Роналдо со семејството празнично на Бадник


Италија- Празнично расположение владее во домот на Кристијано Роналдо. Славниот фудбалер сподели фотографија од бадниковата вечер која ја помина со своето семејство.

На фотографијата, 33-годишниот спортист позира со четирите деца и саканата Џорџина. Целото семејство носи новогодишни капи.

Кристијано и Џорџина деновиве израдуваа болни дечиња кога ги посетија во болница во Торино и им поделија подароци.