Концерт „Музиката и градот“ во Филхармонија
Овој четврток во 19 часот, оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Музиката и градот“ на кој праизведба ќе доживее електроакустична симфониска поема „Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска. На програмата се и „Фантазија за обоа и оркестар на фолк тема“ од Васил Атанасов В’чев (кој ќе настапи и како солист на обоа), Адаџето од Малер […]