Зошто Бакингамската палата го штити принцот Ендру, а бара истрага за Меган Маркл?


Англија-Бакингамската палата е обвинета дека имала двојни аршини во однесувањето кон војводата и војвотката од Сасекс и принцот Ендру, синот на кралицата Елизабета Втора. Додека палатата неодамна соопшти дека ќе покрене истрага во врска со наводите дека Меган Маркл малтретирала кралски персонал, од страна на палатата јавно не биле направени такви истраги за вмешаноста на […]

Дали маслиновото масло е фонтана на младоста, од која буквално треба да пиете? Холивуд вели да


САД- Дизајнерката Норма Камали, на возраст од 75 години, го нарече маслиновото масло својата „омилена храна за убавина“ и вообичаено носи мини шише со себе каде и да оди. Блескавата, златна Џенифер Лопез инсистираше на тоа да биде клучна состојка во нејзината нова линија за нега на кожата, бидејќи го користи на косата и на […]

Саудиски принц купува француски фудбалски клуб 


Саудиска Арабија– Саудискиот принц Абдула бин Салман бин Абдулазис Ал Сауд, кој е сопственик на англискиот премиерлигаш Шефилд јунајтед, потврди денеска дека ќе го преземе управувањето со францускиот фудбалски второлигаш Шатеру. Ал Сауд истакна дека му дал одобрување на директорот на својата компанија „Јунајтед Ворлд“ да склучи купопродажен договор со раководството на Шатеру, додавајќи оти […]

Славниот композитор Сања Илиќ почина на 70 години од коронавирус


Србија– Александар Сања Илиќ, композитор, музичар и основачот на групата Балканика, почина денес од последици од коронавирусот, откако некое време беше на респиратор, јавија српските медиуми. Сања Илиќ почина во 70. година од животот. Роден е во Белрад во 1951 година. Негов татко е композиторот Миодраг Илиќ Бели, а брат композиторот Драган Илиќ од Генерација […]

Нема контраиндикации од „Спутник В“, само препорака за претпазливост кај трудници и доилки


Во упатството на „Спутник В“ има препорака за претпазливост само кај трудници и доилки. Не е наведена никаква друга контраиндикација, рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче по пристигнувањето на првата пратка од руските вакцини, вкупно 3.000, на Скопскиот аеродром. Филипче повтори дека согласно националниот план, први вакцина ќе примат најстарите граѓани со хронични болести […]

Во ковид-центрите во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти


Во изминатите 24 часа  во ковид-центрите во болниците во земјава се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Од нив 500 во внатрешноста, а 325 се лекуваат во главниот град, соопшти Министерството за здравство.   По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола […]

На 64 години почина српскиот актер Борис Комнениќ


Србија-Актерот Борис Комнениќ почина после тешка болест на 64 години. Првакот на драма во Народниот театар во Белград роден е на 29 март 1957 година во Пула. После гимназијата, која ја завршил во родниот град, запишал Факултет на драмски уметнсоти, а член на Народниот театар станал во 1984 година, додека негова најпозната улога е телевизискиот […]

Во Швајцарија референдум за забрана за покривање лица на јавни места


Швајцарија – Граѓаните во Швајцарците на денешниот рефендум ќе се изјаснат дали треба да се забрани покривање на лицата на жените  на јавни места. Иницијативата, покрената од десниот политички табор, доби поддршка и од левиот центар, поради што се очекува мнозинството Швајцарци да ја поддржат забраната за носење бурка и никаб и предлогот да стане закон. […]

Папата Франциск пристигна во Мосул


Ирак – Папата Франциск, на последниот ден од неговата посета на Ирак, денеска пристигна во ирачкиот град Мосул, каде ќе се моли во разурнатите цркиви, уништени од терористичката група Исламска држава и ќе одржи миса на отворено. Ватикан се надева дека посетата на папата Франциск ќе ги охрабри христијаните да остан во Ирак и покрај повеќедецинските […]

Трите хероини од штипското Инфективно одделение


Дијана Шишкова, Глорија Караѓозова и Драгица Тимова се трите хероини на штипското Инфективно одделение. Единствени специјалисти по инфектологија се во источниот регион. Точно една година ја бијат битката во штипскиот Ковид центар, во кој се лекуваат пациентите од  општините од Брегалничкиот регион, кои се со тешка или средна клиничка слика. За разлика од есенскиот бран, […]

Семејно насилство: Многу жени Роми страдаат тивко


Семејното насилство врз жени се однесува на жените од сите заедници, но се чини ромската жена е поподложна на насилство и тоа веројатно е резултат на постоечките бариери за жртвите на кои им е потребна помош. Ромската жена доживува семејно насилство во поголем интензитет поради двојната дискриминација, поради полот и етничката припадност, но и долгогодишното […]

Османи од утре во работна посета на Рим и Ватикан


Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, од утре ќе биде во работна посета на Италијанската Република и Светата Столица. Во рамки на посетата на Италија, Османи ќе оствари средба со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Луиџи Ди Мајо, а во агендата е предвиден и […]

Германската надворешна политика по Меркел


Следниот германски канцелар би можел да биде Армин Лашет, или пак Маркус Зедер. Каква надворешна политика може да се очекува од едниот, а каква од другиот?   Од сојузниот канцелар се очекува да е искусен во надворешната и во европската политика“. Тоа, новиот претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, Армин […]

Познати историски личности чии гробови никогаш не се пронајдени


Кога, пред девет години, археолозите потврдија дека гробницата на англискиот крал Ричард Трети се наоѓа под паркинг во Лестер, тие конечно можеа да стават точка на долготрајната потрага по една од најбараните гробници во светот. Сепак, некои големи потраги по гробници сè уште траат бидејќи местата каде што се закопани некои од најпознатите историски личности сè уште се мистерија. КЛЕОПАТРА Кусо […]

Во светот над 117 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19


Од почетокот на пандемијата во светот 117.081.668 луѓе се инфицирале со Ковид-19, а активни се над 21,8 милиони случаи, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдометерс“ (Worldometers). Од последици на вирусот починале 2.600.048 луше, а оздравеле 92.655.967. Најголем број на заразени со Ковид-19 се регистрирани во САД – над 29,6 милиони, потоа следи Индија со повеќе од […]

Сенатот на САД изгласа нов пакет мерки oд 1,9 трилиони долари за помош на Американците во време на пандемија 


САД – Американскиот Сенат синоќа ги изгласа мерките за помош на економијата на САД погодена од Ковид-19, во висина од 1,9 трилиони долари, предложени од претседателот Џо Бајден. Демократите, кои се мнозинство во Сенатот, по неколкудневни дискусии конечно усогласија делумно видоизменет пакет мерки што вклучува помал, но критичен слој на граѓани кои ќе ги примаат исплатите […]

Земјотрес почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово


Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала синоќа во 22:43 часот е почувствуван во Дебар, Гостивар и Маврово, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,9 степени, од епицентралното подрачје Гостивар-Тетово, со епицентар на 60 километри југозападно од Скопје. 

Утрово најстудено на Попова Шапка, измерени -10 степени


Утрово во голем дел од земјата се измерени температури под нулата. Најстудено било на Попова Шапка, каде се измерени -10 степени, потоа Крива Паланка -8, Берово – 7, Маврово – 6, Крушево -5. Во Скопје е измерен 1 степен над нулата, а најтопло било во Дојран каде утринската температура била 4 степени и Гевгелија 5 […]

Ким Кардашијан ќе го задржи заедничкиот футуристички дом од 60 милиони долари (видео)


САД-Како дел од разводот со раперот Кање Вест, Ким Кардашијан Вест најверојатно ќе остане во импресивниот дом во Хидн Хилс, Калифорнија, во која се сместија таа и Вест во 2014 година, објави неодамна ТМЗ повикувајќи се на „извори блиски до поранешната двојка“. Во февруари, претставник на Кардашијан Вест за Инсајдер потврди дека основачката на SKIMS […]

Една третина од јавните институции во Кочани се енергетски ефикасни


Енергетската ефикасност е една од приоритетните локални политики за заштита на животната средина во Кочани, и како резултат на реализираните проекти, над една третина од јавните институции обезбедуваат заштеда на енергија или сами ја произведуваат. За нешто повеќе од три години инвестирани се околу 36 милиони денари, средства од меѓународни извори, од државниот и општинскиот […]