Покрај лампионите сите сме деца: Емотивна новогодишна приказна


Едноставни, ретро, луксузни, обични, необични, еднобојни, шарени, нови или стари – раскажуваат емотивна новогодишна приказна пред и по 31 декември. Им се радуваме како на деца, ги китиме на елката заедно со семејството, секоја година во различна боја, со исти желби, надежи и среќа во Новата година. Британската компанија „The Lakes Distillery“ тврди дека со …

Покрај лампионите сите сме деца: Емотивна новогодишна приказна Read More »

Пратениците ќе прашуваат, премиерот и министрите ќе одговараат


Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 72. седница, на која пратениците ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министрите. Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот. За денеска се најавени и седници на собраниските комисии за финансирање и буџет, за труд и социјална политика, за образование, наука и спорт, за …

Пратениците ќе прашуваат, премиерот и министрите ќе одговараат Read More »

Нови рочишта за „Тортура“ и „Траекторија“


Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Тортура“ и „Траекторија“. Предметот „Тортура“, во кој обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи” Ивица Антевски-Пуки и уште петмина припадници на единицата, се наоѓа во доказна постпка. Специјалното јавно обвинителство ги гони за …

Нови рочишта за „Тортура“ и „Траекторија“ Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Ова е ден кога ќе можете да поставите здрави основи кон исполнување на вашите планови – Месечината во Девица ви дава разбирање за туѓите потребни и ја развивате својата сензитивна и имагинативна страна. Зборовите можат да бидат искористени како муниција, затоа бидете дискретни. Зголемен шарм. БИК: Емоционалната атмосфера ќе биде топла и исполнувачка, а тоа ќе …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Модна колекција како подарок: „Будоар“ за Божик


Хрватска- Хрватскиот моден бренд „Будоар“ ја има најубавата божикна колекција спакувана како подарок. Веќе трета година по ред ја подготвуваат линијата „Кристмас спешл“. Дизајнерките Марина Карапетриќ и МоранаСарачевиќ креирале раскошни фустани од црвено кадифе, но и принтани модели со божикна тема. Фото: Gloria

Собранието ќе ги разрешува министрите Ахмедовски и Ќахил и ќе избира нови


Собранието на Република Македонија за денеска ја закажа 77-седница на чиј дневен ред се предлогот на Владата за разрешување на Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и на негово место да го избере Музафер Бајрам. Собранието, исто така на предлог на …

Собранието ќе ги разрешува министрите Ахмедовски и Ќахил и ќе избира нови Read More »

Новогодишен подарок од „Нокаут“: Kонцерт и снимање во живо на новиот акустичен албум


Бендот „Нокаут“ предновогодишно подарува уникатна можност за љубителите на акустичната музика – unplugged концерт и снимање во живо на новиот акустичен албум. За таа цел бендот ги повикува своите фанови и долгогодишни следбеници да не ја пропуштат оваа единствена можност и да станат дел од музиката и музичкиот пат на бендот. Со учество во снимањето …

Новогодишен подарок од „Нокаут“: Kонцерт и снимање во живо на новиот акустичен албум Read More »

Робин Тик се сврши со Април Лав Гери


САД– Поп-ѕвездата Робин Тик (41) се сврши со девојката, моделот Април Лав Гери (24). Тик ја побарал за жена на божикната вечера. Двојката во февруари ја добија ќерката Миа, а сега го чекаат и второто дете. Тик е познат по песната „ “Blurred Lines” заедно со Фарел Вилијамс. Гери и Тик се во врска од …

Робин Тик се сврши со Април Лав Гери Read More »

„Happy hours “ со Биг Мама и стилистот Арменд Рамадани


Поп-пејачката Биг Мама ќе има музичко шоу и ќе донесе 100 изненадувања, а стилистот Арменд Рамадани ќе дели стилски совети на „Happy hours “ од 13 до 15 часот во продавницата за накит „Ребека Македонија“ во Скопје. Отмено, без многу помпа, со шампањско и мирис од Тоскана, минатиот месец пристигна уникатниот италијански накит „Ребека“(Rebecca) во …

„Happy hours “ со Биг Мама и стилистот Арменд Рамадани Read More »

Излезе монографијата „30 години поетска ноќ во Велестово“


Деновиве во издание на Поетска ноќ од Велестово и ПНВ Публикации-Скопје од печат излезе монографијата „30 години Поетска ноќ во Велестово“ со материјална поддршка на Општина Охрид. Книгата за печат ја подготви Славе Ѓорѓо Димоски, основачот на манифестацијата. Покрај текстуалниот материјал, монографијата богато е илустрирана со фотаграфии кои хронолошки го претставуваат нејзиниот развој во изминатите …

Излезе монографијата „30 години поетска ноќ во Велестово“ Read More »

Влада: Втори јануари-неработен ден


Владата го враќа Втори јануари како неработен ден за јавната администрација со препорака тоа да го направи и приватниот сектор, неочекувано со одлука синоќа на владина седница. Засега 2 јануари не се враќа како празник на календарот, туку само како владина одлука. До 2006 како официјални празници се водеа 2 јануари и 2 мај како …

Влада: Втори јануари-неработен ден Read More »

Облачно, студено и ветровито


Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус еден, а дневната од минус два до седум степени. Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а …

Облачно, студено и ветровито Read More »

Златко го освојува Холивуд: Манекенка во модниот филм за Тајга во креација на ЈЗЈ


Поп-ѕвездата Тајга, поранешното момче на најмладата милијардерка Кајли Џенер, позираше за насловната страница за магазинот „Бејзик“ во Лос Анџелес. По тој повод, снимил и краткометражен моден филм. Во филмот статираат и манекенки, а една од нив носи фустан од „JZJ by Zlatko Jovanovski“, по изборот на стилистите. – Од неодамна дел од колекцијата што беше …

Златко го освојува Холивуд: Манекенка во модниот филм за Тајга во креација на ЈЗЈ Read More »

Продолжува судењето за 27 април


Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со изведување на дополнителни докази предложени од одбраната на обвинетите. За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои …

Продолжува судењето за 27 април Read More »

Заев нема да се кандидира на претседателските избори


Премиерот Зоран Заев нема да се кандидира на претстојните претседателски избори, кои како што претходно најави претседателот на Собранието, Талат Џафери ќе ги распише на почетокот на февруари. Заев, како што информираат владини извори, поддржува одржување парламентарни избори заедно со претседателските, но сепак за тоа треба да се прашаат и коалициските партнери, а некои од …

Заев нема да се кандидира на претседателските избори Read More »

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Насилство во општина Центар“


Со вкрстено испрашување на сведокот Ѓорѓи Лазаревски денеска треба да продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство, во кој обвинети се поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од …

Нови рочишта за „Таргет-Тврдина“ и „Насилство во општина Центар“ Read More »

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Се чини дека пред вас е ново пријателство, а кое ќе ви донесе големо исполнување. Чекорите уверено и Месечината сугерира дека сте спремни да им се предадете на другите. После долг период на одрекувања, денес би можеле да се заљубите пријатели! Оставете ги сомнежите зад вас и завртете нов лист. БИК: Каде и да појдете денес, …

Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес Read More »

Џи-кју: Ник Џонас е машка модна икона за 2018 година


САД – Ник Џонас е прогласен за маж со најдобар моден стил за 2018 година од страна на магазинот Џи-кју. Пејачот ја доби оваа ласкава титула откако фановите го изгласаа за славната личност со најголем моден стил во анкетата на интернет-страницата на магазинот, а избран е во конкуренција со 64 други мажи, помеѓу кои Рајан …

Џи-кју: Ник Џонас е машка модна икона за 2018 година Read More »

МОБ гостува во Велес: Новогодишен гала-концерт со славни оперски арии


Утревечер, во 19:30 часот, Македонската опера и балет ќе гостува во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов -Џинот“, а љубителите на класичната музика ќе имаат ретка можност да уживаат во Новогодишно-божиќниот гала-концерт. На овој грандиозен музички настан ќе учествуват 70 членови на МОБ,  од кои 53 членови на оркестарот и седуммина првенци на Македонската опера и …

МОБ гостува во Велес: Новогодишен гала-концерт со славни оперски арии Read More »

Роналдо со семејството празнично на Бадник


Италија- Празнично расположение владее во домот на Кристијано Роналдо. Славниот фудбалер сподели фотографија од бадниковата вечер која ја помина со своето семејство. На фотографијата, 33-годишниот спортист позира со четирите деца и саканата Џорџина. Целото семејство носи новогодишни капи. Кристијано и Џорџина деновиве израдуваа болни дечиња кога ги посетија во болница во Торино и им поделија …

Роналдо со семејството празнично на Бадник Read More »