Изложба „Чаршијата низ фотографите и сликите” во Куршумли ан  


Фото; Б. Грданоски

Во просторите на Куршулми ан во Старата скопска чаршија, вечер ќе се биде отворена изложба „Чаршијата низ фотографите и сликите”. Изложбата е подготвена од фотографот Фисник Муртези, во соработка со уметничката Џенета Мамути.

Фокусот на ова изложба е насочен кон Скопската чаршија, односно целата идеја според организаторите е да се престават различни локаци од чаршијата преку фотографите и сликите.

Воедно, во најавата за изложбата се вели дека поради вирусот Ковид-19, сите учесници се должни да ги следат препораките, да се држат на растојание и да носат маска. Изложбата ќе биде отворена од 18:30 часот.