Уште чека да биде крал: Принцот Чарлс денес полни 70 години


Англија– Принцот Чарлс денес го слави својот јубилеен 70. роденден. По тој повод, британското кралско семејство објави неколку фотографии од семејниот албум.

На две од фотографиите, принцот од Велс позира покрај сопругата Камила, принцот Хари со војвотката Меган и принцот Вилијам со војвотката Кетрин и нивните три мали деца.

Чарлс, продолжува да ужива во титулата “вечен престолонаследник” која ги поддржува неговите залагања за животната средина и слободата на говорот, кои нема да може да ги користи откако ќе стане крал.

Најстариот син на кралицата Елизабета Втора неодамна изјави дека секако нема да биде истиот принц од Велс и дека нема да биде суеверен.

“Секако дека нема да реагирам на ист начин, ако еден ден го наследам тронот. Не сум глупав”, рекол Чарлс.

Покрај екологијата, архитектурата и земјоделството кои се омилени теми на Чарлс, британскиот принц во неколку наврати се впуштал и во политички теми, кои неговата мајка вешто ги избегнува.

Во 2004 година го спореди Владимир Путин со Адолф Хитлер, што ја наведе Русија да бара официјално објаснување, додека поддршката на Чарлс за духовниот лидер од Тибет, Далај Лама не им се допаѓа на кинеските власти.

Принцот е роден на 14 ноември 1948 година во Бакингамската палата во Лондон. Тој стана принц престолонаследник истиот ден кога неговата мајка стана кралица на 6 февруари 1952 година, кога почина кралот Џорџ Шести.

Чарлс 66 години подоцна остана само престолонаследник. Во британската монархија ниту еден принц не бил толку долго задржан како престолонаследник.

Принцот од Велс од бракот со првата сопруга, принцезата Дајана ги има двата синови Вилијам и Хари, а во 2005 година стапи во брак со Камила, војвотката од Корнвол.