Безвременска убавина: Моника Белучи во „Пари Мач“


Франција- Моника Белучи ја покажа својата безвременска убавина за „Пари Мач“.

54-годишната Италијанка отпатува во Париз за да сними фотосесија за ноемвриското издание на престижното списание.

Актерката и лице од рекламите заведува во креации од врвни брендови како Гучи, Александар Воте, Балмен и Стефан Ролан на фотографиите кои ги потпишува Џил-Мари Зимерман, а се направени во хотелот „Le Meurice“.

Моника ја започна кариерата како манекенка на „Долче и Габана“ и „Диор“, пред да стане актерка во италијански филмови од 90-тите, а подоцна и во холивудски филмови. Постојано е на листите на најубави жени во светот. Во 2015 ја глумеше Бонд жената во филмот „Спектре“.

Два пати беше во брак. Со францускиот актер Винсент Касел имаат две ќерки.