Сончево време со мала локална облачност

Фото: Б. Грданоски

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 32 степени.

Во следните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и топло време со повремена мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.