Софија: Груевски нема бугарски пасош


Бугарија – Министерството за правда на Бугарија ги демантира информациите објавени во некои медиуми дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски избегал во Унгарија со бугарски пасош. – Никола Груевски не е бугарски државјанин и не поднел документи за бугарско државјанство. На Груевски не му е издаден бугарски пасош од Министерството за внатрешни работи, соопшти бугарското Министерство за правда.

Постудено, до 16 степени


Времето денеска ќе биде умерено облачно и студено со умерен северен ветер долж Повардарието. Температурите се очекува да се движат во интервал од -1 до 16 степени. Во Скопје слично време со температури до 11 степени.

Леброн се искачи на петтото место на вечната листа НБА поентери


САД – Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Леброн Џејмс изби на петтото место на вечната листа поентери, откако рано утрово во победата на ЛА Лејкерс над Портланд (126:117) постигна 44 поени. На Џејмс му недостасуваше само една асистенција да запише трипл-дабл. Тој средбата ја заврши со 10 скока и девет асистенции. Ѕвездата на …

Леброн се искачи на петтото место на вечната листа НБА поентери Read More »

Унгарски медими: Контроверзната апликација за азил на Груевски во процедура


Унгарија- Пребегувањето на поранешнот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија и побараниот азил и денеска се една од топ темите во унгарските медиуми. Главните дилеми кои ги поставуваат се како Груевски влегол во Унгарија, дали се испочитувани законските процедури, кој му помага во Будимпешта и какви ќе бидат последиците за Владата на Виктор Орбан, со кого, …

Унгарски медими: Контроверзната апликација за азил на Груевски во процедура Read More »

Македонската елита сака накит: „Ребека“ дојде во Скопје


Отмено, без многу помпа, со шампањско и мирис од Тоскана, пристигна уникатниот италијански накит „Ребека“(Rebecca) во Македонија. Неговата префинетост, нежен на допир а изработен со најнови технологии, во стилот на италијанското благородништво од Фиренца, прво го почувствува на своја кожа поп-ѕвездата Каролона Гочева- Корубин, која на Инстаграм го промовираше, а синоќа, во Скопје го виде …

Македонската елита сака накит: „Ребека“ дојде во Скопје Read More »

Од денеска задолжителна зимска опрема во возилата


Обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, започнува да важи од денеска, а ќе трае сѐ до 15 март следната година. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упати апел до возачите да бидат одговорни и да ја почитуваат законската обврска. – Иако временските услови сѐ уште се стабилни, сепак во наредниот период …

Од денеска задолжителна зимска опрема во возилата Read More »

Заев во Софија на Самит и средба со Борисов


Бугарија- Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во Софија, Република Бугарија каде ќе учествува на StartUp Europe Summit. На Самитот е најавено учество на премиери од Западен Балкан, како и комесарката за дигитална економија и општество во ЕК, Марија Габриел. За време на престојот во Бугарија, премиерот Заев ќе одржи средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Ново рочиште за „27 април“


Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Случајот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште беа читани смс и вибер пораки од вештачењето на мобилниот телефон на тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељановски. На претходните рочишта беа прегледани снимки од безбедносните камери …

Ново рочиште за „27 април“ Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Денес се појавуваат прекрасни шанси за напредување и сега знаете што треба да се стори и без многу објаснувања. Задоволни и во центар на вниманието, се среќавате со некаква енигма, а поривот да дознаете повеќе и да разберете подлабоко ќе е силен. Сепак, добро е да оставите простор за мала таинственост. БИК: Треба да истапите на …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Стела Мекартни со прва колекција за невести


Англија- Топ-дизајнерката Стела Мекартни (47) ја дизајнираше првата своја колекција за невести, насловена „Произведено од љубов“. Станува збор за 17 креации кои можат да се купат само по приватни нарачки, или во малопродажба, како што се „Нортдстром“ или „Нет-а-порте“. Моделите се едноставни, со минимален шик, поинакви од традиционалните венчаници. Стела, постарата ќерка на музичарот, сер …

Стела Мекартни со прва колекција за невести Read More »

Адел заработила 19 милиони долари во 2018 без ниту една песна


Англија- Без да издаде нова песна и турнеја, Адел заработила 19 милиони долари (скоро 15 милиони фунти) во 2018 година, пишува The Sun. Во изминатите неколку години, пејачката ја напушти кариерата во позадина и се фокусираше на семејството, што таа често “не го гледаше” според нејзините зборови. Додека таа престојува дома и се грижи за …

Адел заработила 19 милиони долари во 2018 без ниту една песна Read More »

Безвременска убавина: Моника Белучи во „Пари Мач“


Франција- Моника Белучи ја покажа својата безвременска убавина за „Пари Мач“. 54-годишната Италијанка отпатува во Париз за да сними фотосесија за ноемвриското издание на престижното списание. Актерката и лице од рекламите заведува во креации од врвни брендови како Гучи, Александар Воте, Балмен и Стефан Ролан на фотографиите кои ги потпишува Џил-Мари Зимерман, а се направени …

Безвременска убавина: Моника Белучи во „Пари Мач“ Read More »

Уште чека да биде крал: Принцот Чарлс денес полни 70 години


Англија– Принцот Чарлс денес го слави својот јубилеен 70. роденден. По тој повод, британското кралско семејство објави неколку фотографии од семејниот албум. На две од фотографиите, принцот од Велс позира покрај сопругата Камила, принцот Хари со војвотката Меган и принцот Вилијам со војвотката Кетрин и нивните три мали деца. Чарлс, продолжува да ужива во титулата …

Уште чека да биде крал: Принцот Чарлс денес полни 70 години Read More »

Серена Вилијамс: Жена на годината во машки магазин


САД- Тенисерката Серена Вилијамс беше прогласена за жена на годината од страна на магазинот GQ. Иако досега имале навика тие титули да им ги доделуваат само на мажи, оваа година направиле исклучок па ѝ доделија на една жена. Глумците кои биле прогласени за мажи на годините се Мајкл Би Џордан, Хенри Голдинг и Џона Хил, …

Серена Вилијамс: Жена на годината во машки магазин Read More »

ЕУ за „Независен“: Да не се политизира бегството на Груевски


Во врска со бегството на Никола Груевски за „Независен весник“ реагираа од Европската унија. -Свесни сме за ситуацијата во врска со Никола Груевски. Европската комисија не ги коментира тековните судски постапки. Владеењето на правото е основен принцип на Европската унија, и за земјите-членки и за земјите-кандидатки. Очекуваме сите заинтересирани страни да дејствуваат строго во согласност …

ЕУ за „Независен“: Да не се политизира бегството на Груевски Read More »

Менаџери на Модриќ переле пари во Република Српска


Хрватска- Парите од договорот на капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ со Реал Мадрид се префрлени на банкарски сметки во Република Српска, а зад финансиските трансакции стојат поранешната фудбалска ѕвезда и поранешниот спортски директор на мадридскиот клуб Предраг Мијатовиќ заедно со неговиот деловен партнер, познатиот менаџер од Бања Лука Владо Лемиќ, пишува во новото издание …

Менаџери на Модриќ переле пари во Република Српска Read More »

Поп-ѕвездата стана манекенка: Каролина во трендовски капути


По фармерки, сакоа, врвен италијански накит, поп-ѕвездата Каролина Гочева-Корубин (38) облече трендовски капути на италијански луксузен бренд  кои се одликуваат со елеганција, безвремност, класика и удобност. Две различни комбинации кои се носат за вечерни и дневни излегувања. Анимал принтот е хит-тренд оваа сезона во комбинација и за оваа фотосесија е искомбиниран со каубојки и кожни …

Поп-ѕвездата стана манекенка: Каролина во трендовски капути Read More »

Во Берово измерени -5, во наредните денови постудено со снег на планините


Минус пет степени изутринава се измерени во Берово, минус два во Скопје и Битола, а минус еден во Тетово. Во другите населени места утринската температура е над нулата, а максимални осум степени се измерени во Дојран. Утрово времето во Македонија е ведро, тивко и релативно студено. Во струмичката котлина има појава на  магла но небото …

Во Берово измерени -5, во наредните денови постудено со снег на планините Read More »

Притвор од 30 дена за Јанакиески и Божиновски


Мерка притвор од 30 дена им е определен на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, соопшти утринава Основниот суд Скопје 1. – Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителствот за гонење кривични дела …

Притвор од 30 дена за Јанакиески и Божиновски Read More »

Во Кривичен суд рочиште за „Титаник“ без Груевски


Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство, каде меѓу обвинетите е и поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија каде што побарал политички азил. Одржувањето на денешното рочиште е неизвесно бидејќи Груевски неколку дена е недостапен за полицијата, а од понеделникот …

Во Кривичен суд рочиште за „Титаник“ без Груевски Read More »