Најстудено во Битола -22 и во Берово -20 степени


Најстудено изутринава е во Битола и во Берово каде што се измерени минус 22 односно минус 20 степени целзиусови. Следуваат Прилеп со -15, Тетово -14, скопски Петровец -13, а во Скопје се измерени минус седум степени. „Најтопло“ утрово е во Гевгелија и во Дојран со минус четири степени. УХМР информира дека на Попова Шапка има […]

Во Франција одложени локалните избори поради епидемијата на Ковид-19


Франција– Француските локални избори, закажани за март се одложени за јуни поради епидемиолошката состојба во државата. Тоа го одлучи синоќа Сенатот на францускиот Парламент. Гласањето ќе се одржи на 13 и 20 јуни. Одложувањето на изборите се должи на загриженоста што новиот коронавирус може брзо да се шири меѓу луѓето во и околу избирачките места. […]

Земјотрес од 5,1 по Рихтер регистриран во Грција


Грција – Земјотрес со интензитет од 5,1 степен беше регистриран утрово во Грција, соопшти Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот бил на 22 км североисточно од Патра, на длабочина од 2 км. Во моментов нема податоци за жртви или штети.

Берт Рејнолдс погребан две години по неговата смрт


САД– Повеќе од две години по неговата смрт во 2018 година, Берт Рејнолдс беше погребан. Легендарниот актер почина на 82 години на 6 септември 2018 година, откако неколку години се соочуваше со здравствени проблеми. Конечно беше погребан на гробиштата Холивуд засекогаш во приватна церемонија, објави Асошиејтед прес. Членовите на семејството на Рејнолдс, наводно, учествувале преку […]

Снежно невреме во САД, најмалку 21 жртва, милиони домови се без струја


САД– Најмалку 21 човек го загуби животот поради снежно невреме во САД додека милиони се без струја во централниот и јужниот дел на државата. Најголемите проблеми со снабдувањето со електрична енергија има во Тексас, каде повеќе од четири милиони домаќинства и деловни активности се без електрична енергија. На други места повеќе од 250.000 луѓе, исто […]

Повеќе од 110 милиони заразени со коронавирусот во светот


Од почетокот на пандемијата повеќе од 110 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдометар“. Најмногу заразени има во САД – повеќе од 18 милиони луѓе, потоа следува Индија со скоро 11 милиони заразени, па Бразил со 9,9 милиони … Русија е на четвртото место во светот и прва во […]

Лурдс на Мадона, шири младешки дух во новата модна кампања на Марк Џејкобс


САД– Два месеци откако се појави на рекламата инспирирана од Y2k на Juicy Couture со брендот за долна облека Парада, 24-годишната ќерка на Мадона позира во нова престижна модна кампања, на Марк Џејкобс. Лурдс (чиј татко е тренер за фитнес Карлос Леон) е ангажирана за сезоната пролет 2021 со нови додатоци како светло обоени чанти, […]

Презентација на резултатите од анализа на моделот на далечинско учење во средните училишта


Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАР) и Фондацијата „Конрад Аденауер“ денеска преку платформата ЗУМ ќе ги презенитараат резултатите од анализата „Далечинско учење или далеку од учење? Анализа на спроведувањето на моделот на далечинско учење во средните училишта во учебата 2020/2021 година“. На презентацијата ќе се обрати официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во […]

Таксистите во Љубљана не сакаат да се тестираат на секои 72 часа


Словенија – Повеќе од стотина таксисти во Љубљана синоќа возеа низ центарот на градот и о свирење протестираа против одлуката на Владата секои 72 часа да се тестираат за коронавирусот. Нивниот синдикат предупреди дека протестот ќе ескалира доколку Владата не ја повлече одлуката, која за нив е нелогична и претерана, во време кога се укинуваат некои ограничувања против […]

Хрватска ќе обезбеди до два милиона дози руска вакцина против Ковид-19


Хрватска– Во Хрватска во следните недели можно е да пристигнат до два милиона дози на руската вакцина „Спутник V“, а се чекаат само регулаторни фактори што мора да се исполнат за да се увезе вакцината, објави порталот Индекс. Порталот се повикува на извор близок до врвот на владата, кој рече дека деталите за соработката со Русија […]

Средба на Османи со известителот во Европарламентот за земјава Илхан Ќучук


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе се сретне известителот во Европскиот парламент за Република Северна Македонија, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој е во дводневна посета на земјава. – Посетата се реализира во пресрет на гласањето за Нацрт-резолуцијата за Република Северна Македонија во Комитетот за надворешни работи во рамките на Европскиот парламент, што ќе […]

Сончево, ведро и студено


Времето во земјава изутринава ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на слаба магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб северозападен ветер. Во вечерните и ноќните часови облачноста ќе се зголеми и во североисточните делови ќе има повремен слаб снег. Утринската температура ќе се движи од -16 […]

Голгетерот на „златната“ аргентинска генерација од 1978. Леополдо Луке почина од коронавирус


Аргентина– Еден од најдобрите играчи на аргентинската фудбалска репрезентација на патот до титулата светски првак во 1978 година, Леополдо Џакинто Луке (71), почина од коронавирус во болница во Буенос Аирес. Луке беше еден од најдобрите фудбалери на Мундијалот” 78 на кој „гаучосите“ на домашен терен ја освоија својата прва титула светски првак. Во петте натпревари постигна четири голови […]

Ѓорѓе Балашевиќ заврши во болница: Легендарниот кантавтор десет дена се мачел со пневмонија


Србија– Омилениот пејач во регионот во 2019 претрпел инфаркт и му беше вграден стент. Не е познато дали пневмонијата е поврзана со коронавирус, па заради претпазливост е однесен на Инфективна клиника. Линк до целиот текст на Глориа.хр тука

Магијата на Сваровски: Новиот накит со досега најголеми кристали


Италија– Сваровски ја претстави својата прва колекција под креативно водство на Џована Баталија Енгелберт, од лани прв креативен директор во 125-годишната историја на австриската компанија, како одраз на реструктуирањето во кое се гледаат членовите на семејството Сваровски, Роберт Бубабауер (извршен директор), Надја Сваровски и Матиас Маргарејтер, кои се приклучуваат на извршниот одбор. „Веќе бев посветена […]

Усвоен извештајот за Охридскиот регион што ќе биде испратен до УНЕСКО


Владата на денешната седница го разгледа и усвои Извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот регион и напредокот во спроведувањето на препораките од Одлуката на Комитетот за светско наследство. Како што информира владината Прес-служба, Владата ја задолжи Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија да го достави Извештајот за […]

Исплатата на февруарските пензии почнува на 25 февруари


Владата на денешната 45-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец февруари 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување најдоцна до 24 овој месец да ги достави податоците за пензиите до деловните банки, на кои им се препорачува да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите […]

Деветто полуфинале на Австралија Опен за Новак Ѓоковиќ


Австралија – Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ попладнево се врати од брејк негатива во третиот и во четвртиот сет, во кој спаси и сет топка на противникот, за на крајот да го совлада Александар Зверев со 3:1 (6-7, 6-2, 6-4, 7-6), и по деветти пат да обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен. Мечот траеше три часа и […]

Ристовска: Последиците од незаконското прислушкување се од огромни размери


Во рамките на незаконски прислушкуваните разговори биле следени три категории на лица, таргети, лица соговорници и оштетени лица, односно лица под посебни истражни мерки, сподели денеска обвинителката, Ленче Ристовска во завршните зборови за случајот „Таргет-Тврдина“ и нагласи дека следените доживеале најголема штета поради фактот дека биле следени и пред, и по ПИМ мерките. Ристовска образложи дека […]

Битолскиот театар подготвен за премиерата на „Ноќта кога ја убив месечината“ 


Во Народниот театар Битола завршија подготовките за премиера на претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ во режија на Марјан Ѓорѓиевски, закажана за 19 февруари во Битола. Станува збор за театарски проект инспириран од делото „Мостот“ на Лорен ван Велтер, за кое превод од бугарски на македонски јазик подготви Александар Копања. -Капитализмот е на тест. Слободата […]