На 64 години почина српскиот актер Борис Комнениќ


Србија-Актерот Борис Комнениќ почина после тешка болест на 64 години.

Првакот на драма во Народниот театар во Белград роден е на 29 март 1957 година во Пула.

После гимназијата, која ја завршил во родниот град, запишал Факултет на драмски уметнсоти, а член на Народниот театар станал во 1984 година, додека негова најпозната улога е телевизискиот лик на Александар Саша Поповиќ во серијата „Бољи живот“.

Меѓу филмските и телевизиските наслови во кои тој играше се „Бал на води“, „Шпадијер један живот“, „Штрковите ќе се вратат“, „Мирисот на дождот на Балканот“, „Апофенија“ и други.

Беше многу кратко оженет, а од тој брак ја има ќерката Ника.