Стела Мекартни со прва колекција за невести


Англија- Топ-дизајнерката Стела Мекартни (47) ја дизајнираше првата своја колекција за невести, насловена „Произведено од љубов“. Станува збор за 17 креации кои можат да се купат само по приватни нарачки, или во малопродажба, како што се „Нортдстром“ или „Нет-а-порте“.

Моделите се едноставни, со минимален шик, поинакви од традиционалните венчаници.

Стела, постарата ќерка на музичарот, сер Пол Мекартни е омилен дизајнер и во Холивуд. Ја дизајнираше венчаницата на Амал Клуни, која облече нејзина креација и за свадбата на Меган Маркл со принцот Хари, а Маркл за приемот, венчаницата на „Живанши“ ја замени со тоалета на Мекартни.