Излезе од печат „Митот алатка во политиката“ на дипломатот Виктор Габер


Во издание на „Сигмапрес“ од Скопје од печат излезе „Митот алатка во политиката“, најновата книга на политикологот и дипломат Виктор Габер. Ова е негова дванаесетта книга од областа на дипломатијата, политичка историја и политичката социологија. Книгата е резултат на еден сеопфатен напор на авторот, насочен кон рефлексија за суштината, формите и користењето на митовите во […]

Одбележување на Денот на Првата пешадиска бригада


Припадниците на Првата пешадиска бригада (1.пбр) денеска во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец со воена свеченост и со почитување на здравствените протоколи за заштита од КОВИД-19 ќе го одбележат Денот на единицата. По тој повод ќе се обратат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на Бригадата – бригаден […]

Светски ден за подигање на свесноста за аутизмот


Со симболично трчање на Кејот на Вардар, денеска ќе се одбележи светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот. Настанот е организиран од страна на Здружението „Сина светулка“  и „KoRЯunners“. Втори април како светски ден за подигнување на свесноста за аутизмот се одбележува од 2008 година, на предлог на државата Катар со одлука на Генералното […]

Пуштање во употреба нов трансформатор во ТС „Битола 2“


Нов 400/110-киловолтен трансформатор во трансформаторската станица „Битола 2” денеска ќе биде официјално пуштен во употреба. Инвестицијата е во износ од 2,4 милиони евра, сопствени средства на АД МЕПСО. Капиталниот проект е во функција на подобрување на електроенергетската инфраструктура во земјава. На настанот ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и […]

Каматите пониски и на кредитите и на депозитите во февруари


Просечната каматна стапка на кредитите во февруари бележи минимален пад од 0,01 процентен поен и изнесува 4,61 отсто, додека на годишно основа е намалена за 0,03 процентни поенти, покажуваат податоците на Народната банка. Податоците покажуваат дека намалување има и кај просечната каматна стапка на депозитите и тоа на меечно ниво од 0,01 процентен поен и […]

Во април и мај нови количини вакцини, надлежните апелираат на масовна имунизација


Откако Србија вчера на земјава и ги испорача првите 20.000 вакцини „Спутник В“ од втората донација, во наредниот период се очекува да пристигне и останатата договорена количина од уште 20.000 „Спутник В“. Но, како што најави премиерот Зоран Заев, државата ќе набави и 500.000 „Синовак“. Во текот на овој месец, рече Заев, од ЕУ треба […]

Претпладне сончево, попладне дожд


Времето во земјава претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални умерени до повремено поројни врнежи од дожд и особено долж Повардарието појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се движи од 0 до 6, […]

Мајкрософт склучи договор со американската армија во вредност од 21,9 милијарди долари


САД– Мајкрософт го доби тендерот на американската армија за набавка на лична опрема заснована на технологијата „зголемена реалност“, обезбедувајќи нарачка чија вредност може да достигне 21,9 милијарди долари во следните 10 години.   Компанијата соработуваше со војската две години за да се изгради прототип на „интегрираниот систем за визуелно зголемување“ (ИВАС), а во средата објави дека […]

Француските филмаџии стравуваат дека ќе има премногу филмови со повторното отворање на киносалите


Франција– Иако датумот за повторно отворање на киносалите се уште е непознат, властите и дистрибутерите на филмови во Франција се обидуваат да ги регулираат 400-те филмови што моментално чекаат на излегување во киносалите, јави дописникот на МИА.. Националниот центар за кино и анимирана слика (ЦНЦ) објави изземање за исклучително дозволување кино-филмови да бидат прикажани на […]

Татко ми Зафир ќе го испратиме со насмевка и песна, вели синот Васил


Музичката легенда Зафир Хаџиманов ќе биде погребан во среда, на седми април на Новите гробишта во Белград, информира на Фејсбук неговиот син, познатиот џез-музичар Васил Хаџиманов. Неговата урна ќе биде положена во Алејата на заслужни граѓани. -Кога ќе помине оваа грозна пандемија ќе направиме испраќање, какво што му доликува, и какво што сакаше Зафир. Со […]

Дуа Липа, Арло Паркс и Селест со најмногу номинации за Британските музички награди


Англија– Пејачките-текстописци Дуа Липа, Арло Паркс и Селест ја предводат конкуренцијата за „Британските музички награди“ годинава. Трите Британки вчера беа номинирани за најдобра соло-изведувачка и за албум на годината. Липа е и во конкуренција за најдобар британски сингл, за песната „Physical“. И Паркс и Селест – која има и номинација за Оскар за „Hear My Voice“, […]

Евросонг во Ротердам ќе се одржи пред 3.500 гледачи со негативен тест за коронавирус


Холандија– Организаторите на годинешниот Евросонг добија дозвола тој да се одржи во присуство на 3.500 фанови, како дел од тестирање што го спроведува холандската влада. Фестивалот ќе се одржи во мај во салата „Ахој“ во Ротердам откако лани беше откажан поради коронавирусот. Според планот, салата ќе биде половично полна, а присутните ќе мора да имаат […]

Денеска топло до 23 степени, за викендот влажен бран и засилен ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност поголема во западните делови. Ќе дува умерен, на места краткотрајно засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец и со температура […]

„Игра на престолите“ се сели на театарската сцена


Англија – „Игра на престолите“ се сели на театарската сцена, а авторите на адаптацијата очекуваат претставата да стане хит на театарот во лондонски Вест Енд и на њујоршкиот Бродвеј. Задачата за театарската адаптација ја презедоа Британците, драматургот Данкан Мекмилан и режисерот Доминик Кук, а првите прикажувања се очекуваат 2023 година. При адаптацијата тие соработуваат со писателот […]

Од Армани до Гучи: Модните гиганти во Италија ги отвораат вратите за масовна вакцинација


Италија– Групациите Армани и Прада соопштија дека се согласиле да помогнат во забрзувањето на кампањата за вакцинација во Италија. Армани ќе дозволи вакцини да се вршат во Армани / Театро во Милано, дизајниран од Тадао Андо. Употребата на театарот, генерално сцената за ревиите на Армани, ќе помогне да се намали големиот обем на работа на здравствените […]

Германски медиуми: Срам, бламажа, разочарување, добро што Лев ќе си замине по ЕП


Германија- Поразот (1:2) на Германците синоќа од македонските фудбалери силно одекна во тамошните медиуми кои не штедеа зборови да ги критикуваат „панцерите“. – Германија се посрамоти во квалификациите за СП против аутсајдерот Северна Македонија и загуби со 1: 2. Некои играчи не го достигнуваат своето вообичаено основно ниво. – Тимот го имаше едно од најлошите […]

Денот на шегата низ историјата


Англија– Во светот денес се слави Денот на шегите – 1 април, кога луѓето објавуваат лажни вести со цел да ги насмеат другите, или самите да бидат во смешна ситуација. Но, оваа година, како и минатата, во време на пандемијата на коронавирусот, многумина и не сакаат да се шегуваат со тие работи. Засега не е […]

Јужна Кореја ќе издава дигитални „ковид пасоши“


Јужна Кореја– Јужна Кореја ќе издава т.н. „пасоши за вакцинација“ на имунизирани граѓани против Ковид-19 и со тоа им се придружува на други држави со цел да го заживеат патувањето во странство, истовремено задржувајќи го под контрола ризикот од инфекција и ширењето на вирусот. Премиерот Чунг Сје-кјун изјави дека мобилната апликација, која ќе им овозможи […]

Четири лица убиени во деловна зграда во Калифорнија


САД– Четири лица загинаа, а едно е повредено при оружен напад во бизнис зграда југоисточно од Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти рано утрово американската полиција. Меѓу убиените има и дете за кое не се знае зошто се наоѓало во момент на инцидентот во просториите на деловната зграда. Напаѓачот е ранет како одговор на полицијата која излегла […]

Кинескиот и рускиот воен арсенал се застрашувачки по обем – но како би се претставиле во борба?


Тргнете ги еуфемизмите, и Британскиот интегриран преглед на одбранбената и безбедносната политика идентификуваше двајца глобални противници: Кина на Си Џинпинг и Русија на Владимир Путин. И двете земји инвестираа многу во сопствената воена модернизација во текот на изминатите неколку децении. Но, тие имаат различни приоритети и претставуваат радикално различни предизвици. Кина повеќе од двојно го […]