, што е предизвик за италијанскиот систем, […]

Словенија го крати карантинот од 14 на 10 дена


Словенија – Експертскиот медицински тим што ја советува словенечката Влада предложи да се намали времетраењето на задолжителниот карантин од 14 на 10 дена. – Ризикот од заразување може да биде малку поголем, но оваа мерка ќе го намали притисокот врз словенечката економија, смета епидемиологот Бојана Беовиќ. Како што пренесува агенцијата СТА, овој предлог е поддржан и од словенечкиот […]

Ким Џоунс го наследи Лагерфелд во „Фенди“


Франција– По две години откако модната легенда Карл Лагерфелд почина, Фенди, модната куќа која ја водеше иконата веќе 54 години, официјално ја именуваше неговата замена. Британецот Ким Џоунс, уметничкиот директор на Диор Хом, ќе добие дополнителна улога како уметнички директор на женската линија на „Фенди“. Првата колекција на Џоунс ќе биде прикажана за време на […]

ФАЦ: Потребно ли е ново проширување на ЕУ?


Колку е сериозен процесот на проширување на ЕУ и дали земјите од Западниот Балкан треба да се надеваат дека тој ќе резултира со нивно полноправно членство. Оваа тема ја анализира германскиот Франкфуртер алгемајне цајтунг   „Дали Европската унија треба и натаму да расте или со оглед на својата внатрешна состојба е одамна преголема“, се прашува […]

Скопските пожарникари демонстрираа професионалност и пожртвуваност


Скопските пожарникари вчера повторно на терен ја покажаа својата професионалност и пожртвуваност. Во 06:50 часот добија дојава за пожар во просториите на поранешна Комерцијална банка каде се сместени повеќе државни институции меѓу кои Инспекторатот за животна средина и просторно планирање, Медиумската информативна агенција и Секретаријатот за европски прашања. Првично беа испратени екипи со две возила, […]

Активни 1905 случаи на заболени со Ковид-19, хронично болните лица се враќаат на работа


Во моментов се активни 1905 случаи на заболени од Ковид-19, досега од вирусот оздравеа 12754, а починаа 634 лица. Од Институтот за јавно здравје забележаа дека минатата недела е зголемен бројот на заболени и хоспитализарани од Ковид-19, најмногу се на возраст меѓу 30 и 39 и над 60 години. Од Здруженијата на пациенти побараа посебни […]

Во Кривичен продолжува судењето за организаторите на 27 април


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за организаторите на настаните од 27 април во Собранието. Случајот се наоѓа во доказна постапка и сослушување на сведоци предложени од одбраната. Судскиот процес го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на […]

Минимални трошоци за основање фирма и намалување на парафискалните давачки до 75 проценти, ветува Владата


Основање фирма со минимален износ на основна главнина од 1 евро, укинување на фирмарина за првите две години за новооснованите компании и драстично намалување на трошоците за добивање правна документација за потребите на бизнисот, се дел од ветувањата на новата Влада што треба да се реализираат во следниот четиригодишен мандат. Тоа значи дека граѓаните ќе […]

Ново рочиште за „Монструм” во Кривичен суд Скопје


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година. Случајот „Монструм“ се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште треба да бидат сослушани две лица предложени од обвинителството. За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире […]

„Празник на липите“ пред МКЦ, лауреати Ренџов и Биелик


Традиционалната поетска манифестација „Празник на липите“ во организација на Друштвото на писатели на Македонија, ќе се одржи денеска на Платото пред Младинскиот културен центар, согласно протоколите за организирање културен настан во услови на пандемија. На свеченоста ќе биде врачена наградата „Книжевен жезол 2020“ на македонскиот поет Михаил Ренџов, а ќе биде прочитано и писмото од […]

Изложба „Чаршијата низ фотографите и сликите” во Куршумли ан  


Во просторите на Куршулми ан во Старата скопска чаршија, вечер ќе се биде отворена изложба „Чаршијата низ фотографите и сликите”. Изложбата е подготвена од фотографот Фисник Муртези, во соработка со уметничката Џенета Мамути. Фокусот на ова изложба е насочен кон Скопската чаршија, односно целата идеја според организаторите е да се престават различни локаци од чаршијата […]

Сончево време со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе […]